Нешто се мислам околу хајпот за Де Јонг, многу е лудо тоа што се случува, Барселона си игра со воа ПЛ клубовите како сака, а ние демек месијата Де Јонг ќе не спасил од сите проблеми.
1.Барселона искешира 5 фудбалери (Не ме фаќајте за збор не ми се мисли и не е битно толку) немала пари демек за Френки, тие уопште не го ценат него, не ни гледат некоја перспектива у него. Инаку ќе најдеа решение, на крај немаше ни да ги купуваат тие играчи ако мислеа озбилно за него. Сакате признаете сакате не морате ама Барселона си направи хајп околу играч што постоеше а никој не го споменуваше и два фудбалски клуба загризаа ако се уопште 2, може само ние да сме и понатаму оти ете и Челзи ќе му ја плател платата и ЛШ ќе му овозможи и пак ништо од трансферот. Реално сега Јунајтед треба да понуди 30м ако сакат ако не друг играч нека си најдат, нека го зачуваат и тоа малку достоинство ако и останало, не само паник бај играчи 5 сезони назад.
Автоматски споено мислење:
П.С. За Јунајтед ,Можеа Кеси да го договорат, евидентно беше дека многу фудбалери ќе си одат од клубот.
- Спичлес сум од официјалната изјава дека Тен Хаг рекол дека верува во тимот шо бил Вице шампион пред година дена и дека сакал сам да се увери а и он и управата знаеа дека Матич(во подобра форма) и Погба си одат, и дека МекФред беа очајни минатата сезона, и демек у Април кога го договорија не им дал сигнал или парче лист хартија дали сака некој играч, па што побогу преговаравте толку, они изгледа се договориле дека треба да се договорат у иднина, не разбирливо она што се случува. Мене ова ми личи дека тие притисокот кон менаџерот го насочуваат.
Буквално ништо не е сменето во клубов. Играчи што се просек им се даваат милиони шанси и им се продолжуваат договори со астрономски суми. Сигурно Рашфорд нема да биде на 50.000 фунти неделно со новиот договор, плус ќе му го шибнат на 4+1, 5+1 некој таков безвезен, ќе го зацементираат во Јунајтед до 30ка, и братот лабаво во наредните 5-6 години ќе си трчка на терен нема да се замара со ништо, а ние ќе си тупиме глава секое коло.
Му истекува договорот следната сезона. Мислам дека имаме опција +1 ама не сум сигурен. Така да затоа е новиот договор иако треба да му дадат ултиматум до Јануари ако се покажи да добие и подобар договор, ако не да се продава уште во Јануари.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.