А нели мислите дека не се засилија кај што треба зошто не сакаат да трупаат ханзапласт играчи за да те изгураат само сезонава додека ги донесат тие што сакаат, зошто пак после ќе треба сосила да ги бркаат од клубов? Да не мислите дека јас се согласувам со ова ама ја земам во предвид и оваа појдовна точка и ми држи вода. Памтите и Фергусон не сакаше да земе крило ни на позајмица кога Валенсија скрши нога и Гигс стискаше заби пола сезона, играше секоја утакмица?
Не, мислам дека не се засилија заради тоа што имаме неспособна управа да работи на неколку трансфери истовремено. На пример, Санчо и Ериксен, разбирам зошто не ги донесоа. Но, не разбирам други 2 трансфера, да не кажам tier 2 играчи, кои би биле на помал договор, временски.
Трансферите за кои сега се кука се:
- Играч од среден ред, во зависност од тоа каде сака да го игра Погба. Ако и даље инсистира на оваа повлечена позиција, да купи 10-ка која знае да даде пас. Кој и да донесеш, не може да има полоши бројки од Лингард, кој откако го остави онаа бушавата, не може стадион да погоди, а не гол.
Кога се знаеше дека ке ни фали играч на оваа позиција? Фелаини отиде во Јануари, Ерера си кажа уште во Април дека не продолжува договор.
- Напаѓач за ротација. Искрено, молев бога да го донесат Манџукиќ барем на 2 сезони. Играч кој дава се од себе, и кој знае да игра со глава и нема проблем да седи на клупа.
Кога се знаеше дека Лукаку ке си оди? Уште во Април. Не гледав никаков ризик во евентуалниот трасфер на Манџукиќ, зашто нити ке стопираше развој на некој од младиве, а ке донесеше толку многу разноврсност во тимов, и е баш ханзапласт играч, ко што викаш, на кого ваљда нашиве немаше да му начукаат подолг договор од 2 години.
Не мислам дека овие 2 трансфери ке не направеа конкуренти за титула, но сигурно ке ни ја засилеа позицијата за во топ 4, нешто што очајно ке ни фали за наредна сезона, ако сакаме да работиме на посериозни трансфер цели, вклучувајки го и Санчо.
Страв ме фаќа за топ 4 сезонава, зашто и даље немаме десно крило, немаме замена за главниот напаѓач, на 10-ка крпиме со Лингард, Мата и Переира, се дур ваљда не се свести Оле да го проба Погба таму со Фред и МекТоминеј зад него.
Немам проблем со ребилдингов, ама да одржиш некое ниво, а не да се тресеме за топ 4. Го спомна Ферги кој кога правеше ребилд никогаш не заврши под второ место.