Фан Клуб: Работнички

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Веднаш да ви кажам дека доколку не бевте на стадион, тогаш го пропуштивте најдобриот натпревар што досега некоја македонска екипа го одиграла (вклучувајќи ја и репрезентацијата).

Еве извештај за тие што не гледаа:

Нашиот фудбалски шампион, екипата на Работнички Кометал вечерва го понижи 14-кратниот шампион на Летонија, Сконто Рига со убедлива победа од 6:0 во првото кфалификациско коло од Лигата на Шампионите. Првото полувреме на Градски не наговестуваше ваква убедлива победа “романтичарите”. Првата закана за голот на Сконто беше уште во почетните неколку минути кога од слободен удар од левата страна, Игњатов нафрли во шеснаесетникот на гостите а црномурестиот Нгуимбат со глава ја погоди пречката од сопствениот гол. Во првата половина од полувремето немаше некои поголеми возбудувања, но Работнички веќе од 25-тата минута притисна кон противничкиот гол. Најпрво капитенот Игор Стојанов повлече една акција по средината на теренот и биеше од далечина, но гостинскиот голман беше на висина на задачата. 3 минути подоцна, Трајчов и Нухиу одиграа двојно проигрување, и топка во шеснаесетникот доби Мазнов кој не ја искористи шансата. Конечно во 27-та минута, Работнички поведе со 1-0 со голот на Кралевски со глава по нафрлената топка од левата страна од Стојанче Игњатов. До крајот на полувремето, нашиот шампион имаше неколку изгледни шанси да зголеми и на 2-0, а најсериозната во финишот на првиот дел ја имаше Пејчиќ кој се најде во гол шанса но беше соборен од противничката одбрана, при што сите на Градски видоа пенал, освен главниот судија. На стартот на 2-то полувреме први се заканија гостите преку слободен удар од левата страна, но Маџовски го одбрани ударот на Ментешашвили. Во 55-тата минута Мазнов влета во еден контра напад во противничкиот шеснаесетник и беше фаулиран по што судијата покажа на белата точка. Пеналот успешно го реализираше Игњатов за 2-0 во 55-тата минута. Само неколку минути подоцна, резултатот беше 3-0 за Работнички со голот на Нухиу кој најдобро се снајде во мешаницата во гостинскиот шеснаесетник по изведениот корнер. Трајчов во 70-тата минута по едно двојно проигрување со Мазнов постигна гол за 4-0 за Работнички а 5 минути подоцна, резултатот веќе беше 5-0 откако Пејчиќ се проби по левата страна и успешно го проигра Мазнов кој го совлада голманот Пиеделс. Конечните 6-0 ги постави Нухиу со својот втор гол по убавата акција на Игњатов и Трајчов.

На прес конференцијата, тренерот на Сконто, Јури Андрејевс упати честитки до домашната екипа: “Честитки за одличната игра на домаќините. Изиграа одлично во нападот и ја надиграа нашата одбрана. Мислам дека веќе немаме шанси за 2-то коло затоа би можел уште сега да им го честитам пласманот”. Прашан за тоа дали некој од играчите на Работнички му остави добар впечаток Андрејевс одговори: “Екипата одигра одлична тимска игра, најдобриот играч на домаќините по се изгледа дека беше нивниот тренер”. Андрејевс дури и успеа да собере сили и да се пошегува со новинарите: “Во Рига ќе одиме на победа од 7-0 и ќе обезбедиме пласман во следното коло”.

Еве ја изјавата и на Ѓоре Јовановски по натпреварот: “Бевме оптимисти пред натпреварот но секако дека не очекувавме волку висока победа. Сите заслуги одат на сметка на фудбалерите. Сепак морам да нагласам дека што се однесува до мене, ова е само прво полувреме. Можеби ќе звучи дека ова го кажувам од куртоазија, но сепак не би сакал да кажам дека сме ја завршиле работата. Во Рига ќе одиме да одиграме дисциплинирано и да се надигруваме. Нема да го браниме овој резултат, најдобра одбрана е нападот”.

Превземено од МакСпортНет

А еве и мој коментар:

Најпрво за Работнички: Одлична физичка и тактичка подготвеност. Се играше испланирано, а не на памет. Играчите трчаа во исто темпо цели 90 минути. Голманот Маџовски одбрани 3-4 одлични удари на Сконто (од слободните удари), одбраната беше на ниво – кога не можеше да интервенира, тогаш на време правеше фаули надвор од шеснаесетник, страничните бекови во вистински моменти знаеја да повлечат напред. Средниот ред на чело со Игњатов функционираше беспрекорно и доминираше во тој дел од теренот. На почетокот Трајчов малку беше збунет, но подоцна и тој влезе во ритам. Крилните играчи во текот на сите 90 минути имаа сила и експлозивност да повлечат напред, да издриблаат и да нафрлат а напаѓачите ги искористија шансите. Како никогаш досега, македонска екипа одигра 90 минути силен физички фудбал со многу трчање. Немаше грешки во додавањата, акциите течеа беспрекорно и испланирано, секој си знаеше што му е задачата. Работнички функционираше како “швајцарски саат”, и со одлична тимска игра дојде до заслужена победа. Како што рече тренерот на гостите на пресот после натпреварот: “Неможам да издвојам ниеден поединец, целата екипа функционираше како еден играч”.

