Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Бидна и Дубравка а?
Солиден трансфер рок. Веројатно не можеше повеќе да се извлече од тоа што добивме. Или требаше да се преплати дебело, како Ентони. Или некаде закасневме со понуда па ни го собраа други.

Сметам дека на тимов му треба нови играчи уште на следните позиции за да имаме квалитетна 11ка: голман првотимец, десен бек, плејмејкер и шпиц. Кај Јунајтед обично како тече сезоната се отвараат нови дупки па од 4 позиции ќе станат 6-7-8 позиции, се надевам дека сезонава нема да е така, дека Ерик ќе вклопи некој отпишани играчи во својот систем, дека некој од "отпишаните" ќе изненади или некое дете од академија ќе се наметне.

Како и да е борбата продолжува, секое коло. Се надевам на победа вечер, Европа лига, некоe купче можеби и топ 4.

In Erik we trust!
Од се ова голман првотимец треба да ни е на последно место, ЦД мора да се купува зашто Варан е стаклен а останатите опции да не ги коментирам подобро
Трансфер периодов според мене е очаен, купија ок играчи ама со купување требаше одамна да се заврши и веќе да беа уиграни играчите а не со фул состав послем десет кола ние да почнуваме
Десен бек не можам да сфатам како не купија па толку ли не можеа негде да ги увалат Далот и Бисака…
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.688
Поени од реакции
5.306
одлично изиграно полувреме...

Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Овој состав плус Касемиро и Антони ветува. Варан само да остане здрав како ја држи одбраната секоја чест.
Фил Џонс ќе го замени ако има потреба.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.421
Поени од реакции
20.125
Одлична игра, инаку од играчиве што дојдоа не дека имаше сомнежи во неговите квалитети ама сепак имав дилеми пред се поради неговата предходна здравствена состојба. Ериксен е многу добар додаток на овој состав и милина е да се гледа такво фудбалско познавање, само да го држи здравјето.
 

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.370
Поени од реакции
21.915
Добро играме, Маласија, и Мартинез се многу погодени трансфери..Уште да се воиграт вака кога ѓи гледам како играат на прва одлично делуваат.. Сега за сега супер изгкледаме..Само нападот малку ми е слаб Депај супер ќе легне во системот на Тен Хаг ама со Дубравка изгледа го завршивме трансфер пазарот..
 
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
После голот застанаа, ама разбирливо, за два дена има нова утакмица. Како и да е потребен е уште еден гол во второ.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Фил Џонс ќе го замени ако има потреба.
Па да ти кажам, повеќе би го задржал Џонс за бекап отколку Мегваер. Милина е да го гледаш капитенот како скапува на клупа. Само паметно да се приведе до крај, да се брцне уште еден гол обавезно и наострени против Арсенал в недела, да покажеме дека и ние имаме коњи за трка :aplauz:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.846
Поени од реакции
10.442
Еланга слабо влегува у простор изгледа така е поставен ама ради тоа се сјебаа неколку акции
Роналдо по се изгледа останува
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Еланга слабо влегува у простор изгледа така е поставен ама ради тоа се сјебаа неколку акции
Роналдо по се изгледа останува
Па кај ќе оди да се слика во туѓ дрес, ене го се загрева да влезе во второ :D
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
381
Поени од реакции
486
Како беше она “се губи овој Тен Хаг…” :icon_mrgr:
Ако продолжат вака, за две години сме топ 3 екипа
 

Kajgana Shop

На врв Bottom