Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.505
Поени од реакции
62.325
Па и да не искочи трансферот на крај, он само има кажано дека клубот договорил лични услови со играчот. Истото се збореше и со Санчо цело лето. Така да.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
А замисли дојде и искине, на глава ќе му се качиш на брат ти :blablab:
Брат ми е многу темпераментен лик, јас покрај него делувам флегматик. Никогаш нема да му ја заборавма експресијата кога се нервираше со Нагатомо.

Види го бе, види го. Како може овој фудбал да игра, копито глупо јапонско, најслабиот бек на сите времиња, и така во недоглед.

И сега Манчестер сака да купи играч кој му бил резерва на Нагатомо. :pos:
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.095
Поени од реакции
16.291
А замисли дојде и искине, на глава ќе му се качиш на брат ти :blablab:
Ќе го лежи во рок од 15 минути. Ќе има братоубиство.

Брат му на грешен пас демолираа куќа :icon_lol:

за Марио Гомез велеше дека коќе му дојдат гости на неговите родители овие од срам велеле дека е градинар од шо се срамат колку е неталентиран како фудбалер.

@Vladimir1984 Јас се кладам дека ако се разигра ќе речи - Нормално нормално ние сме проклет клуб кај нас не знаеше топка да води. Кај нас сите се коњи глупи одат негде и се разигруваат. Не не ние сме проклети цццц онај онај ѓупакот португалски ејјј кај нас за кур не го биваше итн итн....:pos:

Реал колку ги неќи невозможно е :pos:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.501
Поени од реакции
6.128
Шознам, и Романо денес имаше пишано дека ќе земеме лев бек и десно крило, пред да излезе за Тељеш инфото. И јас не сум многу возбуден за играчот но да не јадам трици пред време. Статистиката вика дека лани дал 13 гола и направил 12 асистенции, полани 6 гола, 13 асистенции. Импресивни бројки за бек.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135

За Телеш скоро цело лето се врти. Уште пред месец и пол негде имаше некоја шпекулација. Не сум го гледал никогаш, знам само дека има проектил од далечина, уште пред неколку месеци случајно отворив некое видео од него.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Ќе им се ували Рохо или Далот на овие и ќе биде со мала доплата или глава за глава ако иде далот.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Тоа се 40 милиони евра, малку прескапо, ама не е баш Јунајтед во ситуација да бира.
Не е Санчо, ама има играно во ПЛ! Плус ми изгледа стабилен карактер, ако го земат мислам дека ќе ни заврши огромна работа. Ќе го олесни развојот на Гринвуд кој инаку би го силувале на крило за џабе, како Мата на времето. Плус ако се погоди и пола од тоа што мислам дека ќе го биде, за на зимо или следниот преоден рок, нема адут Борусија да изиграва примадона!
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
На Санчо за да му падне цената треба мноогу лоша сезона да има или да се повреди, инаку пак ќе му е околу 120м а можда и повеќе ако има јака сезона и ЕП.
Така да нонсенс е да го чекаат.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
На Санчо за да му падне цената треба мноогу лоша сезона да има или да се повреди, инаку пак ќе му е околу 120м а можда и повеќе ако има јака сезона и ЕП.
Така да нонсенс е да го чекаат.
Како сака нека игра, ако остане 100+ не оди, памти ми го муабетот! Па и ПСЖ да го бара поефтино ќе отиде!
Овие 120 милиони се сега, ако продолжи сезонава без или со 30-40 % капацитет на публика, ќе има кастрења на буџетите охохо!
За Телеш скоро цело лето се врти. Уште пред месец и пол негде имаше некоја шпекулација. Не сум го гледал никогаш, знам само дека има проектил од далечина, уште пред неколку месеци случајно отворив некое видео од него.
Јас во Италија дали еднаш-два пати го имам гледано, после се изненадив кога го видов во Португалија! Искрено ни првиот, ни вториот пат не ме импресионира.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.230
@fennel

Мбапе догодина најави дека планираи да си бега од ПСЖ. ПСЖ ќе бара алтернатива за него и сигурно дека ќе запнат по Санчо. Имај во предвид дека и Ливерпул би имал шанса да се замеша во зависност од ситуацијата со Салах. Сигурно дека и некој друг голем клуб би го пробал како опција. Оваа година немавме конкуренција за негов потпис, следната ќе е пекол...
 
Милион работи можат да се сменат до другата година, ние отсега го предвидовме трансфер маркетот за следното лето. Ама ај ако веќе почнавме, ПСЖ не гледам како е конкуренција за Санчо, ликот делува амбициозно, не верувам дека би сакал да игра во смешно првенство со еден кандидат за титула. А Мбапе ако замине, секако ќе оди во Реал, што го исклучува Реал за Санчо. Ливерпул ги има Салах и Мане по крилата, мора да продаде еден од нив за да го земе Санчо, сигурно нема да дадат 120 милиони за резерва. Друг клуб баш и не гледам, во Сити колку што знам не сака да се врати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom