Најдосаден фан клуб сте станале, ви ебам тоа заситените. И Ливерпул исто, ужасни фан клубови.
Мизерно класико, добиено ради тоа што се соочивме со најмизерната Барса во изминативе 20 години.
Секоја утакмица истите играчи се на ниво а останатите се актери.
Куртоа, Рамос, Менди, Крос, Бензема. Толку е твитот. Толку е и Реал сезонава, а еден од овие не игра - делуваме целосно аматерски, со нив делуваме барем полуаматерски.
Касемиро сезонава не знае каде се наоѓа, Варан веќе 10 години стаж ќе напуни а уште игра добро само кога е покрај татко му Рамос.
Нека капарисаат од сеа некој асален стопер за догодина, Милиција и Варан комотно нека ги продадат, или нека му најдат на бебево пак некој стопер за он да е втора виолина.
Модриќ е само за вака, да влезе на 30 мин и да си ја покаже класата. Валверде почна да се враќа во живот и препознатлива форма откако умре во афтер пауза продолжението на сезоната.
Нападот е тежок грев, тешки аматери го газат помошниот терен, освен Бензема од сите останати не можеш да склопиш комплетен играч.
Ја стварно НЕ ЗНАМ што гледаат луѓево во Винчини Џуниор. Робињо за миленијалци. Трк и дриблинг без никава контрола и никаква поента. Во празно и во аут. Шут едноставно нема ова дете. А глеам не се ни труди да го научи пошто веќе го направија ѕвезда, го споредуваат со Фати и со Нејмар, господе прости им.
Асенсио е најголемото разочарување, поголемо дури и од Хесе. Хесе забега во раперски води и се глеаше дека е глуп во тиквата и нема да го биде ама овој црепов откако се исече депилирајќи се нема одиграно една асална утакмица. Ланската повреда го доутепа, мислам дека толку е од него ќе заврши во Хетафе.
Родриго? Лука Јовиќ??? Греота е да се коментираат, вториов е најголемиот морон што заиграл за Реал.
Ќе звучи ова лудо ама втор најквалитетен напаѓач во тимот ни е Мариано Диаз, кој нормално, не добива шанса од ќелавиџата пошто изгубил од него на Фортнајт и сеа му е лут и не го ни повикува за утакмиците.
Толку напаѓачи имавме нели? Да.
Луказ Васкез - тата. Ама нормално нему ќе му се смееме следен пат кога ќе згреши пас а не на гореспоменативе КРЕТЕНИ од кои се очекува да го носат нападот на грб. Никад нема да им замерам ништо на Васкез и Начо, пошто не се они во тимов да бидат носители на игра, туку да попунат место како последна опција кога некој фали.
Ова би требало у секоја нормална околност да биде turning point за сезонава и тимов да почне сега да игра јако, ама кур што ќе почне. Пошто немаме играчи за тоа. Ќе дојде некој асален тим и кога против него ќе искочиш со овој тим ќе ни се деси лаган пораз, недај боже Рамос или Куртоа да се повредат, ќе ни се деси катаклизма.
Задоволен си сеа
@Джонтра Вохохолта?