Фан Клуб: Наполи

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
Последната вест од овој клуб е дека Наполи е подготвен да плати неверојатни 125 милиони евра за новиот Марадона - аргентинецот Лионел Меси!!! Толку изнесува откупната клаузула на Меси која секој клуб кој сака да го види во своите редови треба да ја плати.

Сторијата вели дека иако поминаа 20 години од времето кога за Наполи играше славниот Марадона, овој клуб сеуште живее во 80тите. Сега се подготвени да го доведат наследникот на Марадона и да ја врата славата на клубот кој пред 20 години беше рамо до рамо со Интер, Јувентус и Милан.

Предводени од Аурелио де Лаурентис, претседателот на клубот и филмски продуцент, внук на славниот продуцент Дино де Лаурентис, богаташите од Наполи се здружуваат со единствена цел - доведување на Лионел Меси во клубот.

Освен нивните финансиски можности, тие ги дигнаа на нозе и градските власти како и властите од целиот регион. Според Аурелио де Лаурентис, парите не се проблем. Проблем е како да се убеди Меси да се пресели во Наполи.

Иако оваа приказна може кај Меси да разбуди различни чувства, во шпанскиот печат не веруваат дека е можно да дојде до ваков трансфер. Меси повеќе пати ветуваше дека ќе остане во Барселона до крајот на кариерата затоа што овој клуб многу му помогнал на Меси уште во неговото детство.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Јака идеја!

Новиот Наполи со новиот Марадона.

Но, сепак, незнам колку ќе им вреди... Мислам да бидеме реалисти.

Сега Наполи го има само Лавези (Залаета, Соса... не ги сметам за класа играчи), а крајот на 80-те Наполи освен Марадона ги имаше Карнивале, Џордано, Де Наполи, Романо, Ферара... сите репрезентативци на Италија, класа фудбалери...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
Наполитанците се доволно луди да потрошат 200 милиони евра и да направат екипа :) Само мислам дека сонот ќе се сруши кога Меси ќе одбие да се пресели во Наполи. Веројатно и од Барселона прво ќе изјават дека Меси не е за продажба, ама за 125 милиони секој е на продажба, така да ако дојде до официјална ваква понуда одлуката ќе биде на Меси.

Како и да е, фали уште по некоја силна екипа во Италија. Првенството е од година во година се послабо.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
За ова имаше најава уште ланска година. Но, доста за тоа.
Да си исполнам јас ветувањето.

Градот Неапол.
Градот кој за свој светец го одбра Марадона, човек кој уште откако за прв пат стапна на ''Чизмата'', ја освои. Беше миленик на сите, во секој дом... под иконата од Исус, стоеше постер од новиот месија. Од Марадона.

Сезонава после неколкугодишна пауза Наполи е на старото место. На старото место но, со ново руво. Знаете навистина е интересна приказната за малиот но, сепак голем тим од Неапол. Годината беше 2001 епицентарот на скандалот беше во малиот италијански град. Банкрот. Солзи, плач, тага по улиците на Неапол. Дестинација Serie C.

Нити Seria C и нископрофилните клубови не беа пречка за тифозите. Тие поминале низ сито и решето, не смееа да го остават сега Наполи. Педесет илијади гледачи просек по натпревар, бројка со кој ретко можат да се пофалат прволигашите во калчото... Наполи не стивна, Наполи тлееше и се потсеќаше на јакиот Наполи кој жареше и палеше низ 80тите и 90тите.

Генерацијата беше, волшебникот од Аргентина Марадона... Карека, Карневале, Чиро Ферара, Салваторе Бањи. Тим за респект, тим кој го освои првото скудето на 10 Мај, 1987... кога Марадона ги уживаше своите најдобри денови. Тогаш Наполи стана првиот тим после легендарните Торино и Јувентус ос минатото, кој успеа на Купот да ја придодаде и титулата од првенството.

Тогаш дојде вашиот и наш Миленик, Личиано Моџи. Донесе таленти од рангот на Алемао и Џанфанко Ѕола... и ја освоиа втората титула и секако, Супер Купот понижувајќи го Јувентус со 5-1.
[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular] [/FONT]
Наполи беше на седмо небо. Но, не за долго. Лошата финансиска политика на ''Принцот'' Моџи доведе до продажба на Марадона, до огромни мултимилионски долгови... враќање во Сериа Б а подоцна и тотален банкрот. Наполи беше вовлезен во црна дупка, дупка од која немаше излез. Или не?

