Фудбал гледам од финалето на СП 2002, и како и секое дете Роналдо ми остави впечаток по тој меч и целото лето 2002 роварев со најјаката фризура у маало.
И почнав да навивам за Бразил.
Арно ама, почна сезоната и дознав дека Роналдо ќе играл за Реал Мадрид, па си мислев дека е предавник и му бев лут цела година.
Глупо дете, не знаев како функционираат работите тогаш.
Во летото 2003 најдов еден весник, ми се чини "Вест" беше и имаше статија со наслов "Еден сосема поинаков Роналдо". Се сеќавам на насловот како да беше вчера. Прочитав се, кој е Роналдо, како Бекам направил трансфер во Реал, почнав да истражувам и да се распрашувам за Манчестер Јунајтед, за Фергусон, за несреќата од 1958... почнав да гледам утакмици од ПЛ кои одеа на МТВ тогаш и така станав фан на Манчестер Јунајтед.
18 години подоцна, дури и пред залез на кариера, јас сум среќен што Роналдо се враќа дома. Па нека го предводи тимот до 21-та ПЛ титула и нека биде вториот играч со 6 титули во ЛШ! Или првиот со 7