Сконто Рига: Го почнаа натпреварот дефанзивно и единствените шанси што ги имаа во 1-во полувреме беше кога ќе повлечеа контра, па беа фаулирани надвор од шеснаесетник. Слободните удари ги изведуваа добро, но Маџовски бранеше подобро. Првото полувреме играа “во линија”, т.е. никој од одбраната не повлекуваше напред и беа статични (кога ние ќе се повлечевме малку за да ги извлечеме надвор, одбраната сепак си беше со 4-ца играчи во линија). Со вака поставена одбрана, добро се држеа и правеа паметни ситни фаули на средината на теренот не дозволувајќи да ја превземеме иницијативата. Во второто полувреме кога веќе губеа со 2-0, бидејќи беа фаворити пред натпреварот, се решија да се отворат и да нападнат. Тука беше клучната грешка, бидејќи тие на сметка на средниот ред го засилија нападот, и Работнички ја искористи слабоста и ја превзема иницијативата на средината и го отсече нападот на гостите. Нивната бековска линија почна да се растура откако страничните бекови почнаа да повлекуваат напред за да му помогнат на средниот ред и ние тука “ги фативме“.

Сите голови (освен пеналот на Игњатов и првиот гол на Нухиу по мешаницата по корнер) беа постигнати од одлични акции, со по некое двојно додавање и создавање на играч вишок... и... 6-0!!!

Сега сите ќе си го постават прашањето: Дали Работнички Кометал е толку многу силен, или пак Сконто Рига е очајно слаба екипа.

Јас би одговорил: Работнички е силен и е подобар од Сконто со капацитет за некоја победа од 4-0, а тука ако ја додадеме лошата вечер на Сконто, плус 2 гола во нивната мрежа = 6-0.

Што мислите вие?!

Го објавив ова и на мојот блог (selektor.blogspot.com)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
В'ред. Нашиве знаат да одиграат добро во првите 2 кола, каде што (нормално) има слаби противници. Честитки за убедливата победа, но подобро е 6 победи со 1-0, отколку една со 6-0.
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Тоа 6-0 ќе помогне многу во самодоверба Ацид, а веруј ми понекогаш или повеќе пати се има случено самодовербата да е клуч за многу победи во фудбал. :wink:
 

zEk0

Селектор
Член од
8 април 2005
Мислења
531
Поени од реакции
3
Acid, нашите знаат да одиграат добро само во прво коло зошто досега само еднаш сме стигнале до трето коло. А никогаш не победиле во прво коло со 6-0!!!
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Како и да е честитки и браво за Работнички. А за самодовербата - да, потребно е, впрочем како нација кога се работи за спортски натпревари најголема маана ни е психолошкиот фактор.
 

Bale82

Bwagojce
Член од
22 април 2005
Мислења
227
Поени од реакции
4
Браво Браво работнички конечно е еден наш тим да му чукни една петарда на некој странски тим редно беше, ајде да дочекаме да влезиме во групите ако не да се израдваме малку од појќе....

да не претервам малку а? во ској случај ке биде јако и трето коло да дојдат
 

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Само што заврши утакмицата,почна да врне.Стојам ја под една стреа,поминува човек со дете,бегајки пред дождот од градски парк,ме гледа чоеков и ме прашува-колку заврши фудбалов?
Ја мртов ладен му викам 6-0.Напраи чоеков фаца некоја демек овој нема шо да прави па се заебава со мене,замислете колку бил изненаден кога стигнал дома и гледал вести :)
 
Член од
8 јули 2005
Мислења
63
Поени од реакции
0
Нашиве ме изненадија. Искрено- очекував победа ама не толку висока
Али сепак јас би ве советувал да не се дигате превише пошто следен е Локомотив. Тешко нас :cry:
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Mislam deka sansite se 70-30 vo korist na Lokomotiv.Sepak se nadevam deka ovoj tim na Rabotnicki so malku sreka moze da mine vo 3-to kolo.Dokolu na domasen teren pobedime minimalno ili zavrsi 0:0 ke imame golemi sansi da gi mineme rusite.
 
Член од
8 јули 2005
Мислења
63
Поени од реакции
0
Сто пати кажав, и пак ќе кажам:Ќе бидам за РомантичаритЕ ама со Локомотив ќе биде тешко, а тактиката на Батистута можеби е добра, мада ми изгледа премногу храбро да се чува 0-0 против Локомотив, а за втората варјанта(да победиме на наш терен со 1-0) ќе ни треба малку повеќе среќа :wink:
Тоа е моето мислење.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Imase izjava od Nuhiu deka e zadovolen so 2:0 :)
Pa kakva bilo pobeda ke bide ogromen uspeh so ogled na faktot sto Lokomotiv e bez poraz 19 kola vo Russia.
 
Член од
2 март 2005
Мислења
287
Поени од реакции
149
Ништо повеќе од второ коло.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
тажно ми е да зборам за утакмицава, а уште потажно е што го проследив тоа во живо, Батистута неможе да се помири со голот на Локомотив :D
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Па како да се помирам по голот примен во 90-та минута :x
Ама се надевам дека ќе паднат во Москва . . .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom