Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.386
Поени од реакции
3.808
Ако дојде на позајмица Жиру до крајот на сезоната е ок. Реално нема топ напаѓач достапен сега во Јануари. Подобро Жиру на позајмица до крајот на сезона од колку да се лупне 60 милиони на некој како Коло Муани.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Не верувам. Мислам дека му е многу добро на Жиру во Милан, и не знам зошто би прифатил да дојде на 6 месеци во Јунајтед.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.870
Поени од реакции
7.268
Ми се слоши кога го видов составов,посебно одбраната,ме потсети на едни не многу убави времиња.
Полека се опоравувам еве.
Среќна нова!

Sent from my SM-G990B using Tapatalk
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.370
Поени од реакции
21.915
Бруно премногу изгубени топки им ја дава во нозе на противникот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.406
Поени од реакции
61.999
Дони е пропаднат, и физички и ментално. Уште само оваа повреда му фалеше. Мора во второ поживо малку. Добро е што водиме, и парот позади не прави глупости.
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.257
Поени од реакции
1.131
Дони е пропаднат, и физички и ментално. Уште само оваа повреда му фалеше. Мора во второ поживо малку. Добро е што водиме, и парот позади не прави глупости.
Мислам дека ова му е крајот на Дони кај нас
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Ми се слоши кога го видов составов,посебно одбраната,ме потсети на едни не многу убави времиња.
Полека се опоравувам еве.
Среќна нова!

Sent from my SM-G990B using Tapatalk
Така добра кохезија има тимот во последно, што дури и Џонс да го видам стартер не би се потресил многу. :)
Сериозно, сите функционираат и се надополнуваат одлично, браво. Вториот и третиот гол ко на плејстејшн.
Нема кои да издвоиш, сите одиграа топ, ете би го посочил Шо за денес.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Ќе видиме колку ќе се надополнуваат против Сити за 2 недели :D неспорно е дека има напредок ама како што и тен Хаг вели, има уште многу работа, Борнмут не е мерило. Челзи ги победи овие, сигурен бев дека Јунајтед ќе победи денеска па и Менги да играше. Капитенот треба да си се врати таму кај што е најдобар, на клупа.
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Ќе видиме колку ќе се надополнуваат против Сити за 2 недели :D неспорно е дека има напредок ама како што и тен Хаг вели, има уште многу работа, Борнмут не е мерило. Челзи ги победи овие, сигурен бев дека Јунајтед ќе победи денеска па и Менги да играше. Капитенот треба да си се врати таму кај што е најдобар, на клупа.
Небитно дали се работи за Бормут или Сити. Зборувам генерално за играта, пристапот.
Нормално дека Сити се уште се неколку чекори пред нас, ама имаме добар моментум, сепак очекувам нешто поразлично од претходната утакмица која не личеше на ништо и беше жива катастрофа.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.372
Поени од реакции
42.562
Шо почна да крева форма откако беше седнат на клупа и полека дојде на нивото на кое играше пред две сезони. Ван Бисака исто покжува знаци на живот веќе 3-4 утакмици, што е позитивен знак. Ако не друго, бар полесно и поскапо ќе се продаде.

Бруно изгледа како да му треба одмор, а богами и Ериксен. Дони баш сега се повреди, кога можеше да поигра и во куповите. Гарначо уште еднаш многу подобар кога влегува од клупа. Марсијал пак проблеми со финишот.

Во главно имавме многу позитивни знаци во второ, ама имаше и контри кои требаше поубаво да се завршат. Шеста компетитивна победа во низа, за прв пат после фуриозниот почекот на Солскјер на старт на 2019та. Имаме две релативно лесни утакмици во куповите, пред 2те дербиња со второ и прво пласираните екипи на таблеата. Ни следува ептен интересен период, а се надевам и победнички. :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom