Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
28 јуни 2015
Мислења
853
Поени од реакции
451
И ние да помирисаме некој поен.

Можности за подобрување има повеќе:
- Нашите бекови на моменти играат многу офанзивно. Не можат на време да се вратат назад, и еве ти шанси за противничките крила.
- Погба може да биде доста креативен, особено во нападот. Сепак, во моментов подобри опции од него се: Ван Де Бек, Фред, и МекТоминеј.
- Рашфорд, Гринвуд и Марсијал треба активно да ја следат играта, а не "да висат" постојано во офсајд.
- Марсијал треба да оди на часови за смирување на топка. Верувам дека Мата не би му зел ни денар за да го научи.

П.С. Препратете му ги забелешкиве на Оле.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
А и Оле многу добро се покажа води против Брајтон и става центарбек да се брани многу добра тактика ццц.
Него му замерувам што последни 20-25 минути со топка не се составивме. Ова е недозволиво. Какво е тоа играње фудбал, шутни ја напред, и брани се нон стоп. Кој требаше да му помогне на Ван Бисака? Сецкање на игра со фаули? Губевме топка по 10-15 секунди у посед. Мурињо вајбс.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Страшно е што зависиме од играњето или неиграњето на еден човек - Бруно.Во спортивно сме бескорисни.Гринвуд е топ талент, ама не е за десно крило зошто нема никаков придонес во градењето на играта.Погба (покрај мизерната форма) ни тој не е за таа позиција на пивот, зошто не толку добар дефанзивно, а се ограничува неговиот креативен/напаѓачки потенцијал (не дека ќе го искористеше во целост), да смени и подобри игра нејке.Сосема доволно од него ќе е да игра малце поише со мозокот и да игра со прости и кратки пасови и откако ќе нема опасност да ја млати топката.Кратко речено да игра holding midfielder ко Пирло, Сколс и Крос, али мисиров не се трга од тоа што зацртал у главата.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Него му замерувам што последни 20-25 минути со топка не се составивме. Ова е недозволиво. Какво е тоа играње фудбал, шутни ја напред, и брани се нон стоп. Кој требаше да му помогне на Ван Бисака? Сецкање на игра со фаули? Губевме топка по 10-15 секунди у посед. Мурињо вајбс.
И јас не можам да сфатам што му е филмот со тоа бранењето водство како Манчестер да е Беневенто, па ќе се пикнеме сите во 16 и ќе ја качиме топката.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Нула перформанс денеска.

Погба и Марсијал го допреа дното, Шо и Линделоф веднаш до нив. Ван Бисака исто изигра преслаба утакмица, овој Марч што го даде вториот гол 5 пати остана сам на неговата страна. Бруно освен асистенцијата на Рашфорд ништо посебно не направи, истото важи и за Рашфорд додуша, кој даде преубав гол.

Да не ја тупам, реално никој не заслужи преодна оцена, ниту пак Јунајтед заслужи три бода. Солсќер пак се просерува, место да решиме утакмица тој вади напаѓач за трет штопер.

Ако после овие 2 кола не сфатија дека не 120, туку 180 милиони треба да дадат за Санчо и око да не им трепне тогаш се ни е џабе. Освен тоа лев бек и уште еден штопер ни требаат очајно. Дефанзивно сме катастрофални, раштиман оркестар.
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Да не ја тупам, реално никој не заслужи преодна оцена,
Де Геа беше добар, Мегваер исто, Матич и Гринвуд солидни. Баји откако влезе имаше неколку добри реакции. Другото гола вода, Рашфорд да не го даеше голот во минус му беше перформансот, Бруно не може пас да погоди, Погба само фаули правеше, Линделоф не сакам да го коментирам.
 
eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.141
Ван Бисака играше добро кога играше човек на човек и кога требаше да стартува. Но кога требаше да покрива простор неколку пати скроз се изгуби.
Ме чуди само чиј простор МОРАШЕ да покрива.....
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Тагни го бе не го штеди @Vladimir1984, он го брани цело време... Рашфорд бил полош :pos:
Не го бранам цело време, напишав после натпреварот против Кристал Палас дека треба на клупа следниот натпревар. Работата е што Погба ви е овде на пик на 95% од фан клубот. Денес беше лош Погба, ама не беше поарен ниту Марсијал, ниту Бруно, ниту Бисака, нити Рашфорд. Рашфорд до голот буквално не постоеше не теренот.

Арно ама, во една таква ситуација најмногу ќе има критики до Погба. Оти не го сакате.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Де Геа беше добар, Мегваер исто, Матич и Гринвуд солидни. Баји откако влезе имаше неколку добри реакции. Другото гола вода, Рашфорд да не го даеше голот во минус му беше перформансот, Бруно не може пас да погоди, Погба само фаули правеше, Линделоф не сакам да го коментирам.
Матиќ можда беше и најдобар. Де Геа ја фати таа на крај, ама реално во него ја шутна Тросар. Како и да е, ете нека има 2-3ца со "преодна" оценка... Сепак, ниту еден не изигра нешто надпросечно. :)
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Проблемот е што нема никаква течност во играта, ни еден пас на прва, примаат топка во место, не гледам како би креирале некоја шанса со ваква игра. Бруно ги имаше тие брзи проигрувања прошла сезона...
 
Нема никакви организирани акции во нападот, Солскјер се има оставено на кретаивноста на играчите. Кога Фернадес игра добро сето тоа делува атрактивно, кога не му оди играта на ништо не личи. Ме чудат кај Фернадес осцилациите во перформансите, или изгледа како Де Брујне или не постои на теренот. Нема средина.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Не го бранам цело време, напишав после натпреварот против Кристал Палас дека треба на клупа следниот натпревар. Работата е што Погба ви е овде на пик на 95% од фан клубот. Денес беше лош Погба, ама не беше поарен ниту Марсијал, ниту Бруно, ниту Бисака, нити Рашфорд. Рашфорд до голот буквално не постоеше не теренот.

Арно ама, во една таква ситуација најмногу ќе има критики до Погба. Оти не го сакате.
Нема врска дека не го сакаме. Нему можеме добрите партии (без грешки, без киксови) на прсти да му се избројат. Се гледа дека кур му е двор му е, си се влечка по полето, си прави акробации. Денеска единствени додавања што ги погоди беа до Бисака и до Мегваер /Линделоф. Еден тон останати промаши. Шо еднаш не го погоди...

Крај краева стереотипите не ги ствараат тие што гледаат од страна. Е така и со стомиљонскиот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.872
Поени од реакции
7.294
Нема никакви организирани акции во нападот, Солскјер се има остваено на кретаивноста на играчите. Кога Фернадес игра добро сето тоа делува атрактивно, кога не му оди играта на ништо не личи. Ме чудат кај Фернадес осцилациите во перформансите, или изгледа како Де Брујне или не постои на теренот. Нема средина.
Стави го Бруно во Сити ќе видиш дали осцилира.
Тоа е играч што сака да е близу до противничкиот гол,ние се браниме длабоко на наша половина,нема со кој да одигра,Матич и Погба не можат да го пратат.
Место да играме висок пресинг ,да не им дадеме да дишат,ние ги оставаме да ни изиграваат Барса.
Ова е убедливо најлошо издание на една екипа што сум ја гледал до сега.
Срамота.

Sent from my SM-A920F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom