Свесно ја предадовме топката и одлично ги затваравме сите приоди кон голот. Самиот кажа...по индивидуални грешки дојде резултатот. Првиот гол требаше поспретна реакција да има Варан и Лингард да не го споменувам за вториот. Јанг Бојс немаше некоја конкретна закана освен што кружеше...јас би рекол сами се победивме денес. Прво со несмасната игра на АВБ, а потоа со индивидуалните грешки кои доведоа до гол.
Kaко мислиш, ги затваравме сите приоди кон голот, а примивме 2 гола? Кој им кажа на цела екипа да стои пред свој 16-тник 60 минути? Јас не сигурно.
Ке треба да сфатите дека на Солскаер му фалат муда, најверојатно затоа што нема трофеи зад себе, па нема стискало. На пример, прагматичен тренер би го извадил Роналдо на полувреме и не би му било гајле што ке каже Роналдо. Зошто? Затоа што тој играч ти е корисен кога напаѓаш, нешто што очигледно тренеров наш не планирал да прави во второ полувреме. Роналдо не може да истрча контра, ниту пак може да помогне во одбрана. Некој добро воочил дека се браниме со 8 играчи.
Ван Гал го смени Крул за пенали, истото го направи и Тухел со Менди. Исходот? И двата голмана ги добија пенал сериите. Ние оставивме голман кој нема фатено пенал од 2017-та да брани финале во ЛЕ. Не знам како да дообјаснам дека почнаа да му се трупаат грешки на Оле, кои се неопростливи ако сакаш да бидеш Шампион.
Јас молчев кога Солкаер заеба ствар со Башашекшир, Лестер, Лајпциг, Севиља, затоа што гледав дека има проблем со квалитетот на играчите, но сега веќе тој изговор нема да функционира. Тимот нема менталитет да искубе резултат кога е со играч помалку или кога се битни утакмици, а тоа иде од тренерот. И тоа не е случај само денес. Лингард и самиот Оле
сакаше да го извади еднаш у сред утакмица затоа што даваше топки на противници во нозе. Денес истото го направи.
Среќа е што Севиља и Аталанта завршија нерешено.