Не било до Вудвард, до кој е? Па од 6 летни трансфер периоди во 4 озигра катастрофално.
Треба ли да се спомене првото негово лето со Мојс? Очај. Врв беа дешавките со Ерера тоа лето.
Следните 2 со ЛВГ изнакупи еден куп просеци и потрошени фудбалери ради реда откако не успеа да му ги купи трансфер целите на Луј.
Е со Жозе беше многу подруго. Барем првите 2 нивни заеднички лета. Ибра, Погба, Бејли, Мики му ги донесе првото лето, второто Матиќ, Лукаку, Линделоф. Муки пекаше уште за десно крило, не успеа да му го донесе Бејл а реално и немаше други квалитетни на пазарот. Затоа пак во јануари му го испорача Алексис со се пијано. Е во третото ја посера за сите трансфери кој му ги донесе. И уште неопоравени од тоа лето, следното не доотепува уште толку.
За назначувањето на тренери со сосема различни филозофии да не зборувам. Тоа е дури и полошо од фијаското ао делот трансфери.
Додека тој човек е на чело на Јунајтед тешко дека ќе оди на поарно работата.
А Оле и да има знаење и да е кадарен за нешто повеќе со овие играчи толку. Но во моментов е одговорен и повеќе од Вудвард за хаосот што се дешава и ако го сакнат сам ќе си е крив.
При таков епилог ниту Покетино ниту Алегри ги сакам. Би го земал Тен Хаг од Ајакс во пакет со ВДС за ДОФ.