Она кое ви го должевме на сите вие што не следите од првиот ден, на сите вас што ни ја давате довербата и на сите вас што ПЕЛИСТЕР ВИ Е СВЕТОСТ !
07.11.2020 г. – Фк Пелистер во Велес е поразен од екипата на Борец со високи 3:0 !
08.11.2020 г. – Откака поминаа 24 часа по катастрофална игра на Пелистер во Велес, свикан е итен управен одбор и е вклучен алармот кај управата.
08.11.2020 г. – Одржан е состанок на управниот одбор на Пелистер, на кој се разговара за изгласување на недоверба во шефот на стручниот штаб Зоран Штерјовски и негова промена. Едногласно е донеса одлука дека итно е потребна промена на местото шеф на стручен штаб – ЕДНОГЛАСНО !
️ 09.11.2020 г. – 02:00 ч. – Неколку часа покасно , касно по полноќ во 01:59 ч., до еден од нашите админситратори пристигна приватна СМС порака од Штерјовски со навредлива и заканувачка содржина. Откако се решивме веднаш да разговараме, по телефонски повик од наша страна и покрај целата поддршка што целиот изминат период, како и претходно која му била дадена на Штерјовски од наша страна како и на сите оние кои биле во клубот, следуваа низа закани и загрозување на безбедноста како и слободата на движење.
09.11.2020 г. – 02:50 г. – Од наша страна во просториите на МВР Битола е поднесена пријава/барање за ,,Поведување на прекршочна постапка против З.Ш. за кривично дело/прекршок загрозување на сигурноста, согласно член 144 ст.1 од КЗ на РМ.”
09.11.2020 г. – Средба меѓу претседателот Стојчевски и Штерјовски на која требаше да биде констатирана оставка на Штерјовски, наместо тоа, претседателот на Пелистер му дава уште една, последна шанса на натпреварите со Академија Пандев во Струмица (Кој Пелситер веке го загуби со 3:2) и натпреварот со Силекс во Битола.
Откако се решивме да ја почитуваме одлука на претседателот (иако од сегашна гледна точка, очигледно била погрешна) се решивме како и секогаш да застанеме зад Штерјовски и зад играчите, како и поддршка за управата, дадовме целосна поддршка и се насочивме сите заедно кон натпреварот со Академија Пандев.
️ Откако Пелистер не само што загуби во Струмица, одигра и катастрофално лошо без посериозна шанса за гол и без ниту еден изведен корнер, а тоа се случува веке три натпревари во низа и тоа со Струга Т.Љ. во Битола каде од единствената полушанса за гол Анес Хот во 90+2 го спаси Пелистер од пораз и во Велес против Борец без посериозна шанса за гол и катастрофална игра, ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ !
Се додека не се случат ПРОМЕНИ, се додека не се поднесе ОДГОВОРНОСТ за моментална криза што го тресе ПЕЛИСТЕР, ние остануваме со поддршка само за ФУДБАЛЕРИТЕ. Тие се оние кои на терен ја бранат честа на армијата навивачи, на град Битола и честа на ПЕЛИСТЕР.
ПЕЛИСТЕР Е ВЕЧЕН И Е НАД СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ !
Сите вие сте минливи, но клубот останува ВЕЧЕН !
ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ !
ВРЕМЕ Е ЗА ОДГОВОРНОСТ !
Rezil na vekot trener da se zakanuva za post na fb ako ve vidat i znaat na forumot so stap ke ve tepaat
abe majkomu stara kakvi mangi bea vo klubot gazdi mafijasi pa dvojce kompanija vlast sila nikoj direktno ne se osudi da se zakani site od okolu ovaj skrot zabega ni stram ni perde lice gjon, odi be coek gledas nitu igraci te sakaat nitu publika gi iskoriste site krediti i na kraj se izgubi mora pod itno drvoto da si bara care ako ne toj neka si bega ova na nisto ne lici
Sent from my CLT-L29 using Tapatalk