Во 2005 на сцена стапи филмскиот тајкун Аурелио Де Лаурентис и ова е човекот на кој целиот град треба да му симне капа. Тој го воскресна тимот. За само три година успеа да го донесе во елитата и всушност и да се бори рамноправно во елитата. Во минатата сезона го имаа најдобриот дефанзивен рекорд. Оваа година веќе, светлоплавите јуришат низ Сериа А, со неколкуте добри засилување Наполи цврсто им се спротиставува на Јувентус, Милан и Интер.




Форца НАПОЛИ!!!
[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular][/FONT]
 

liana

ја знае вистината
Член од
10 август 2007
Мислења
687
Поени од реакции
45
добро бе, нормални сте шампион како меси да оди во наполи?! :pos2:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
добро бе, нормални сте шампион како меси да оди во наполи?! :pos2:
Никој не рече дека ќе оди, само дека може да добие понуда која ниеден фудбалер пред него не ја добил. Инаку немој да го потценуваш Наполи, тој е тим со одлично минато, баш како што тоа го опиша Јове во предходниот пост. Има многу клубови со подизгубен сјај ама не значи дека неможат да се вратат и да станат големи. Треба пари пред се и другото може да се оствари. Што беше Челзи пред Абрамович? Обичен премиерлигашки клуб кој ја освоил последната титула пред 50 години. Сега се рамо до рамо со Манчестер, Ливерпул и Арсенал. Така да, можеби не е толку смешно :pos2:
 

liana

ја знае вистината
Член од
10 август 2007
Мислења
687
Поени од реакции
45
извини ама мене ми е многу смешно, прочитај нешто за меси и ќе видиш дека никогаш нема да замине од барса, не се секогаш во прашање пари...:pipi:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.479
Поени од реакции
58.748
По вторпат, никој не рече дека ќе оди, зборуваме за понудата која може да ја добие и евентуално да ги сруши сите трансфер рекорди. И јас мислам дека нема да оди ама тоа ќе биде лично негова одлука. За тие пари во Барселона и во било кој друг клуб на светов со две раце ќе го потпишат трансферот
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
По вторпат, никој не рече дека ќе оди, зборуваме за понудата која може да ја добие и евентуално да ги сруши сите трансфер рекорди. И јас мислам дека нема да оди ама тоа ќе биде лично негова одлука. За тие пари во Барселона и во било кој друг клуб на светов со две раце ќе го потпишат трансферот
Посебно што Наполи не го сметаат за конкурентен клуб... толку подобро за нив.

Ем волкот сит, ем овците на број....
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.467
Поени од реакции
5.439
Дан знае некој од каде дојдоа Лавези и Хамшик во Наполи !? , добри играчи се за 2-3 сезони можно е да се видат во поголемите клубови ..
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Претседателот на Наполи се извини за оваа средба признавајќи дека судиите му помогнале на неговиот клуб
Така е...

Итар Пејо

Тука се зборва само за инат, за ништо друго..Мечот на Наполи со Јувентус судијата не да беше џитнат, туку ПРОДАДЕН на Наполи..Она од месечина се гледаше дека е наместено..А и Јуве местеше?Епа си го плати цехот..Две титули,една година во Сериа Б, -8поени...Што дробите сега?Ви е криво што е пред Милан на табелата,во меѓусебните дуели што има подобар скор, и што има 10титули поќе од Милан или што е работата?Знам дека реалноста и фактите ве болат но тие се што се....Ај гитла сега

бек он топик:)
Наполи имаат најлуди навивачи на светот....

Едит. Читав пред некое време, дека планирале навивачите на Наполи да стават пари во кладилница дека Роналдињо ќе потпише за Наполи!Коефициентот ќе бил 100, и со ставање на милион вкладилница, па идење на Роналдињо, земање на парите од кладилница и предавање на парите на Барселона:)Како да се купи Роналдињо за еден милион фунти!:)закон
 
Член од
5 април 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
14
napoli se odlicen tim toa go dokazaa i ovaa godina..........tie se 9-ti na tabelata i so pobeda na siena imaat realni sansi za intertoto kupot
nivni najdobar igrac e lavezzi
nivnite navivaci se edni od najdobrite
 
Член од
5 април 2008
Мислења
1.237
Поени од реакции
14
Дан знае некој од каде дојдоа Лавези и Хамшик во Наполи !? , добри играчи се за 2-3 сезони можно е да се видат во поголемите клубови ..
lavezzi dojde od san lorenco
a ovoj hamisk od bresa mislam(ne sum siguren ne me fakaj za zbor)
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.548
Поени од реакции
1.541
Химната на Наполи испеана од Нино Д’Анџело на наполетански дијалект

 

Kajgana Shop

На врв Bottom