Фан Клуб: Реал Мадрид

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.831
Поени од реакции
24.232
За мене MOTM е Марсело, без разлика што Роналдо изигра феноменална партија.
Да не беше ова, Реал сеа ќе беше надвор од Европа (впрочем ова беа двата шута на Баерн кон голот).

14925463992529.jpg

Тандемот Начо - Рамос се повеќе и повеќе почнува да ми се свиѓа. Да сум јас во управа на Реал летово би го летал Варан без око да ми трепне. Секогаш Начо недостигот на талент во однос на Варан ќе го надополнува со гинење на терен, мадридско дете е сепак.

Касемиро имаше очајна партија, можеше да биде директен кривец за наше елеминирање. На Рамос не смее ништо да му се замери. Бензема, аххх Бенземааа, стварно не знам чив кур пушиш чим имаш волку голем кредит во клубов. Твојата улога денеска никој не знае која беше. Изигравме колку што требаше да изиграме, многу добро се сносевме со притисокот на Баерн кој го ствараше. Иако судијата остави белег на натпреварот, сепак Реал си изигра коректно и двата гола што ги прими ги прими поради своја кривица.

Реално со противнициве во 1/2 финале можеме да се носиме со секој, мислам дека имаме одлична прилика да бидеме првите во историјата на ова натпреварување што ја одбранило оваа титула. Сепак и ние ќе треба да средиме нешто во играта, пред се да се зацврсти малце повеќе одбраната за да не се случуваат вакви грешки, и нападот да биде малце посконцентриран. Во последните 4 натпревари ние 3 натпревари мака мачиме со реализацијата (Атлетико Мадрид, Баерн на гости и денес Баерн дома).

Роналдо, за тебе речи су сувишне брате. Секогаш кога треба, ти си тука.
Ааа да, освен што победивме олеснителна околност е што Рамос, Крос и Модрич не направија втор жолт картон.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Асенсио треба да добива повеќе шанса.Крос и Касемиро беа ужасни денес.Зинедин стандардно со измените фантастичен.Мората убаво ќе го личи арсеналското на лето мислам.[DOUBLEPOST=1492554470][/DOUBLEPOST]Не очекував вакви коментари од Анчелоти.Посебно после утакмица со клуб каде и навивачите и играчите го обожаваат.Ај она со ракувањето со Зидан можеше да му се прости,ама коментариве...
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Карло изјавил дека не заслужиле да да играат со играч помалку ни во Минхен ни вчера. :aplauz:

Туку Касемиро веројатно најлош меч во кариерата изигра. Првото полувреме најглупите пасови ги промашуваше и направи жолт во ситуација кога Робен се ослободи од топката. Во второто следеше непотребниот пенал, па после тоа стартот за црвен кој му беше опростен.
Не знам кој курац му беше денес, У Ж А С Е Н беше и покрај асистенцијата.
Друга работа беше глупиот втор гол. Да не заборавиме во 1/8 финалето исто така примија гол од центар.

Двомечот беше за 1-4 таму и 2-0 на полувреме, а на крајот со автоголот и непотребниот црвен на прагот на елиминација бевме.
Илустрација за тоа се шутовите на гол, 26-5 во наша полза. Што му доаѓа на секои 6-7 минути шут на гол. Ете таква елиминација бевме на прагот да изгубиме. :tapp:

Ептен ептен слабо и деконцентрирано изиграа, што не е прв пат кога чуваме резултат. Со Атлетико истото се случи, а и со Севиља.
 
Последно уредено:
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592
Па реализацијата ни е ептен слаба сезонава..цела среќа што сме и во оваа ситуација сега со таа реализација..

видов некаде имаше споредба од лани и сега.
Лани ЦР 40+ голови, сега 20тина
Бенз 25+, сега 8-9 колку се таму
Бејл 20тина лани, сега 8-9..

Иско и Рамос ни се со по 10тина голови, на исто рамниште со Бејл и Бенз..

