- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.613
- Поени од реакции
- 14.472
Не ме чуди ваквата дефанзивна игра, со вакви технички непотковани играчи во средниот ред не можеше и некаква друга игра да се очекува. Бразил иако имаа 60+ % посед на топка, сепак беа без вистинска шанса за гол, освен онаа на Нилмар кога цела одбрана на Португалија изреагира многу лошо, инаку во останатите ситуации беа одлични.
Ако не падне брз гол во второ полувреме, ваквата игра ќе продолжи, и еден потег ќе го реши натпреварот, а јас искрено очекувам натпреварот да заврши нерешено.
И да, раката на Хуан, чист црвен, ако не ја удреше со рака, Роналдо испаѓаше во чиста еден-на-еден ситуација за гол.
--- надополнето ---
За разлика од првото полувреме, во второто видовме една многу поофанзивна игра од Португалија, но повторно без вистинска шанса за гол. И двете репрезентации како да беа задоволни со реми, и овој натпревар како да го играа ради-реда.
Шпанија имаат реални шанси да завршат први во група, и најверојатно тие ќе бидат противниците во осминафинале, но кога Швајцарија успеаа да ги победат, зошто да не и Португалија. Да не го заборавиме и Чиле кој одигра два одлични натпревари, и се надевам ќе направи изненадување против Шпанија.
Força Portugal !