Да бидам искрен, колку и да ми беше драго да го гледам мастермајндот на Зидан во утскмиците со Ливерпул, Барселона и Атлетико (Челзи не го спомвам шо едно ги рашлакаа, второ веќе преморени беа), толку веќе и ко презаситеност да осеќав со другите екипи - знајш со која формација ќе излезит, кои играчи ќе игрет, знајш дека резултатот ќе е 1-0, 2-1 максимум и то е то.
Огромна заслуга ќе имат то шо со ланската титула во Ла Лига го одржа колку-толку тој шампионски менталитет на екипава по шо и лани да не се освоеше ништо сеа ќе беше друга приказна - меѓутоа мислам дека ја оствари целта со неговото второ доаѓање а то а го одржа клубот како-така да сс борит за титула на два фронта до крај, нешо шо со Лопетеги и Солари беше незамисливо.
Лонг стори шорт, редно е малу освежување и тактички и индивидуалистички како особа - и да бидам искрен не би имал ама баш ништо против Конте да дојдит, чисто да видиме шо ќе испаднит, друго шо ако него го донесет тогаш ќе морат и играчи да се купвет