Четири меча суспензија за Сколари
УЕФА го казни Луис Фелипе Сколари со суспензија од четири натпревари по инцидентот во кој португалскиот селектор беше вклучен по завршувањето на квалификацискиот меч со Србија.
Сколари тогаш се обиде да го удри Ивица Драгутиновиќ предизвикувајќи вистинска мешаница по завршниот свиреж на судијата.
"Сметаме дека Луис Фелипе Сколари е виновникот за овој инцидент и затоа тој ќе биде суспендиран за следните четири средби на португалската репрезентација. Тој нема да има право да биде присутен во соблекувалните пред и за време на натпреварот, а исто така забранета му е и комуникацијата со фудбалерите", стоеше во соопштението на УЕФА.
Драгутиновиќ, кој доби црвен картон по завршувањето на мечот во Португалија, заработи суспензија од два натпревари поради своето учествува во овој инцидент.
По ваквата казна од страна на УЕФА, португалските медиуми шпекулираат дека Сколари би можел да добие отказ од федерацијата, и на негово место за селектор би бил именуван токму Хозе Мурињо.