Ептен потфрлија оваа сезона ББЦ на голгетерски план.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Проблемот вчера беше што освен Роналдо никој не беше способен да даде гол. Тим како Реал Мадрид не смее да има само еден убиствен играч на теренот во ниеден момент.
Иско, Асенсио и Васкез вршеа супер работа, но не можеш да очекуваш од нив голови(последниот поентираше, но не беше тоа гол за пролаз). Бензема не го ни спомнувам. Крос пичето исто солидни(иако не 100%-процентни) шанси сјеба првото полувреме. После првото исходот беше 4-0 во удари во рамките на голот, но 0-0 во голови. Тоа што го пишав, затаи Роналдо(мислам на првото полувреме) и никој нема да го ,,покрие".
Кој фали тука?-Бејл! Играч кој што би рекле шпанците ,,има гол" и е ладен како шприцер во одлучувачките моменти. Да беше на 100% вчера и на Гејлијанц оваа елиминација ќе личеше на таа пред 3 години. Да не заборавиме и пред 3 години првата на Бернабеу игравме без Бејл. Исто така повеќе од солидна игра, но неколку промашени 100% шанси од Анхел и Бензема и само 1-0. Иако вториов даде гол.
Огромен проблем, кој се повторува сите 4 сезони откако е во Мадрид се долгите отсуства ради повреди. Карвахал исто така имаше проблеми претходните 2 сезони кога се повредуваше секој втор меч, но нешто се смени и годинава е топ.
Не ни помислувам, ни сакам да се продаде Бејл летово, но нешто во овој поглед треба драстично да се смени.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Карло изјавил дека не заслужиле да да играат со играч помалку ни во Минхен ни вчера. :aplauz:
Да се поправам, идиотите од Ас лажеа. Сега го гледав пресот и изјави дека во Минхен заслужен бил црвениот.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Проблемот вчера беше што освен Роналдо никој не беше способен да даде гол. Тим како Реал Мадрид не смее да има само еден убиствен играч на теренот во ниеден момент.
Иско, Асенсио и Васкез вршеа супер работа, но не можеш да очекуваш од нив голови(последниот поентираше, но не беше тоа гол за пролаз). Бензема не го ни спомнувам. Крос пичето исто солидни(иако не 100%-процентни) шанси сјеба првото полувреме. После првото исходот беше 4-0 во удари во рамките на голот, но 0-0 во голови. Тоа што го пишав, затаи Роналдо(мислам на првото полувреме) и никој нема да го ,,покрие".
Кој фали тука?-Бејл! Играч кој што би рекле шпанците ,,има гол" и е ладен како шприцер во одлучувачките моменти. Да беше на 100% вчера и на Гејлијанц оваа елиминација ќе личеше на таа пред 3 години. Да не заборавиме и пред 3 години првата на Бернабеу игравме без Бејл. Исто така повеќе од солидна игра, но неколку промашени 100% шанси од Анхел и Бензема и само 1-0. Иако вториов даде гол.
Огромен проблем, кој се повторува сите 4 сезони откако е во Мадрид се долгите отсуства ради повреди. Карвахал исто така имаше проблеми претходните 2 сезони кога се повредуваше секој втор меч, но нешто се смени и годинава е топ.
Не ни помислувам, ни сакам да се продаде Бејл летово, но нешто во овој поглед треба драстично да се смени.
Е како сеа си пишал од овие тројца не треба да се очекува гол а од Кросс треба? :D

Жртвата на 433 тактиката со Лука Тони и нинџа желката во среден ред е тоа што напред со играњето на ББЦ немаме реализација. И со нив во потполна форма имаш 3 опции за стрелци, сеа со Бејл и Бензема мизерни имаш само една опција. Затоа требаше да стартува со Асенсио или Васкез, па дури и Џејмс пред Иско, зошто знаеме дека Иско и покрај тоа што знае да закачи неверојатен гол е играч кој попрво гледа да издрибла или подаде пред да шутне.

Периодов многу ни фали удар од полудистанца кошаркарски речено, тоа што си го пишал, Бејл или пак Хамес знаеше да пукне такви удари од ивицата на 16никот.

На двомечов креиравме огромен број шанси ама освен Роналдо друг не знаеше да погоди. Марсело, Кросс и Карвахал го изнапромашија голот од зицер ситуации, Бензема не постоеше, то ест два пати со глава беше толку лош што беше опасен, ја промаши топката, оваа отскокна од земја и двата пати Ноер едвај ја извади од под пречка.

Штом веќе се игра со стандарднава тројка на средина, мора напред место Бејл да игра некој од Асенсио, Васкез или Хамес. Асенсио периодов добро изигра ама вчера беше дупе без разлика на голот. Многу акции место да ги повлече ко што го правеше тоа Васкез ги утупи, а демек свеж.
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Против Фарса гадно ќе не кошта нереализицијава... тие поголеми врски имаат кај судиите.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Е како сеа си пишал од овие тројца не треба да се очекува гол а од Кросс треба? :D
Друга ми беше поентата, никаде не пишав дека од Крос очекувам голови. Но, чим го почнуваш тоа имаше 2-3 доста солидни ситуации во првото, при кои мораше подобро да стрела.
Поентата ми беше дека ниеден од Иско, Асенсио и Васкез не е гол играч, каков што ни фалеше во двете утакмици како потпрепа за Роналдо. Т.е. ни фалеше Бејл на 100%, заради што и до тој степен се закомпликува елиминацијата. Што од друга страна не значи дека ако им се укаже шанса на другите треба по дефолт да ја промашат.
Физички добар Бензема е супер како креатор на шанси за Роналдо и Бејл(хинт мечот против Атлетико), но дека ,,нема гол" нема, а и дека се губи на мал милион утакмици си стои. Што значи без двајца гол играчи Бенз го кочи Реал, а со оглед на тоа дека на 90% од утакмиците е надвор од потребната физичка подготвеност требаше да биде одамна продаден.
 
Таков играч имаме на клупа, Мората, оваа сезона само има постигнато 19 погодоци во сите натпреварувања, и тоа сите знаеме со каква минутажа. Зашто не игра? Само еден господ знае. Криво ми е што сите го потценуваат и никој не го препознава неговиот квалитет, а уште поголема штета ќе биде ако летово си отиде на сметка на тоа Бензема да остане и да се купи некој не подобар напаѓач од Бензема.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.602
Поени од реакции
5.108
Така дебело оштетени на утакмициве со баерн супер е што поминавме даље. Бале у Кардиф ќе игра како друг играч, уше да видиме полуфиналево како ќе изиграме .
И да ја решиме Ла Лига у Недела да напраиме една јака сезона после толку години
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Полуфинале противници: Атлетико, Јуве и Монако.

Ја сум за Атлетико а Монако во финале да ги решиме :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom