Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
@аце_настески Да Да, затоа лани пред нас завршија + освоија ЛЕ.
Доволно беа од старт да играат Канте, Рудигер и Алонсо, со петите на Рашфорд и Погба немаше да припариме до гол. Како што кај нас место Бисака и Мегваер да играа Смојлонг + Јанг.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Алонсо, Канте, Пулишич, Вилијан, Рудигер..
Не ме сфаќај погрешно ама сигурно и нас со пола екипа повредена кога ќе не расшамара некој, си се спушта на земја дека пола екипа ни фалела.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Никогаш ниту сум листал ниту ќе листам статистики, јутјуб видеа, фалби по фејсбуци и твитери. Коментирам за тоа што го гледам на утакмицата и отварам форум пред следна. И не следам рекла-казала профили по соц-ванабефејмос мрежи. И АВБ - - ДЕНЕСКА-- искина.
Mislev za ovde na forumov, nebitno onaka te popraviv deka barem za Bisaka ima pofalbi

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Не ме сфаќај погрешно ама сигурно и нас со пола екипа повредена кога ќе не расшамара некој, си се спушта на земја дека пола екипа ни фалела.
Затоа ко почна мечот пишав дека ова ако не го добијаме што бараме во топ4. Нивни проблем што ни играа со тие играчи и победата си е преслатка, ама многу летаме. Треба фактите да ги гледаме а не да ги преувеличуваме работите. Презадоволен сум од одбраната од тоа што го видов на мечот АМА ако беше толку совршена одбраната немаше они да имаат 2 стативи. Тука веќе беше и одбрана совладана и Де Геа и сите.. факт.
 

eternum

-- 21 incoming ? --
Член од
27 јуни 2007
Мислења
1.023
Поени од реакции
1.141
Mislev za ovde na forumov, nebitno onaka te popraviv deka barem za Bisaka ima pofalbi

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Ондак пиво од мене, пошто повише фалби за мекГви прочитав отколку за АВБ. У секој случај со одбранава сме топ. И тоа ми се свиѓа. Следно е примадониве малку да си го спуштат егото а да го дигнат перформансот.
Автоматски споено мислење:

Не ме сфаќај погрешно ама сигурно и нас со пола екипа повредена кога ќе не расшамара некој, си се спушта на земја дека пола екипа ни фалела.
На зез - и нас ни фалеа клучните Џонси и Смолси, со нив у игра ќе беше помалку стативи а повише голови и нервози за Давид
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Од мобилен сум не можам да ти цитирам се, ама доста трици се изедоа за напаѓачите биле мајмуни, црнци, Господ да ни е напомош, се плеткале итн.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
А што демек не се црнци и мајмуни? Чек сега кога ќе им се дигнат акциите после овие 4:0, имаме уште забава ние!
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
@аце_настески Да Да, затоа лани пред нас завршија + освоија ЛЕ.
Доволно беа од старт да играат Канте, Рудигер и Алонсо, со петите на Рашфорд и Погба немаше да припариме до гол. Како што кај нас место Бисака и Мегваер да играа Смојлонг + Јанг.
Хазард.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.490
Поени од реакции
4.042
Переира е чист просек. Жал ми е за него, но .... Има капацитет тимот, голема штета што не се купија уште 2 добри играчи во средина.
Свадбарот Фред не може место на клупа да фати :pos:
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.257
Поени од реакции
1.131
Не ја гледав утакмицата,ама дечки победа против челзи и тоа 4 спрема 0,мора да им се честита на момците,само така нека продолжат,исто така мислам оваа сезона ке е приоритет што повисок пласман во ПЛ,а во ЛЕ нема да се трошат првотимците и ке се даде шанса на сите,а од нареден трансфер период ке се чистат кои не се покажат дека се за во тимот и ке се носат нови играчи
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Не ја гледав утакмицата,ама дечки победа против челзи и тоа 4 спрема 0,мора да им се честита на момците,само така нека продолжат,исто така мислам оваа сезона ке е приоритет што повисок пласман во ПЛ,а во ЛЕ нема да се трошат првотимците и ке се даде шанса на сите,а од нареден трансфер период ке се чистат кои не се покажат дека се за во тимот и ке се носат нови играчи
Бро од 2013 се чисти ѓубрето што не се покажало и смета во тимот и според досега прикажаното сите тие се сеуште во тимот. Незнам од каде овој оптимизам ама добро
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Бро од 2013 се чисти ѓубрето што не се покажало и смета во тимот и според досега прикажаното сите тие се сеуште во тимот. Незнам од каде овој оптимизам ама добро
Ole kje go likvidira visokot, bez panika. Eve nikoj od cb ovite sto se blamiraa niz godinive ne bea vo sostavot.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.494
Поени од реакции
6.121
Дармиан се договорил со Интер за следната сезона на фри.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Дечки, знам дека е прва утакмица и дека ништо не морат да значит за понатака ама морам да ви ја пофалам екипава вчера како се справуваше со пресингот на Челзи прво полувреме (кој беше висок и доста брз) и сум пријатно изненаден.
На Погба ко ќе му се играт фудбал не можиш да му се приближиш а не пак да го чепниш. Со таков играч во екипа кој шо можитда играт смирено ко ќе е нападнат од еден или двајца играчи (јес да изгуби 2 топки зш проба да изнудит фаул, али јебига то е мана на секој зналец во фудбалов), играч како МкТоминеј е солиден партнер од проста причина шо играт наједноставно шо можит и + е доволно поткован за во дефанзива. Не знам како ќе е кога ќе требит да се бркат водство, али вчера мислам дека средината вотранзиција од добрана во напад ви делуваше многу добро.

