Ајде 3,2,1 сите ескперти се јавија, браво !
Сите само за коментирање и пишење и ништо друго.
Како еден освен 2ца тука од форумот не одите на тренинг да видите шо и како се тренира и шо и како се игра, еден освен нас двајца.
Со Гостивар вториот гол го примаме од прекин каков шо се тренираше на тренинг и му беше на се укажано, иди утакмица пак гол.
Се тренира почеток на акција од голман и неколу варијанти:
-До стопер во нога во ширина
-До везен во нога во ширина
-До везен во нога - краток пас
-До голман према назад пас, пас за пренос
-До шпиц вертикален пас (длабина)
и последна опција да се лупни, овие нашите само последната варијатна ја користат.
На почетокот неколку пати ја изнесивме така добро беше, после се само лупање.
Видов прво полувреме Мане се дери да му отворат стоперите на Илче да му ја дај, драгарот ги брка напред и Илче ја лупа.
Рано 1-0 имаме неколку акции каде со добар последен пас имаме шанса за втор гол.
Голојте на Воска сите освен еден најверојатно беа ОПРАВДАНО ПОНИШТЕНИ.
Второ полувреме имаме шанса на малиот Стефан наместо да заврши со десна нога и запечати 2-0, оди на шут со лева нога и шутира во голманот, во истата акција Воска 3 пати ја вади од гол линија, Бурхан, Борче и Никола то е, на ваков натпревар ни треба 2-0 и крај то е то. И не казни Воска, за голот 3ца играчи наместо да нападнат топка, тие гледат, па премногу се искусни за такви работи да се коментира.
Друго, 6 екипи се реално шо ќе се борат за 4 позиции, ние, Вардар, Воска, Беса, Гостивар и Детонит, а ние со сите нив освен со Вардар играме во првите 7 кола, додека пак Вардар пример има лесни со Охрид си ја наредија без трошење многу, без картони, со Локомотива денес исто така, играја со Борец отепаните, ние немаме такви екипи. Ќе видиме ете, после среда со Детонит имаме лесен распоред, додека сите овие ќе си ги вадат очите меѓу себе. Да се земи во предвид дека од лани се само Пепе Љамче, Драгарот и Јоки од првата постава, сите други се нови, Дуков дојде 10 Август, Томе 3то коло неспремен и се е то плус воиграност, хемија, атмосфера, запознавање, сите тие требаше да се донесат во ЈУНИ ама управата со ценкање за + - 50-100 евра, демек тактизирале нејќам да коментирам ама играчи се донесени НИМАЛКУ по нивна заслуга, на крај се донесоја во ситуација да молат да му дојдат ОПАСНИ МОЗОЦИ.
@Goran Bt кажа дека му ја кројат капата на Мане, јас нејќам да вервам дека е така, оти ако се случи то нешто и си клат некој послушник дури тогаш ЌЕ НИ СЕ ЕБИ МАЈКАТА. Па онде на какви екипи како Сити, Ливерпул му требале најмалце 2 години за успех и резултат, на крај краева неможи се преку ноќ + пола играчи испукани пушки то е то. Денес налет на се без Кице, Фика и Јоки, Дуков 30 дена некој антибиотик треба да пие па цело време е на пола сила (веке пие две недели, уште две), Јоки коленото повреден, Кице се враќа со Детонит, овие другите сите одсуствуваа по 1-2 недели ради стомачниот вирус, Фазли, Пепе, Буки, Љама, Никола, Мики то е то, јас вервам.