Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.664
Kaжи ми еден играч што го имаш забележано по послабиве екипи дека го прави она што денес го правеше Переира? Еден само. Последен што ми текнува беше Бакајоко во Челси, кога попи црвен во прво.

Ја ваков катастрофален перформанс од играч немам видено со години. А го имам гледано Лингард откако знам за себе. Од мака еден пас ке погодеше.

Тука тренерот е најголем виновник што го остави играчот што:
- Не знае да шутира
- Не знае да дрибла
- Не знае да втрча
- Не знае да задржи топка
- Не знае да даде пас

Цели ебани 70 минути во игра. Нели гледаат на клупа, мене покрај лап топот живци ми искина, они на клупа би требало 5 пати да се понервозни.

Направи еден глуп фаул по кој Волфс доби шанса да нафрли, за да после 5 минути направи уште еден глуп фаул со кој Волфс доби прилика да шутира. На врв на сето ова, во второ го закачи да игра крило, на сметка на Бруно Фернандеш, зашто овој правеше премногу глупости во прво. Неверојатно. Играч што требаше да го смени во 30-та минута, остана да игра до 70-ма. Измената во 89-та не ја ни коментирам, тим кој иде на победа прави измени далеку порано.

Колку и да вината на тренерот, толку е и во повредите. Цел среден ред беше крпен денес, повредени и Матиќ, и Скот и Погба. Бруно со пациентиелава околу него што не можат пас да погодат, толку може. Комично беше што им дава топка over the top, Џејмс кутриот не ни вртча, зашто не се ни надеваше дека има кој да му даде таква топка.
Па тоа зборам и јас, може ние да го оправдуваме Солскјер дека Переира не го бива и толку може да извади со него на терен, ама јас ли го пуштам Переира да игра прв тим секоја утамица? Пробај нешто друго дури ги нема Скот и Погба, смени тактика и пристап, кои и онака не фукнционираат со мочково на терен.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Па тоа зборам и јас, може ние да го оправдуваме Солскјер дека Переира не го бива и толку може да извади со него на терен, ама јас ли го пуштам Переира да игра прв тим секоја утамица? Пробај нешто друго дури ги нема Скот и Погба, смени тактика и пристап, кои и онака не фукнционираат со мочково на терен.
Алтернативите му се повлечен Бруно Гомес на 10ка, Џонс у пар со фред у средина, Линделоф/Мегваер у средина неизбраниот со Џонс у одбрана.:toe:

Лингард не е ни избор.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.651
Поени од реакции
9.230
Не сакам ниту јас Переира да биде стартер, ама за вчера кои играчи ги имаше Оле на располагање да ги игра на тој дел од теренот? Само тие тројца што беа на теренот. Остајте алтернативите со Џонс и Линделоф на ДМФ.

Значи Переира, издишан Џејмс, Мата мора да стартуваат како резултат на причинско последични сплет на настани како резултат на тенок ростер. При состав со фит Погба, Скот, несуспендиран Матиќ сигурен сум дека Переира нема ни да помириса клупа.

Ете вчера уште по 45 минути се мислам што може да направи Оле со играчите од клупа за да го освежи протокот на топката и да бидеме поопасни. Гринвуд само беше очекувана опција и се случи, иако на сите ни беше јасно дека против толку блиски 2 линии тешко може да се снајде. Не ми текнуваше ниту друга креативна идеја која Оле можеше да ја имплементира за да сме поопасни па да речам Оле згреши со ова и ова. Тој е ростерот, за жал имаме премногу важни играчи кои што се повредени.

Претешко ќе биде да играме за топ 4. Челзи се неконстантни, ама за жал сите киксови нивни не ги искористивме.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Добар беше Бруно вчера, скептик бев за него и уште сум но се гледа дека разбира. Со Рашфорд очекувам да врзат добро партнерство, само и него да не го форсираат назад пред одбрана само затоа што нема кој.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.626
Поени од реакции
7.201
Бурно го играше назад принудно пошто Переира таму по 100 глупости во минута праеше, ете зато второто играше таму Бруно

Секое второ коло ни се укажува шанса да се доближиме до 4 место и нон стоп ја пропуштаме, не дека и сега е којзнае колкава разлика, ама друго ќе беше на 3 бода од Челзи и директен дуел со нив следно коло...
Знам точно зошто се повлече бруно перира требаше да се повлече уште на полвреме ама тоа е надевам само ќе се вратат Погба или Мектоменеј после паузата и ќе имаме повеќе избор
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Добар беше Бруно вчера, скептик бев за него и уште сум но се гледа дека разбира. Со Рашфорд очекувам да врзат добро партнерство, само и него да не го форсираат назад пред одбрана само затоа што нема кој.
Со Матич и Мектоминеј на располагање Бруно може да се стави на осмица или десетка! Треба да е понапред поради ударот што го има! Мислам дека Погба нема да игра за нас, инаку со враќање на сите, би била перверзија:P од среден ред!
Тогаш може и да се одмори Марсијал, со ротирање на Гринвуд, Игало, Мата покрај Рашфорд ..... макар што мислам дека од Марсијал нема ништо да испадне! Што порано му се најде замена, тоа подобро за сите!
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Со евентуално земање на Медисон за следна сезона, мислам дека ќе игра поназад Фернандеш. Иначе вчера доста добро се снајде и на таа позиција.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Сега колку ќе одмараат? Ќе одат ли во Дубаи
У Марбела ќе одат, само изгледа ќе имаат неколку слободни денови да излуфтираат мозок т.е. да заборават дека Переира, Лингард и Мата им се колеги.

Ниедна критика за Мата вчера, од што е криминален Переира и мртов Џејмс, маркиран Марсијал не доаѓаше толку до израз Мата.Типот добри 60% од нападите ни ги заебуваше со тоа што ќе врати топка назад или тој ќе се врати назад за да избегне маркер/фаул (а со тоа губи време и Вулвс се комплетираа) или едноставно ќе направеше пас до погрешен играч зошто го чува некој или е блокиран.Следен играч за бркање после Џонс и Лингард ми е Мата, типот се прошлепа годиниве и е се помизерен.

Многу јак момент ми беше вчера кога пробуваа да повлечат полуконтра преку Бруно и Ван Бисака му беше залепен на 2 метра од него место да шири и тука Бруно одма му сугерираше бегај на страна.Искрено ќе му треба време за адаптација на Бруно, пред се физички.Многу ме потсеќа на Фред лани, кога беше само физичко присуство што трча бездушно(во однос на пресинг).Инаку мислам ќе го биде, одма ги командаше играчиве, имаше добри пасови, не беше фиксиран централно, се шеташе лево десно зависи од игра + имаше осет за пас и креирање.Прејако ќе беше да ја згазнеше у гол таа топката у прво ама јбг.Сума сумарум има фубдалски мозок, карактер и work-rate само да се привикне на премиер.

ПС: Мегваер игра прејако прошли 2-3 недели, ко прав командант е.Многу кејф ми прави коа ќе ги нема везњациве да повлечат/креираат или ќе примети Хари дека не ги бива и сам ќе земе топка и ќе повлече напад.Буквално шо ве е*ам им вика :D
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
ПС: Мегваер игра прејако прошли 2-3 недели, ко прав командант е.Многу кејф ми прави коа ќе ги нема везњациве да повлечат/креираат или ќе примети Хари дека не ги бива и сам ќе земе топка и ќе повлече напад.Буквално шо ве е*ам им вика :D
Harry Maguire’s game by numbers vs. Wolves:

94% pass accuracy
4 tackles won
2 blocked shots
1 clean sheet

Можам да замислам каква одбрана ќе имаме да се донеси и Кулибали, назад со Мегвајер заедно :) Иако и вака доста солидно изгледа одбраната со повремени киксови од Линделоф
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Истото ми падна у очи во средина нема никој десно 3ца оди па креирај
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.279
Поени од реакции
6.536
Е вакви работи се средуваат на тренинзи. Без разлика дали е тоа Лингард, Переира или некој играч од наша лига, со правилна работа на тренинзи, со правилна филозофија, овие работи, па и со моменталниве играчи не би се дешавале. Мене тоа ме плаши и затоа немам доверба дека Оле може да биде успешен. А поминеме на противничка половина, ние сме распад систем, делува ко да сме без компас, играчите не знаат каде треба да бидат. Па затоа имаме многу често ситуации како на видеото, тројца набитани покрај аут линија на 15 метри, а средината зјае празна и во таква ситуација на противникот му е многу полесно да се брани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom