Шо не ќе прочита човек овде... 2.8 М вредел Пелистер
Шо дека пиши на трансфермаркт дека по 50К-100К вредат повеќето? Некој да не плати 100К за Фиката на пример? Најголем трансфер ни е Жуниор шо му го уваливме на Шкендија која се расфрлаше како шо ќе стигнеше... И Мацата кој како млад талент замина за дури 10К.
Немаме никакви шанси со Пољаците дечки, мора то јасно да ни биди. Манете тие приказни тие вредат толку ние онолку... Ова е екипа сериозен фудбал што игра. Во последните 9 години три пати играле во групите, од кои што 2 пати поминале во нокаут фазата. Ние последните 9 години од утакмицата со АПОЕЛ играме сеоски фудбал претежно. Затоа и рејтингот ние е на ниво на екипите од Малта и Фарски острови... А и таму доста се вложва и се носат странци.
Џабе и сите влажни сништа дека лани за малце ќе бевме трета лига а сега европа лига сме... Тоа како стигнавме до тука ваљда на сите им е јасно
.
Па и чукањето по гради дека Камчев ќе вложел 1М евра... Леле, леле чудо невидено, па 1М е годишна плата на 1-2ца играчи само во клубовите во регионот.
Друга работа е шо буџетот на клубот секогаш треба да го знаат неколку луѓе само и да си преговараат со играчи во рамките на можностите, а не да се кочоперат и удират по гради па после ќе дојди некој и ќе побара повеќе од тоа шо вреди и скап ни е.
Единствена екипа шо паметно работи кај нас е Работнички. Константно играат европа, константно прават играчи, носат за без пари, тек-тук ќе продадат некој надвор за добра сума (за наши услови) и тоа е тоа. Али Работнички функционира вака преку 15 години, и кога немаат пари имаат солидна екипа со која можат да излезат европа и да се наплатат како шо треба.
Друга работа се засилувањата... Марко Јовановски е добар голман за наши услови.
Проблемот е одбраната
Ковачев и Раденко се океј да се рват по нашите ливади можда, ама како шо се брзи ко желки има да дува промаја овде итоа како. Мора(ше) да се донеси барем еден помлад и побрз дефанзивец, ако туркаме цела сезона со овие, едниот 35 другиот 37 години тешко нас... Па ко ќе ми текни дека бекап е Бацката
.
Десно го имаме Тошевски, кој е единствен што нешто вреди на пазарот како млад играч... Во некои си најдобри можности за него можи да се добијат 100-200К, арно ама бекап десен бек немаме.
Лево, Благоја 3 години нема на терен излезено... можда би бркал работа ама не е многу за надевање.
Најголемиот проблем покрај дефанзивец јас мислам дека е и заден везен. Илиев уште го гледам со тимот што значи останва... Тој ни во нашата лига не е ни просек а тек за европа
Како само добро ќе ни легни некој како Христов бугаринот од пред некоја сезона да трча ко загар позади. Ристе е океј ама покрај Илиев не вервам да се изнаигра.
Матеј е океј засилување, Пеев си го донесе Блашко во каква состојба е никој не знај, ама и во најдобрите години кога беше, беше просечен играч во нашата лига.
Нападот...
Го имаме Лукас, еве го Баже барем до на зима ќе биди тука, го имаме Бујче... и за секој случај уште еден бразилец донесоја. А играме со еден шпиц.
Плус како офанзивни крила можат да покријат и Иве и Петров и Матеј... Џабе тука товарват играчи за безвезе ко ќе треба на клупа да дремат повеќето.
Друга голема заебанција е тоа во Струмица шо ќе играме...
Али тоа е кога во цела држава имаме еден и пол стадион шо исполнува некакви си стандарди. Секаде на друго место се игра по ливади, и ни основна инфраструктура нема околу стадионот.
Или треба општините да ги вратат стадионите на клубовите како сопственост, па овие шо ќе прат нека прат, или нека земат нека вложват резил е какви руини кај нас стадиони шо се викаат.
И секако ФФМ треба да постави некакви си услови за една екипа да игра во прва лига. Рефлектори, столчиња, дренажа ова она... Па на кој му одговара нека игра а на кој не, нека дреми втора лига.
Друга работа е шо ФФМ срка пари преку УЕФА фондовите и си се богатат увелико неколку луѓе блиски до Илчо, а за стадионите и за клубовите баш ги има здоболено стојко.
Србите ги бомбардираја пред 18 години, невидена сиромаштија беа... Вди