Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Многу брзо со Сосиедат да го ебам.Среда игравме сеа Сабота.А Фарса Вторник-Недела.Инаку ако имаме среќа со реализацијата ќе направиме нешто,знам дека ќе биде претешко и максимум еден разлика тепаме.
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
Ова за Роналдо-Кака-Озил имајте во предвид дека не е fantasy football manager :)
да ама зашо да не би реално?!
првата сезона Озил ја почна као лево крило у вердер, а мислам дека нема позиција каде не би изиграл супер тој напред... сеа сето друго зависи од Кака
роналдо може и лево и десно и напред, само да не себичи...
реално изводливо е:smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.321
Поени од реакции
57.792
Да само јас сум од оние што не би менувале ништо што оди одлично. Озил игра супер каде што игра и не верувам дека Мур ќе го прекомандува. Мур ти е тренер кој кога ќе ги склопи коцките, не се откажува за ништо од формацијата. Барем досега беше така, пример се Ето и Пандев, откако успеа да им го најде местото и почна да победува, цела сезона ја играше во иста формација, освен кога принудно мораше да менува.

Енивеј, што е оваа фрка околу тоа Мур да оди „на позајмица“ во Португалија? :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.829
Да само јас сум од оние што не би менувале ништо што оди одлично. Озил игра супер каде што игра и не верувам дека Мур ќе го прекомандува. Мур ти е тренер кој кога ќе ги склопи коцките, не се откажува за ништо од формацијата. Барем досега беше така, пример се Ето и Пандев, откако успеа да им го најде местото и почна да победува, цела сезона ја играше во иста формација, освен кога принудно мораше да менува.

Енивеј, што е оваа фрка околу тоа Мур да оди „на позајмица“ во Португалија? :)
Квеирош го избркаа, па привремено додека најдат друг, го сакаат Мурињо за два натпревари. Според АЅ, Мурињо се сложил да ја води португалската репрезентација за два натпревари, но главниот одговор го има Перез, и наредна недела ќе се одржел состанок помеѓу претседателот на португалската фудбалска федерација и Перез, и нормално ако Перез дозволи, Жозе ќе седне на клупата на Португалија. :)

--- надополнето ---

Апдејт на АЅ, Реал најверојатно нема да го пуштат Мурињо да биде тренер и на португалската репрезентација.

El Madrid no cederá a Mourinho
 
M

Mario Gómez

Гостин
Едно тактичко потпрашање :) бидејќи нешто читав за тоа денес: Роналдо, Озил и Кака, можат да играат заедно или некој мора на клупа?
Неможе, како што неможе Лампард и Џерард да играат заедно, тоа осудува на пропаст.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.829
Povikani za Sosiedad, Ramos se vrakja.

SQUAD LIST:
Goalkeepers: Casillas, Dudek, Adan.
Defenders: Carvalho, Sergio Ramos, Pepe, Marcelo, Arbeloa, Mateos.
Midfielders: Khedira, Lass, Granero, Xabi Alonso, Canales, Pedro Leon, Di Maria, Ozil.
Forwards: Cristiano Ronaldo, Benzema, Higuain.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Зборовите на Мурињо го поправаат Бензема



Многу добар ефект врз однесувањето на Карим Бензема во тренинзите имале зборовите на Жозе Мурињо по мечот со Ајакс во средата, пишува „АС“.

„Карим е интелегентен и очекувам да разбере дека треба да се труди за да игра повеќе. Од клупата се гледаат многу добро натпреварите, движењата на одбраната, промените, агресивноста...клупата е одлично место. Беше 90 минути на неа и ќе разбере што сакам од него.“
- рече Жозе по мечот со Ајакс.

На вчерашнот тренинг, 22-годишниот напаѓач бил еден од најдобрите во сите вежби велат од „АС“ во 15-те минути во кои тренингот бил отворен.

Од „Бернабеу“ се очекува многу од Французинот, кој протов Осасуна играше како десно крило.

„Сакам да бидам стартер, добро ми дојде и десното крило:“ - рече Бензема

Se nadevam deka konechno kje mu vleze neshto vo glavata:)...ajde Benz mozesh ti brateeeee:)
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Mourinho (17.09.10 - press): Ми се јави претседателот на Португалска Фудбалска Федерација за да ми предложат да бидам тренер неколку дена и тоа им го соопштив на клубот. Тие денови речиси немав со кого да работам, беа само Pedro León, Granero, Mateos, Dudek, Adán и моето отсуство немаше да се забележи, како кога бев на конференцијата за тренери на УЕФА. Португалија е во тешка ситуација и иако кажав дека би сакал да бидам селектор после 20 години, не можам да и кажам не на мојата држава. Како после ќе бидам селектор ако сега кажам не? Ќе кажат дека сум егоист.

Немам што да добијам. Немам потреба да работам, ниту пак ми фалат пари. Би отишол за 0 евра. Не можам да кажам не, но не можам да кажам ни да, зошто имам 4-годишен договор со Real Madrid. Сега се зависи од меѓусебниот договор меѓу ПФФ и Real Madrid. Да бев слободен ќе отидев уште утре и гратис. Се уште не разговарале ПФФ и Real Madrid, но ако ме прашаш, мислам дека нема да бидам селектор на Португалија. Потребен е апсолутен договор и при најмалата пречка ќе кажам не.

Јас сум антипатичен човек. Многу пати победувам и луѓето полудуваат со еден пораз. Но исто така има и луѓе кои ме сакаат и и се восхитуваат на мојата работа. На конгресот на тренери на УЕФА сите ја пофалија мојата работа во Inter и начинот на кој го освоив финалето. Резултатите се најдобрата одбрана на еден тренер. Екипа која има 35 удари кон гол против Ajax може да го заврши натпреварот 0-0. Други тренери имаат повеќе среќа, со малку шанси постигнуваат гол. Можеби е моја вина, зошто немам социјален живот, живеам за фудбалот и за фамилијата. Ме викаат на ручеци и вечери и јас никогаш не одам. Немам моќни пријатели во светот на комуникацијата. Не внимавам на изгледот.

Следниов натпревар е најтежок до сега и не го кажувам ова затоа што е следен натпревар, туку затоа што Real Sociedad ми изгледа како покомплицирана екипа од оние против кои сме се соочиле до сега. Оние екипи кои доаѓаат во Primera го имаат победничкиот дух од претходната година. Покомплицирани ривали се Hércules и Real Sociedad од некоја екипа што е 12 на табела, затоа што тоа се екипи лидери во својата Лига. Real Sociedad е добро организирана екипа, брани со 11 играчи, има компактен блок. Има три или четири многу опасни играчи и имаа цела недела за да се подготвуваат за овој натпревар, а ние мораме да играме и во сабота и во среда, а можевме да играме во недела покомотни. Против Ajax вложивме многу и не е лесно да се вратиш за 2 дена.

Ако имам време ќе гледам Atlético Madrid – Barcelona, ако не нема да гледам, како и да е ќе го дознам резултатот. Можеби е најважниот натпревар на оваа коло, но јас не го играм.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Има информации за повредата на Рамос,дали 100% ќе игра утре?Зш неможам да го поднесам Арбелоа како чека противникот да нападни без да превземе офанзива в раце.Разликата со и без Рамос е светлосни години.
 
Член од
28 јули 2010
Мислења
39
Поени од реакции
0
Игуаин : Прашање на време е кога Роналдо ке проработи



Напаѓачот на Реал Мадрид , Гонзало Игуаин застана во одбрана на својот соиграч , Кристиано Роналдо за кого мисли дека е прашање на време е кога ке проработи и ке биде оној стариот од минатата сезона кога како од шега постигнуваше голови во тандем со него.Роналдо е на теренот како машина и нормално дека е незадоволен кога нема да постигне погодок , меѓутоа и јас сум напаѓач и знам како му е , изјави Игуаин.

Извор:РеалМадрид-МК
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Има информации за повредата на Рамос,дали 100% ќе игра утре?Зш неможам да го поднесам Арбелоа како чека противникот да нападни без да превземе офанзива в раце.Разликата со и без Рамос е светлосни години.
Како што прочитав на Реал Мадрид Балкан Рамос можеби би заиграл со Сосиедад :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom