Штета за Гарнер, од една страна криво е дека ќе си замине, од друга страна, која е реалноста ако остане - уште една позајмица, ќе го биде или не, и можно е да замине кога ќе му истече договорот за без пари. За во прв тим не е, гледаме дека не играше ни на припремите, ниту на овие 4 утакмици го има во составот. Беше добар во Чемпионшип, но ПЛ е сосем друго. Многу е тешко за пробивање во прв тим во топ 6 екипите. Има 21 година, треба да игра редовно фудбал. Јунајтед добива 15-20 М од играч од академијата, не се сеќавам кога последен пат сме продале за толкава сума (играч од нашата академија).