Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
не дека сум бил светец спрема Ману но сепак, знам дека е добар тренер и сето шо го кажа околу трансферите е точно, и дека најмалку е самиот тој виновен... ама тоа е ќе направеше многу повеќе како и било кој друг тренер ако се слушаат неговите зборови сепак тој го води клубот не Перез,одоговорноста е на негови рамења префрлена и убаво кажа и да ја освоевме титулата пак ќе го избркале...
леле нека доаѓа Мурињо побрзо да не просветли, зашо лошо ни се пишува...
И со мурињо ке биде исто. Работата за играчи ја има човеот кој седи на столицата спортски директор, а тренерот не е менаџер во реал. и така.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.492
Мануел Пелегрини: Јас сакав Снајдер и Робен да останат Објавено на: 09:35 27.05.2010
од 24fudbal.com.mk

Сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини вели дека во клубот не се слушал премногу неговиот збор и додава дека е горд од она што го направил Кралскиот клуб вчера реши да му врачи отказ на Пелегрини по само една година на кормилото и на негово место ќе биде поставен Жозе Мурињо веднаш штом Португалецот ќе го раскине својот договор со Интер. Сега веќе екс-тренерот на Реал, Пелегрини открива дека тој не разговарал со претседателот Перез од август минатата година и тој воопшто не одлучувал за настапот на трансфер пазарот.
“Јас сакав Снајдер и Робен да останат но никогаш немав разговор со управата на Реал Мадрид за тоа кој играчи ги преферирав, дали Кристијано Роналдо и Кака или пак Снајдер и Робен.” – рече Пелегрини.
“Тој (Флорентино Перез) реши да ги продаде (Робен и Снајдер) и мислам дека тоа беше погрешно.”
“Тренерот треба да има поголемо влијание кога е во прашање она што му треба на тимот.”
Пелегрини потоа продолжи: “Перез е тој што ме донесе во Мадрид. Не успеав во тоа што тој го сакаше, но беше многу тешко да се задрижи односот. Имавме тешка сезона.”
“Не сум разговарал со него уште од август. Би сакал повеќе да го запознаев како претседател и тој повеќе да ме запознаеше како тренер. Јас не го знам некого нито како личност ниту како тренер.”
“Неможам да кажам ништо лошо или добро за него бидејќи не го познавам. Јас завшрив важна работа но претседателот има право да го промени тренерот.”
“Кога ќе го видам ќе му кажам дека сум горд што имав можност да бидам тренер на Реал Мадрид и верувам дека заминувам откако завршив одлична работа.”


Чилеанецот исто така верува дека и триумф во Ла Лига ќе му донесело отказ по крајот на сезоната.
“Мислам дека ќе добиев отказ дури и доколку Реал Мадрид победеше во Примера Дивизион.”
Шпекулациите за заминување на Пелегрини се појавија уште при срамниот пораз од Алкорокон и елиминацијата од Копа Дел Реј а врвот на незадоволството пристигна по испаѓањето од Лигата на Шампионите уште во 1/8 – финалето, нешто за кое стратегот многу жали.
“Мојата најголема фрустрација е тоа што не отидовме подалеку во Лигата на Шампионите.”
“Никогаш не мислев дека ќе испаднеме во 1/8 – финалето.”
“Дебакалот со Алкоркон? Одговорноста беше целосно моја. Немав објаснувања или оправдувања.”
“Навистина беше срамно тоа и ја прифаќам сета одговорност и гневот на фановите.”

--- надополнето ---



Тоа најгоре ме плаши...

Манчестер Сити е во Мадрид се обидува да потпише со Игуаин, Гаго и ВДВ.
ај у пм што серат толку и Перез и Валдано шо не му дадат нов договор:nerv::lud::angry3:
 

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Голема штета за Пелегрини. Многу ми е крвиво што си иде, ама така стојата работите. Навистина беше одличен во тоа што си го работеше и доколку не му биле насилно трупани играчи за кој тој воопшто не ни планирал, мислам дека многу подобро би се одвивало се. Ајде сега ќе видиме како ќе биде со Мурињо...се надевам уште подобро. Иначе екстрим секоја чест....што фино ми дојде вака смеење рано по сабајле:pipi:

Читав сабајлево во 'Дневник' дека Мурињо заедно со него во Реал сакал да ги види Ето, Снајдер, Милито и ПАНДЕВ!!! Ама ако се тргне од фактот дека ова го пишува 'Дневник' т.е наш весник, тоа му доаѓа исто како јас да сум отишла, сум пишала и сум дала да се печати:)....интересно во секој случај.
 
U

UniqueGirl

Гостин
Читав сабајлево во 'Дневник' дека Мурињо заедно со него во Реал сакал да ги види Ето, Снајдер, Милито и ПАНДЕВ!!! Ама ако се тргне од фактот дека ова го пишува 'Дневник' т.е наш весник, тоа му доаѓа исто како јас да сум отишла, сум пишала и сум дала да се печати:)....интересно во секој случај.
Изволтеле. :back:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Како размислува Мурињо :))

"It will be played on the attack. But first the TEAM. Nobody bellyached if one day we must defend, that will to C. Ronaldo.
-GUTI: The pu.ta street by largemouth.
"RAUL: Depends on when comparing it will be the last front of the computer.
-KAKA: Think you can recover the maximum level.
-S.RAMOS: Central.
-LAPORTA: My son can not be a fan of a team who insults his father for 90 minutes. The roof of the mouth Lapuerta!
-D.MILITO: Impossible.
-Maicon: Priority.
-DI MARIA: Only if you have an affordable price, otherwise not come. (This is not silly).
O-GERRARD LAMPARD: Same as above, if they get shot.
-FABIO COENTRAO: Not drunk.
-DE ROSSI: Impossible.
-THE CLAUSE: We have to reach a beneficial agreement.
After these findings I think the signings are:
Maicon
KOLAROV
JAVI MARTINEZ, Essien, Mascherano, Moutinho (I believe that two of the midfielders)
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
Вистински професионалец е Пелегрини. За разлика од другите тренери кои ги отпуштија од Реал Мадрид тој барем не кажуваше оти во клубот владее циркус, нема никаква соработка со играчите... Знаев оти тој сака да останат Робен и Снајдер, секој ден пишуваше во Марка и Ас оти Пелегрини смета на нив.. ама изгледа не знаел оти Перез имал други идеи. Се согласувам со Батистута, и мене не ми се допаѓа политиката на Реал. Мило ми е што секоја сезона сме најактивни на пазарот и носиме звезди ама жал ми е кога не освојуваме ништо а читам вести од типот: Реал Мадрид за 1 година заработи 96 милиони од дресовите на Роналдо и го исплати... Значи Перез си мисли само на бизнис и ништо друго, ќе видеме сега како ќе се справува со Мурињо. Нема да ме чуди наредното лето и него да му удрат клоца...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ај бе нека не ви ја полнт главата навивачите на други тимови со муабети од пред коперација, Перез терал бизнисот, кој бизнис??? Да не профитира лично човекот?? Ептен се под влијание на другите навивачи шо знаат да кажат, реал- упропастува играчи, роналдо позер, манекен, ??? дај бе мислете со своја глава,кој профит ќе го прави перез/?? не работи за него, човекот прави СЕ за реал мадрид, како никој друг човек во историјата на реал, ги носи најдобите играчи во тимот, затоа што во реал можат да играат само најдобрите.
Незнам само по пензинирање и смртта на Пезез дали ќе се роди некој друг со такви способности на чело на Реал, човекот е појава, слушнете го аудиото што му се јавуваат од СЕР на Морати и му се претставуваат како Перез да видите каков муабет се праи.Галијани дојде во мадрид да му го продаде Кака. Никој не го претставувал клубот како него.
После Перез само Обама би можел да го замени.
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
Знам оти Перез прави СЕ за Реал но не му успева во последните години со освојување на трофеи... Мене не ми пречи дали ќе дојде Роналдо, Маикон, Силва, Пандев... навивам за клубот за да освои нешто а не да ги има најдобрите играчи.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893

:violent1::smeshko:
Гравесен ли е ова ?????



Иначе штета за МП....постигна големо нешто....освои 96 бода....постигна 102 гола со 8 нови играчи.....сепак му посакувам да појде во некој добар клуб и таму да се покаже.....
 
Член од
9 декември 2008
Мислења
656
Поени од реакции
37
Mourinho (27.05.10 - As):
• Кој стил на игра го сакате за Real Madrid?
Ќе имаме урамнотежена екипа. Екипа која за да освојува титули треба да биде свесна за своите добри и лоши страни која ќе работи како блок. Една екипа која сака да освојува титули мора да победува на натпревари, а екипата која сака да добива натпревари мора да игра д...обро. Ќе бидеме група со свој идентитет, нема да имитираме никого. Идентитетот ќе бидеме јас и играчите. А за тоа мора многу да се работи. Претсезоната ќе биде чудна, затоа што ќе биде после Мундијалот и затоа што на сред сезона има пријателски натпревари. Без разлика на тоа ние мораме да бидеме подготвени за првиот официјален натпревар.
• Која формација ќе ја наметнете во Real Madrid 4-3-3, 4-4-2, 4-5-1....? Одлучивте веќе за тоа?
Сакам кога играм со 4 играчи позади, о моите екипи се подготвени да играат и со 3 играчи во одбрана. Сум добил многу натпревари играјќи и со тројца во одбрана. Со Chelsea добив 5 натпревари со тројца во одбрана, со Inter лани освоив 3 натпревари, а оваа сезона еден. Најчесто играме со четворица во одбрана, но со двајца крилни играчи како Ashley Cole или Maicon.... Во центар можеме да играме како ромб или триаголник. Ако играме со триаголник, тогаш ќе имаме тројца во напад.
• Тогаш мислите дека вашата работа е компатибилна со таа на Valdano?
Сосема компатибилна. Не се сомневам дека добро ќе функционираме со Valdano, он беше играч, беше тренер и јас исто така. Знам дека треба да се почитува автоносмноста на секој. Не верувам дека еден спортски директор сака да влезе во соблекувална и да зборува со играчите. Може да се зборува за нови играчи и слично, неговата работа е јасно дефинирана. Тренерот е подобар кога групата, во секое ниво, функционира.
• Кои планови ги имате за Raúl и Guti, двајца играчи кои не одлучиле се уште дали да останат или не?
Ветераните заслужуваат да бидат среќни. И можат да бидат среќни играјќи во друга екипа или со некоја друга улога внатре во клубот.
• Сте имале потреба да донесете ваква одлука во некоја друга екипа?
Materazzi беше среќен што играше еден момент во финалето ЛШ и Cordoba исто така. ЈАс никогаш не сум имал проблеми со играчите за такви ситуации. Еден ден се сретнав со Hierro во Bolton и беше среќен таму. Ако еден играч со 36 години сака да биде стартер на натпревари.... има многу малку такви. Играчот мора да биде чесен со сбе и со својата екипа. Guti за мене е надвор. Јас ги прочитав неговите изјави и за мене тоа е важно. Се збогува од фановите, се врати на терен.
• Тогаш, нема да продолжи во Real Madrid?
Ако после тоа го променил мислењето, тоа веќе не се важи. Јас сакам луѓе кои еднаш ќе кажат нешто и тоа го прават. Raúl, за разлика, цело време молчи и се уште не кажал ништо. Он секогаш е многу мирен. Така да кога ќе дојдам во Мадрид сакам да зборувам со него преку телефон или лично ако он сака да зборува со мене.
• Ќе можете да го вратите стариот Kaká? Он е играч кој го сакаа во Италија?
Беше повреден и изгледа дека ја загуби самодовербата во последните месеци, но не верувам дека ќе има проблеми да се врати во најдобра форма. Он е од оние кои сакаат да бидат убедени во нешто за да дадат максимум.
• Како ќе успеете Cristiano и Higuaín повеќе да се залагаат во одбрана?
Лесно. Екипата е екипа. На истиот начин како што напаѓачите сакаат оние од задните редови да работат за нив, ќе мора и они во дадени моменти да се жртвуваат за доброто на екипата. Се сеќавам на еден натпревар со Chelsea на кој останавме со 10 играчи, во тој момент Terry стана голман и го видов Drogba како ми вика “Јас одам во центар“. Така игравме добро лани и против Barcelona. Тоа е екипа. Тешко е во текот на 90 минути да бидеш супериорен над ривалот. Секогаш има момент во кој мора да бидеш екипа и да се жртвуваш.
• Вие секогаш се трошите за да ги заштитите играчите. И затоа сакате да си барате непријатели. Во Шпанија непријател ви е Barcelona?
Не е нешто што ми се допаѓа. Јас не сум непријател на никого. Јас не сум антиBarcelona, ни антиAtlético, ни антиMilan. Јас сум фанатик на Inter и од денес па натаму ќе бидам фанатик на Real Madrid. И ќе бидам скромен, но има работи кои сакам да ги сменам. На пример, луѓето сакаат отворен тренинг секој ден. Секако дека ќе има отворени тренинзи за медиумите и за фановите, но ќе има и затворени, затоа што се потребни. Не сакам непријатели никаде, тоа не е моја намера.
• Laporta кажа дека вашиот син е за Barcelona....
Мојот син не е за Barcelona, он е навивач на својот татко и знае да го почитува својот татко и оној кој ја заслужува неговата поддршка и страст. Не можеш да бидеш фан на клуб кој го навредувал твојот татко 90 минути. Мојот син ги сака Porto, Chelsea, Inter и тоа искуство го доживеа со голема страст. Сега е за Real Madrid, тоа е неговата сегашност.
• Фановите сакаат Real Madrid да победува, да освојува титули, но и да игра добар фудбал....
И јас го сакам истото. Мојот Real Madrid секогаш ќе игра добро, ќе напаѓа и ќе победува. И покрај тоа ќе има моменти кога ќе се игра на друг начин. Мојата екипа секогаш ќе излезе на терен со јасна идеја “победа“. Ако водиме со 3-1 и останеме со 10 играчи, ќе мора играчите да се повлечат и да бранат.
• Guardiola кажа дека следната сезона ќе биде многу забавна со вас во Real Madrid. Што мислите за тоа?
Шпанското првенство беше многу интересно оваа сезона и јас не бев овде. Дај боже Valencia, Mallorca и Atlético, на пример, да победуваат повеќе и да имаме уште поинтересно првенство. Ќе биде големо првенство, затоа што Barcelona купи добри играчи и ќе биде посилна следната сезона. Јас немам проблеми со Guardiola. Го познавам долго време, имам добра врска со него и го почитувам многу.
• Имате подготвено некоја порака за вашата презентација?
Се уште не. Ќе размислувам за тоа во авион. Ќе бидам горд, но ќе бидам скромен, затоа што Real Madrid е многу поголем од сите нас.
• Иако се уште има време додека да почне новата сезона и има Мундијал пред тоа. Кој мислите дека ќе ја освои la Liga?
Не знам. Јас сакам да ја освојам, затоа што ниеден играч и ниеден тренер не успеал да ги освои англиската, италијанската и шпанската лига. И би сакал да бидам првиот кој ќе успее да освои ЛШ со три различни екипи. Би сакал да откријам некој младинец и да го направам ѕвезда. Ме мотивира, еден играч кој немал добра сезона претходно сега да има.... Има многу начини за мотивација. Но не сакам да ја изгубам скромноста, така да нема да дојдам и да кажам ќе ја освојам la Liga имајќи ја пред себе најдобрата Bаrcelona.
• Најискрено, Real Madrid може да ги освои сите три тирули?
Само одлична екипа може да ги освои трите титули во една сезона. Ако го направиме Real Madrid одлична екипа, тогаш можеме да ги освоиме.
• Постои можност Mаicon и Milito да ви се придружат во Real Madrid?
Со Milito сите бевме слепи. Никој не веруваше во него, а он има се, фантастичен напаѓач. Но мислам дека играч кој влегол во историјата на еден клуб, клубот не смее да дозволи да го изгуби. Milito е Inter. Секако дека би сакал да дојде со мене, но Milito е Inter, мора да остане, да го обнови договорот и да заработува повеќе. Maicon е крак, има одлична физичка кондиција, бек кој дава 6 или 7 голови во една сезона и не од слободни. Сега е моментот во кој треба да доживее некое искуство кое не го доживеал се уште. Нема да кажам дека би сакал да го имам во Real Madrid. Мислам дека Ramos може да биде еден од најдобрите центри во светот.
• Како треба да се засилу Real Madrid?
Сакам три или четири одбранбени играчи кои ќе не подобрат во напад.
• Би го купиле Di María?
Di María е фантастичен играч во едно мало првенство. Имам сомнеж за тоа како би се снашол во Италија или Шпанија. Ако ми кажат дека може да го купиме за прифатлива цена, тогаш би ризикувал. Но ако цената е голема ќе кажам не, не сакам клубови кои плаќаат многу за соите играчи.
• И Gerrard и Lampard?
Сакам играчи кои се на крајот од својата кариера. Сакам да имам неколку играчи со 33 или 34 години.... Тоа се играчи кои ги купуваш, но не ги враќаш парите од таа инвестиција, но ти даваат максимум две или три години. Двајцата се големи играчи и секогаш даваат се.
• А Coentrao?
Coentrao е играч кој денес е многу истакнат, но да го купиш него е исто како да купиш некој Marcelo Португалец. Јас сакам друг тип на играчи, иако признавам дека е голем играч и дека може многу да напредува.
• А De Rossi?
Мислам дека е невозможно да го донесеме, затоа што Roma е Totti и De Rossi. Totti ја заврши својата кариера и Rossi е тој кој ќе продолжи.
• После Португалија, Англија, Италија ви беше потребен нов предизвик?
Пред 4 или 5 месеци одлучив да си одам од Италија. Резултатите ми овозможија полесно да си одам, иако сакав да не мислам на тоа додека освојувавме титули. Во последните недели, кога Real Madrid стана реалност, тогаш сите титули беа во игра. Инсистирав да не знам ништо за тоа, но бев свесен Real Madrid ме сака и дека јас го сакам него.
• Кога одлучивте да дојдете?
Пред финалето се беше одлучено и после него Inter знаеше дека нема да го сменам мислењето. Во последниве часови се течеше нормално, најнормални преговори, но сите знаеја дека ќе бидам тренер на Real Madrid.
• Вашата слобода? Real Madrid ќе треба да плати 16 милиони за вас?
Јасно е дека ќе треба да се плати некоја клаузула, но јас сакам договор. Сакам клубовите да се договорат, двата клуба знаеја што сакам. Ќе бидам тренер на Real Madrid во секој случај.
• Што можете да дадете?
Можам да дадам се што сум дал на минатите клубови, буквално се од мене. Се трошам себе си, поминувам многу време во клубот и мојот живот надвор од фудбалот е сиромашен. Мојот живот е мојата фамилија и мојот клуб. Нема да имам време да шетам низ Мaдрид, ни да играм тенис или голф. Ветувам целосна посветеност.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
@armin06

http://www.goal.com/en/news/12/spain/2010/05/27/1944697/real-madrid-general-manager-jorge-valdano-lauds-qualities-of

Зборувавме за продолжување на проект или започнување нов? :smir:
Како што сите знаеме од пред две недели дека го прекинуваат неуспешниот но надежен проект, и се почнува со нов.
Разбирам дека еден ваков проект е неуспешен и нешто треба да се смени, но зошто ВАЛДАНО ОСТАНУВА?? во новиот проект?? како Пелегрини што беше морално избркан, така треба и Валдано да го напушти бродот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom