Фан Клуб: Пелистер

И

Игнориран член

Гостин
Да бидиме објективни , вака потпишаниот договор како шо го читам , мене ми се чини дека појќе не го почитува Зоки Цермат одколку клептоманот.
Ако клептоманот треба квартално да префрла по 30 К , тогаш се знај дека во Февруари општината ги плати припремите во Анталија кој реално коштат толку и еве сега да има префлено во јуни пак уште 30 К . Шо значи каков и да е двојче со сите мани и пороци , во ова ситуација колку и да плукаме по него не е толку крив колку другиот ќелеш .
Од другата страна 390 К сигурен сум дека немат легнато на сметка на клубот. Еве од нив 10% да ги тргниме за школата кој се наведени во самиот договор , тогаш треба да има 350 К за првиот тим.
Ако испаднавме со толкав буџет на полусезона , тогаш секоја чест . Незнам шо да речам .
Како врви времето мене се ми се чини дека Цермат е поголема кочница одколку општината.
Поарно да му го даеја клубот на Камчев , можи немаше да испадниме . Насила преку партија ќе реагираја и немаше да се деси овај циркуз .
Вака сами сме криви ... Сакавме битолска компанија спонзор , еве ни спонзор.
Ќе си глеаме чешити.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.216
Поени од реакции
7.991
Сигурно дека зоран е по кабает спрема договорот а шо мислиш зошто сега му го дадоа дури ма тие за воздухот па да се оправдаат и сите да плукаат по цермат е сега дали имаат нов купец што вака играат од општина или ја расипаа калимерата најубо да кажи @Вистина.мк
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.509
Поени од реакции
6.037
Некоја заинтересирана фирма шо се јавила на време на огласот да,можеа,ама штом досега не приговориле на продажбата на клубот значи се согласват со то...
Ако била повредена постапката за избор на купувач..
А сега договорот е потпишан(или барем така прикажват)...
А како и при изборот на работници во државна администрација,по сопствен избор одлучва органот кој ќе го примат(читај-нивно дете)...:icon_mrgr:
А овде во случајот,еве и да имало појќе понуди,продавачот има право да избери која сака понуда..
Секако ако ги исполнува условите од огласот-минимум средства да вложва и другите одредби од договор...
Ако склучат договор со некој друг,под сумата шо била барана како минимум тогаш останатите заебани заинтересирани субјекти можеа да се жалат..
Вака по свадба тапани е џабе..
Ние како навивачка група Чкембари можиме да му швркниме граѓанска тужба,ама одма ќе ни ја одбијат,со изговор дека немаме правен,материјален интерес да се мешаме во договор шо слободно го склучиле две странки..
Нас ни се повредени само некои нематеријални права-нерви си клаваме за Пелистер,нарушен углед на градот Битола и спортот...
Ама не е Америка ова,таму можиш да тужиш за шо сакаш,а не ретко и да добиеш било каков предмет,а овде суството постои само како база за вработвање на партиската машинерија...
ФК Пелистер како клуб можи да тужи,оти за него се работи,,ама ко ќе видиш кој е "газда"на клубот и кој му ја загоре манџата на Пелистер се е јасно.. .
Во случајот ревизија,исправка,поправка и други измени на договор можат да барат само странките од договорот,и си имат вметнато член за ова...
Ама иако имат право никој не го користи џокерот,освен срамежливо оки-Поки брачедот,кога изблефира дека ќе се повлеква...:kruna:

Хехе,не е Америка ова бе брат...:pos:
Овде само сликањето е важно,се друго е пролазно..
Ако одеа стриктно да ги почитуваат одредбите од договорот досега требаше 100 пати да биди раскинат...
Прво и основно,двете странки најнамерно го прекршија износот шо треба(ше)да го вложат...
Од старт паѓат основните услови за да опстои договорот....
Ниту брачедот дава(или планира да дај)390 К,ниту брачед му префрла квартално на 4рати 130 К...
Шо да прајме појќе муабет..
Да беше ова некој друг договор досега милион тужби ќе фрчеа,законски и затезни камати ќе се платеа(ти барем појќе ги знајш овие работи):icon_mrgr:..
А овде никој ништо не поштова?Зошто,па за ФК Пелистер се работи,а јасно е дека ги заболе:kuracc: за Пелистер...
Не боли нас,шо останавме уште да си ја чукаме глата...:noze:
А нервите никој не ги плаќа,гратис ни се,како тргна работата кај и да ќе ни стегнат некој кошули однопаку...:гик:
Абе за да се раскини договорот некој треба да бара раскин.ама мене ми е баш чуден тајмингот шо сега во јавност го пуштат:rolleyes:.А можи и брачедите некој планој во Кина да имаат праено:zloo:.Инаку најубо знак Вистината и белки ќе кажи. Ама јас мислам дека освен шо го присилија Цермат да го земи клубот,уште си продолжија и рекет да му земват.Зато се каша се има напраено.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Шо да кажи вистината,ја знајме сите вистината...
Јасно е дека од големите пари,најголеми буџети во историјата(засега)нема ништо...
Ама самите се криви,наместо да се расфрлат со бројки,проценти,толку акции тебе-толку мене,можеа цела енергија да ја носочат да го средат клубот,кадровски,како шо беше ред..
Да клат луѓе стабилни во управа....
Па после тие стабилни луѓе да си донесат салам тренери за сите категории..
Други стабилни луѓе да беа задолжени за маркетинг,наоѓање спонзори...
А не овде,ние наши луѓе вие ваши,нема тука ваши наши,има луѓе шо знат и шо не знат да менаџират со еден клуб...
Еден Монголо му одржа час на сите шанкуриња и партиски потрчковци како се прај за брзо успех..
И на играчки и на маркетиншки план,можат сите вода му носат...
Чудо напрај пред две години,и то со мали пари...
Ете колку требаше да се крени еуфоријата до небо,и да бевме како шо треба се биваше та сезона,ама ние и ко шо треба-два различни поими..:icon_mrgr:
Уште да можеше да издржи појќе од неколку месеци...:icon_mrgr:
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.257
Поени од реакции
3.284
Кој ве финансираше кога игравте Уефа или ЛЕ?
 
Z

ziko bt

Гостин
Кој ве финансираше кога игравте Уефа или ЛЕ?
Ако ме служи меморијата то беа Монголот,потпомогнат од Тони Мицевски и Митко Стојковски и кон крајот на сезоната некоја банка имаше Грчка фирма даено.
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
860
Поени од реакции
1.039
Не се согласвам со еден дел тука од форумот ... општината давале, Цермат не давал ... од каде нова опрема комплет како никогаш до сега за првата екипа? комплет дресој за од најмала категорија до младинци + втората екипа (Кравари) ... во школата само колку деца, над 250 има сигурно ... Цермат ги покри 90% од борчојте на клубот од претходните управи + колку само фудбалери тужеа и то Церма исплати ... како шо се збора 50.000 евра на Ѓоко кој му ги даде унапред ? пак Цермат ... соблекувалните кој ги реновира ? Пак Цермат ... децата шо по кој знај колку време одат на меѓународни турнири динар не плајќат за превоз + мислам дека еднаш имат јадење, кој плаќа? пак Цермат ... Барем јас сум од мал во клубот за до Прилеп по 300 денарија ни земаја ... НЕ ВЕЛАМ дека Цермат има вложено 390.000 евра, ама дека Општината појќе давала од Цермат НЕМА ШАНСИ ... блокираните сметки кој му ги одблокира, баба ми? Нешто се матка, има некоја игра ама шо незнам ...
 

WilliamTell

Before Zee Germans get here...
Член од
3 март 2013
Мислења
963
Поени од реакции
1.630
Е многу убо на Џокица шо му опнале 50 банки унапред. Плус платата, со тие пари цела одбрана и цел напад ќе донесеа и сега можи ќе кукавме шо за 1 бод ни избега европа.
Од авион се познава дека во клубот од првиот момент нешто не е како шо треба. Aко Зоки има 70% купено (изнајмено на 6 години) тогаш уште првиот ден требаше да го фрли низ џам Шеро и тие околу него. И да си нареди тука негова гарда која ќе ги трга конците под негова команда. Општината со тие 30% можи да има само 2ца членови во управен одбор кои треба да се тука за да видат ако нешто замина јабана. А не, од цела управа на Зоки човек беше шурата кој се поврти тука месец два и на крај ко прдеж исчезна.
Никој мене не можи да ме убеди, со сите оние силни најави, со најголемиот буџет, со најпрославениот дунстер од тренер, со 14 нови играчи... И ние не знајме кај тераме цела полусезона, и си испаѓаме мазно во втора лига и дека сето то не е намерно од некој. Не Зоки, не Двојче, не Леонида... Онаа Силвана од општина шо си ги чисти ноктите и се кези само да ја земеа на еден од тренинзите зимата ќе му кажеше дека од цела екипа имаме 4-5 фудбалери, 10 кубици дрва и дунстер шо не знај ни дрвата да ги намести...
Затоа клубот не смеј да биди и со доминантен газда и со општина... Цело време место да седнат да спасат то шо можи да се спаси тие очите си ги вадат кој ќе плати 50 денари за прашок во соблекувалната. Од друга страна заштитени си се ко бели мечки. Клубот нема други акционери ниту пак има собрание во кое шо некој можи да стани и да му речи вие дечки си играте мајтап не е ова на арно.
Плус то никој клуб во светот не прај фиксен буџет само на база на пари од сопственикот. Океј 390 нека идат од него, и тие нека се за плати и нормално функционирање. Требаше одма да се растрчат и да напрат спонзорски пул итоа со договори на повеќе од сезона, и тука да легнат уште барем 200 сома. Плус пари од карти... Ама не, кај нас се излегва и се дрдори за буџетот колкав е, и то исто така никој не го прај во светот него оставаат да е внатрешна тајна. Затоа излегоја сите на кои клубот им должи да си ги барат парите од тие 390 илјади, шо е сосема нивно право.
И само за крај... Кој го спомнува сега стадионот, автобусот, клупските простории? Никој. Пак формулата е дека рибата смрди од глата, а кај нас глата е двоглава итоа со две ќељајци.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Ако ме служи меморијата то беа Монголот,потпомогнат од Тони Мицевски и Митко Стојковски и кон крајот на сезоната некоја банка имаше Грчка фирма даено.
Монголо остана само до почеток на сезоната,се изигра двомечот со Апоел,испаднавме несреќно со пенал во 85 минута,Љупчо Мицевски со класичен камиказа-клизачки старт напрај непотребен пенал(многу луѓе збораја низ град дека била местена утакмицата,ама мене не ми се верва,зошто стварно нашите се бореа како улај,плус Ников фати 100 зицери)...
Иначе сезоната требаше да биди почеток на нешто големо...
Клубот зеде 3то место,имаше најава дека ќе се напрај јака екипа и требаше да биди..
Ама Гркот,Сибе Интернасионал(мислам дека беше некоја текстилна компанија)пропадна(се збораше дека го фатила жена му со некоја :цицки:и се развеле)..
И си еба мајката фирмата....која наша среќа...:гик:
Иначе договорено било се,да фрли батето кеш и да се напрај добра екипа...
А каква екипа ќе имавме само,ако останеа Блажевски,Миранда,Ников,Степановски,Кире Ристевски и компанија...:cool:
Ако ти текнува ко се славеше на плоштад,со ражничи,пива,небаре супер куп на Европа зедовме...:pijani:
3тона месо се потроши,пива се локаја...:pos:
Газето искористи шанса да се слика,ми текнува на микрофонот ко рекоа(мислам дека беше Мишевски шо беше како водител на пролсвата),дека БЛАГОДАРЕНИЕ НА ОДЛИЧНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПЕЛИСТЕР ДОШОЛ ДО КУП НА УЕФА,СЕКОГАШ ИМАЛ РАЗБИРАЊЕ ЗА СПОРТОТ...:pos:(како вчера да беше ми текнува,а 7 години поминаја)...
Го кренаа во воздух сите,и од управа и Чкембари и сите,ќефој беше пусто газе...:angel:
Па се пееја песни,идила...:angel:
Тогаш и Битолската Пивара даде пари,пред то Би-Милк имаше влезено со спонзорство,ама од ко ја шитнаја фирмата на Србите набрзо се повлекоа...
Ама како по обичај кај нас добрите работи трат многу кратко(некој месец)...:sneaky:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.216
Поени од реакции
7.991
Да сибе се викаше фирмата односно сикат и не беше текстилна туку печатница ама чоекот беше тешка будала со пари од женаму и тешко курвариште врска немаше од фудбал пари даваше така на умрено да биди мангуп тепаше филмој со ппури,поршето и лично обезбедување а пари не вадеше само трошеше односно фирмата му ја ебаа наши ...ненормалниот дури даваше оглас за триста вработени со вондредни вести итн...
Значи тогашниот успех се должи на монголот со шеќерната и литекс односно алаткоречивоста и филмојте на монголот шо можеше да му ги продај на сите подржан од митичот и сурлата кој чинам се единствените бивши фудбалери до тогаш што дадоа свој пари во клуб
Не е и битно тоа помина како помина важно е сега и во иднина шо ќе прајме ?
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Не се согласвам со еден дел тука од форумот ... општината давале, Цермат не давал ... од каде нова опрема комплет како никогаш до сега за првата екипа? комплет дресој за од најмала категорија до младинци + втората екипа (Кравари) ... во школата само колку деца, над 250 има сигурно ... Цермат ги покри 90% од борчојте на клубот од претходните управи + колку само фудбалери тужеа и то Церма исплати ... како шо се збора 50.000 евра на Ѓоко кој му ги даде унапред ? пак Цермат ... соблекувалните кој ги реновира ? Пак Цермат ... децата шо по кој знај колку време одат на меѓународни турнири динар не плајќат за превоз + мислам дека еднаш имат јадење, кој плаќа? пак Цермат ... Барем јас сум од мал во клубот за до Прилеп по 300 денарија ни земаја ... НЕ ВЕЛАМ дека Цермат има вложено 390.000 евра, ама дека Општината појќе давала од Цермат НЕМА ШАНСИ ... блокираните сметки кој му ги одблокира, баба ми? Нешто се матка, има некоја игра ама шо незнам ...
Донеси ти бе некој спонзор од Германија ко ќе се враќаш :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.250
Поени од реакции
19.533
Донеси ти бе некој спонзор од Германија ко ќе се враќаш :D
Само да не го дојси тој менаџерот од Германија шо сакаше да го купва Пелистер пред некоја година..:pos:
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.509
Поени од реакции
6.037
Де бре пак нерешено 1:1 со Металург.Инаку тие двата шпицој шо денес требаше да се приклучат има некој информации кој се шо се или ќе чекаме Декси од Немачка да се уклучи за да кажи.Мора шпицој да земат за сигурен влез прва лига инаку пак ке се мачиме гол кој да дај.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.236
Поени од реакции
6.931
нема шпицоЈ да има,ќе се игра со “лажна деветка“,али да не ги откриваме тактиките предвреме,ќе се види кој е кој оваа година :pipi:[DOUBLEPOST=1436728816][/DOUBLEPOST] upload_2015-7-12_21-19-58.png нешто од директните конкуренти за Прва лига.............многу полесно е кога се има јак ветар од зад грб....
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom