- Член од
- 10 декември 2010
- Мислења
- 6.259
- Поени од реакции
- 7.263
Искрено, не очекував ваков трансфер пазар, а богами ни никој овде. Како тргна, 90% не веруваа ни Санчо дека ќе дојде, а не па Варан или Роналдо. Ќе беше супер Џеси и Переира да генерираа дополнителен кеш за да може да се испазари ДМ, ама ајде, ќе ја крпиме работава - ќе даваме повеќе голови отколку ќе примиме.
На Џејмс му посакувам среќа (освен против нас), паметен избор за двете страни. Криво ми е што замина, секогаш давал 100% и внесуваше големо количество енергија, но реално не напредна откако дојде. Пре би го чувал него, отколку Лингард, но што е тука е.
Наредно лето не чекаат нови релативно големи претумбации - заминување на Матич, Мата, Баји, Погба, Кавани, веројатно и Де Геа, Далот, Переира и Џонс. Очекувам Лингард повторно да скубне и да се спаси од бркање бидејки многу големи промени ќе бидат за тимот.
Средината ќе треба да претрпи најголеми промени - вака фали еден, а со заминување на Погба и Матич, барем двајца ќе фалат.
Евентуално гледам надеж едно од тие места да ги заземе Гарнер (ако добро му оди) + Рајс. Невеш би бил идеален исто, ама којзна што наумиле. За шпиц очекувам да се залетаат по Хааланд.
Од сезонава не знам што да очекувам, ради средината. Се надевам Дони ќе поднаучи малце да игра на пивот, а Мектоминеј ќе го служи здравје.
На крајот на денот, ако Оле успее некако да ги ухода сите и да го исполира тимот, очекувам интересна сезона. Барем нападот треба да грми, а противниците да се плашат да искочат од 11. Воопшто не ме охрабрува што уште не научија асално да пробиваат бункери.
Конкуренти најголеми по мене се Челзи - многу заебан систем имаат и одлично се бранат. Тактички се маестрални и делуваат многу стабилно. Сити не се нешто посебно подобрени од лани, Грилиш а бил а не бил, исто му доаѓа. Ми делуваат заситено и прочитано, па можно е да кикснат. Ливерпул исто делуваат бледо, немотивирано и испукано, но можат да поматат калкулации на поедини.