Имаме проблем што очигледно и Оле е тврдоглав лик. Тоа е очигледно со неносење на ниту еден креативен играч и напаѓач како замена за Лукаку. Прави простор за Гринвуд, но не форсирај го тоа толку на сила. Сега ќе полни 18, допрва доаѓа неговото. Истата грешка со Рашфорд се направи во минатото. Во средината остануваме со Мата, Переира, Матиќ и Фред. Моментално не се играчи за ниво на тим кој треба да атакува на топ 4. Си заминаа Ерера и Фелаини и не се доведоа квалитатн замени. Се остава МекТоминеј во кал кој мора да се признае дека изгледа како да играл пар сезони на високо ниво пред другиве околу него. Офанзивно се крстиме во Џејмс, дете кое требаше да биде ротационо решение.
Тука не е управата виновна затоа што за играчите кои ги сакаше му застанаа зад него. За Мегваер и АВБ не штедеа ни пени. Да запнеше по некој офанзивец ќе му го доведеа без проблем. Ама тој е задоволен со Мата, Переира, Матиќ, Лингард и Рашфорд.
И да бидеме начисто. Под давање шанса на млади се мисли на Гринвуд, Чонг, Гомес и Туанзебе, а не на Переира и Лингард. Објективно првиве имаат потенцијал (кој повеќе кој помалку), но се далеку од компетитивно ниво за да се сметаат како бекапи кои ќе го издигнат нивото. Вториве двајца се големи просеци кои ни во Астон Вила не би играле во прв тим.
За жал, не гледам ништо позитивно во моментов. Да имавме некоја промена која стварно ќе беше видлива и резултатите да бидат од причина на младост, неискуство, недостиг на среќа ќе верував дека ќе има нешто позитивно во периодот кој следува, но вака не.
За крај, мислам дека Оле имаше одлична шанса да се покаже како предводник на Јунајтед од причина што беше во предност пред неговите претходници со тоа што беше 6 месеци на кормилото пред новата сезона и веќе знаеше на кои играчи треба, а на кои не треба да смета, а со тоа следствено да бара адекватни играчи кои ќе му бидат под мерка. Нешто подзачисти, нешто среди (одбраната), но остави многу дупки непополнати со квалитет.