Рашфорд и Марсијал ако само малце ја упростет нивната игра како индивидуално, така и взаемно и комбинирет попросто наместо со пети и лажњаци может да бидет новите Јорк и Кол во Манчестер (мое мислење:) )

И да, Ван Бисака е животно :cool:
Автоматски споено мислење:

 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
1565607362453.png

Искрено и покрај вчерашните 4-0, не би се хајпал превише за сезоната и тимот зошто да игравме со Ливерпул или Сити мамето ќе ни го расплачеа уште во прво полувреме, одбраната у прво беше многу некоординирана и на моменти личеа на странци што донекаде е разбирливо, Мегваер 3 дена вежбал со тимот, но ВанБисака и Шо беа апла изгубени на моменти(ВанБисака еднаш на центаршут му влезе на Линделоф и топката ги одмина и стигна до играч на Челзи, по што мислам дека погодија статива, Шо имаше среќа Мегваер да го вади).
Сепак разбирливо е, првпат играат заедно и допрва треба да се воигруваат во второ полувреме беа перфектни

Средината највеќе ме разочара вчера со акцент на Погба, типот беше мизерен и не смее повторно на дерби да игра на таа позиција.Премногу е неодговорен, се заебава и дрибла во делови од теренот каде што може да настрада тимот + остава многу простор кога оди напред и џогира кога ќе го поминат.Вчера преку 10топки даде директно во нозе на играчи од Челзи, што е неприфатливо, среќа МекТоминеј му ги чистеше пиздариите.Исто го оставаше МекТоминеј да виси вчера во многу ситуации, инаку Скот беше по мене одличен во извршување на своите задачи.

Нападот у прво беше апла смотан, со акцент на Рашфорд и неговите глупи пети и ужасен decision-making, да не дадеше 2 гола би го ставил со Погба у најслаби карики за вчера, во второ се подоправи малце.Исто и Марсијал не беше нај нај во прво, ама се среди и тој.Многу нема да се сложат, ама Џеси изигра супер по мене кога играше на 10ка како скија типот меѓу противниците, како изнесува топка меѓу редови и поврзува средина со напад, секоја чест.Има фудбалска интелигенција во него, мислам дека 10ка му е најприродна позиција, зошто знае да поврзе редови, да прочита игра на тим и да направи добар дупли пас, плус е во позиција за шут кога игра централно.На крило кај што треба да се иде малце поиндивидуално не му лежи баш.
Переира по се ќе испадне само squad-rotation player, одлична техника има ама му фалат други работи.Вчера од нигде никаде извади асистенција, иначе беше дух.

Одбраната се гледа дека е подобрена квалитативно, ВанБисака е играчиште ме фасцинира со која ладнокрвност игра да поработи малце на офанзивата и ќе биде чиста 10ка.Мегваер столб, одма почна со командање.Вчера при 3-0 ги строел позади да не се опуштаат и да обезбедат clean-sheet.Башка ко шо рече Мурињо и Линедолоф покрај него личи 2 класи подобар.Шо беше изгубен на моменти.

Сума сумарум стравовите за зрелоста на водечката тројка Рашфорд, Марсијал и Погба се оправдани, сеуште не се убедливи.Ако цела сезона зависи од Погба, тогаш ќе биде тежок roller coaster сезонава.Позитивни работи беа што транзицијата и брзината на транзиција е драстично напреднатар и е можеби на ниво со онаа од времето на Ферги коа играа Роналдо, Руни итн.Имаше мерења од чистење на одбраната до головите, околу 15 секунди поминувало до головите што е страшно добро и одамна не сме имале толку добра контра.
Исто приметив дека малце се губеа дефанзивците на Челзи на моменти, кога Марсијал и Рашфорд мењаа позиции и се мешаа, Зума ептен излетуваше од позиција кога Марсијал одеше на крило, што може да биде многу ранливо и опасно.Рашфорд се бунел малце дека е тешко да игра крило ради дефанзивата, ама дефинитивно Марсијал на 9ка и он лево крило е боље комбинација него обратно.

ПС: Прав тест ќе е наредната утакмица со Вулвс зошто не не напаѓаат баш и се компактни во одбрана, да видиме дали ќе можат да се снајдат со таква одбрана, реално со такви одбрани мака мачиме годиниве.Олеснителен факт е тоа што играат лига европа вулвс пред нашот дуел па можеби ќе се изморени.


How Solskjaer masterminded Manchester United's blistering counter attack play vs Chelsea

Препорачувам да се прочита, добра анализа на тактиката што ја направи пресвртницата на натпреварот вчера.Сепак Солскер имал остро око за дупките на Челзи.

1565613339153.png

Пример: Некомпактен пресинг, огромна дупка оставале меѓу одбрана и напад при пресинг.

Втора финта му е што ги оставил штоперите на Челзи да дојдат до средина со топка, па дури тогаш ги притискале за да имаат повеќе простор напаѓачите да ги претрчаат при евентуално пресекување на топка.Ова апла ми падна во очи вчера, зошто се чудев зошто не притискаат, а Оле збореше дека ќе играат пресинг + кога играа со Интер, сите беа у противничка половина при што пресингот беше екстремен, дури и за Клопов Ливерпул.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom