Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Тимов во нормалните години се потпираше на млади и мотивирани играчи кои сакаа да се докажат и да покажат дека им значи нешто дресот. Оваа година конечно имаме доста играчи кои сакаат да играат за Манчестер Јунајтед и мислам дека нема потреба од песимизам. Останува да видиме кој ќе биде во право а и да не заборавиме дека не е ова Фудбал менаџер па ај ќе го купиме цел свет.
Да, ама тие млади играчи секогаш имале класа фудбалери до нив кои им помогнале да прераснат во играчишта. Па после тоа тие самите биле ментори на новата генерација, итн, итн. А ние моментално.. освен Погба, кога му се игра, немаме класа играч. Плус може да ти набројам мал милион играчи кои биле прав хит како младинци ама буквално пропаднале во земја за нецела сезона. Ако мислиш дека е паметно да се пуштат Гринвуд и Гомез во ваква недефинирана средина како што е Јунајтед моментално ондак океј, ама јас не би се согласил искрено.
Автоматски споено мислење:

Се ќе зависи колку ќе бидат константни Рашфорд и Марсиал во форот и Погба во средината. Ако распукаат овие тројца со средена одбрана можеме да атакуваме на топ 4. Значи ако се спремни да го носат на плеќи тимот и да бидат носители ова е нивната сезона.
Муабетов твој кажува колку е трагикомична ситуацијата во Јунајтед моментлано. Ако се спремни Рашфорд, Марсијал и Погба да го носат тимот на плеќи може да атакуваме на Топ 4. Пази, ни треба најдобрите играчи да ни се константи за да имаме шанси да фатиме место во ЛШ. Ако ни се амбициите да атакуваме на топ 4, поарно 10ти да завршиме што е до мене. :)
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Паднавме на тоа да се надеваме нашите играчи да се надминат себеси за да стигнеме до ебено 4то место.

Ланскиот Тотенхем за овој Јунајтед е Барселона од ерата на Пеп.

Се согласувам со коментарите погоре, севкупно сме послаби од лани, подобри во одбрана но послаби во напад и средина. Се надевам барем на младите Гринвуд, Чонг и Гомес ќе им дадат шанса, неможе да се полоши од ланските Мата, Санчез и Лингард.
Океј е да коментирате, ама ова више преминува у сечење вени и драмење ко 7мо одделенка пред систематски.Ланскиот Тотенхем бил Барса за нас, шипки варени.Се освен Ливерпул и Сити лани беше мизерија, со акцент на Јунајтед(прокуваа после 3те месеци, за мурињо не треба да се збори), Арсенал, Тотенхем и Челзи.

Фелаини и Ерера ги убивте од пцуење и ругање последни 5 години демек дрва, неталентирани идиоти, коњи, овие ли се играчи за Јунајтед, сеа Кин и Сколс ги праите, дај одлучете се :icon_lol: Проблемот во средина е што сме тенки а треба да играме и ЕЛ.Тимот е подобрен од лани зборете што сакате, Ерера беше неконстантен, Фелаини лево сметало и колку на папир да го има само.Скот може да го замени Ерера без проблем.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Еееее другари.. допрва ќе имаме проблеми. Допрва никој нема да сака да дојде кај нас. И нормално, кој сака да иде во смешка од клуб за кариера да си расипе?
Со оглед на тоа што Оле најавуваше чистки и радикални промени, а ништо од тоа, му давам време максиум до нова година.
После тоа пак ќе земат некој привремен, пак наредно лето нема ништо да купат и се така во круг дур копилињава амерички не го исцицаат и последниот цент па после клубот да го продадат на арапи. Меѓувреме играчи пре би одбрале Тотенхем него ли кај нас.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.503
Поени од реакции
6.129
Океј е да коментирате, ама ова више преминува у сечење вени и драмење ко 7мо одделенка пред систематски.Ланскиот Тотенхем бил Барса за нас, шипки варени.Се освен Ливерпул и Сити лани беше мизерија, со акцент на Јунајтед(прокуваа после 3те месеци, за мурињо не треба да се збори), Арсенал, Тотенхем и Челзи.

Фелаини и Ерера ги убивте од пцуење и ругање последни 5 години демек дрва, неталентирани идиоти, коњи, овие ли се играчи за Јунајтед, сеа Кин и Сколс ги праите, дај одлучете се :icon_lol: Проблемот во средина е што сме тенки а треба да играме и ЕЛ.Тимот е подобрен од лани зборете што сакате, Ерера беше неконстантен, Фелаини лево сметало и колку на папир да го има само.Скот може да го замени Ерера без проблем.
Па види кој играчи ги има(ше) Тотенхем лани а кои ги имаме сега ние. Кејн, Ериксен, Сон, Али, Лукас, Сисоко наспроти Погба, Марсијал, Рашфорд, Мектоминај, Матиќ...

Одбраните не би ги споредил, но ајде да кажеме дека сме тука некаде.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Да, ама тие млади играчи секогаш имале класа фудбалери до нив кои им помогнале да прераснат во играчишта. Па после тоа тие самите биле ментори на новата генерација, итн, итн. А ние моментално.. освен Погба, кога му се игра, немаме класа играч. Плус може да ти набројам мал милион играчи кои биле прав хит како младинци ама буквално пропаднале во земја за нецела сезона. Ако мислиш дека е паметно да се пуштат Гринвуд и Гомез во ваква недефинирана средина како што е Јунајтед моментално ондак океј, ама јас не би се согласил искрено.
Автоматски споено мислење:


Муабетов твој кажува колку е трагикомична ситуацијата во Јунајтед моментлано. Ако се спремни Рашфорд, Марсијал и Погба да го носат тимот на плеќи може да атакуваме на Топ 4. Пази, ни треба најдобрите играчи да ни се константи за да имаме шанси да фатиме место во ЛШ. Ако ни се амбициите да атакуваме на топ 4, поарно 10ти да завршиме што е до мене. :)
У фаза на rebuilding сме, не знам што те чуди.И Мурињо и ЛВГ и Мојс бараа минимум 3 години да направат солиден тим.Со оглед дека филозофиите од тренер до тренер варираат од небо до земја, ко ќе видиш пак сме на 0.Се гледа јасна идеја за како треба да изгледа тимот, јасен профил на играчи кои се потребни и одговараат и по мене е најдобра за сеа.

Плачете по Ериксен и Дибала(демек клубот немал шампионски амбиции) а идејата е да се носат играчи што им се игра, а не да снимаат реклами.Кога снимаат реклами и се ваљаат по терен на клоци ги бркате.За сега се е како што треба, освен можеби за средината ќе им се замери малце, реално на оној бруно му се игра билокаде, ама чим процениле дека не е толку квалитетен за парите, нека бркаат друга работа.

ПС: Топ4 ни е цел веќе добри 6 години.
Автоматски споено мислење:

Па види кој играчи ги има(ше) Тотенхем лани а кои ги имаме сега ние. Кејн, Ериксен, Сон, Али, Лукас, Сисоко наспроти Погба, Марсијал, Рашфорд, Мектоминај, Матиќ...

Одбраните не би ги споредил, но ајде да кажеме дека сме тука некаде.
Знам дека туѓото е послатко, ама ептен тапа се/беа тотехнем.Во лига и ЛШ беа ептен тапа(освен утакмицата со Сити кога продужија, Ајакс на среќа и кондиција ги фатија ништо поише, во двете утакмици генерално беа надиграни, финалето мизерија).Кејн добар, Сон добар, курено Али откако се проби ништо поише од Лингард нема напраено освен шо гејма фортнајт и се курчи ко петле некое, Лукас први 11 не може да фати, Ериксен лани беше дрво и неконстантен, а не ми се верува дека Сисоко си го пишал, поголемо дрво од него амин, Матич и Мектоминеј се бог и батина за него.

Лукаку колку и да се хејта е квалитетен и world-class, Марсијал и Рашфорд исто се опасни, Погба е играчиште, после ги имаш Џејмс, Гринвуд, Чонг и Гомес.Дечкиве очекувам да имаат океј сезона ако им се даде прилика.Лингард исто очекувам добар да е, му лежи стилот, одморен е и без повреди за разлика од лани.

Одбрана имаа подобра од нас, ама не повеќе.Алдервилд се спрема накај Рома да оди, Вертонген веќе е во години, Ауриер ти е Гиљермо Варела 2 со attitude problems, Роуз пробуваат да го шитнат, Вокер-Питерс го неам запазено, Бен Дејвис е ок.

Да беше Оле од почеток лани друга песна ќе се пееше, топ 4 сигурно ќе бевме.Голем хендикеп беше мизеријана наследена од Мурињо, со еден куп повреди, лоши резултати и пореметени меѓучовечки односи.Цела сезона ја коцкаат сега, само ради тоа што не носат + 1 у средина.На добар пат е клубот, за првпат има јасна идеологија за играчи и игра.


ПС: И во време на Фегусон коа доминираа, јадевме корпи од играчи, име играчи ко дибала беа мисловна именка.Самиот Фергусон и Фелан имаат кажано дека имале проблеми околу носење на играчи и атрактивност на клуб(пази у период кога доминирале).
 
Последно уредено:
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
У фаза на rebuilding сме, не знам што те чуди.И Мурињо и ЛВГ и Мојс бараа минимум 3 години да направат солиден тим.Со оглед дека филозофиите од тренер до тренер варираат од небо до земја, ко ќе видиш пак сме на 0.Се гледа јасна идеја за како треба да изгледа тимот, јасен профил на играчи кои се потребни и одговараат и по мене е најдобра за сеа.

Плачете по Ериксен и Дибала(демек клубот немал шампионски амбиции) а идејата е да се носат играчи што им се игра, а не да снимаат реклами.Кога снимаат реклами и се ваљаат по терен на клоци ги бркате.За сега се е како што треба, освен можеби за средината ќе им се замери малце, реално на оној бруно му се игра билокаде, ама чим процениле дека не е толку квалитетен за парите, нека бркаат друга работа.
Ај малку пореално.
Кажи ми кој step forward ќе го напрај Дибала да дојде кај нас? Во тим како Јуве со јачина да освои ЛШ да дојде во тим без ЛШ?
Па и Ерикесен ќе го земеме за пример. Што сме ние во моментов повеќе од Тотенхем? Да иде во Сити, Барса или како што он сака Реал, тоа е напредок во кариерата, а не кај нас (за жал).
Фергусон ко замина и тогаш играа Смојлинг, Џонс. Шест FUCKING години подоцна тие копитари уште играат за Јунајтед. За кој напредок говориме?
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
У фаза на rebuilding сме, не знам што те чуди.И Мурињо и ЛВГ и Мојс бараа минимум 3 години да направат солиден тим.Со оглед дека филозофиите од тренер до тренер варираат од небо до земја, ко ќе видиш пак сме на 0.Се гледа јасна идеја за како треба да изгледа тимот, јасен профил на играчи кои се потребни и одговараат и по мене е најдобра за сеа.

Плачете по Ериксен и Дибала(демек клубот немал шампионски амбиции) а идејата е да се носат играчи што им се игра, а не да снимаат реклами.Кога снимаат реклами и се ваљаат по терен на клоци ги бркате.За сега се е како што треба, освен можеби за средината ќе им се замери малце, реално на оној бруно му се игра билокаде, ама чим процениле дека не е толку квалитетен за парите, нека бркаат друга работа.

ПС: Топ4 ни е цел веќе добри 6 години.
Јас сфаќам дека сме во ребилдинг процес и дека нема теоретска шанса да склопиме конкурентна екипа магично во ден ипол, ама мене ме нервира тоа што, како што стојат работите во моментов, ќе ја ослабиме.

Значи во никој случај не смеат да го пуштат Лукаку ако не најдат адекватна замена до утре. А од друга страна, со оглед на ситуацијата, подобро да го продадат. Очигледно нешто не штима меѓу него и клубот и тоа е тоа, не ни треба плус негативна енергија.

И сега, веќе месец дена цел свет знае дека Ромелу најверојатно го напушта Јунајтед, а они појма немаат што ќе прават после него. Па и ни пуштаат приказни демек Ериксен и Дибала не сакале да играат за клубот. Пошто нели, Ериксен на крај сигурно ќе заврши во Реал Мадрид. :D Ако гледаме така и на Погба не му се игра тука. Зошто го држат на сила тогаш? Исто приказниве дека им сметало времето, им сметал воздухот во Англија и шо ти јас знам паѓаат во вода кога ќе видиш колку време се Давид Силва и Агуеро во Сити на пример, или ете Бернардо Силва и Родри, кои потпишаа за нив. А на Ериксен сигурно времето не би му сметало, мислиш на Мајами има пораснато, а не посеверно и од Манчестер. xD

Не е до времето, до амбициите е. Како што кажав, ако му кажеш ти на Ериксен догодина ќе ти го донесеме Лонгстаф, Смолинг не го чепкаме дури не се пензионира и ќе се молиме да распука Рашфорд за да фатиме ЛШ, ќе те одјебе во истиот момент.

Иначе да, ние сезонава ќе бркаме Топ 4, ама јас би преферирал да имаме екипа која горе доле ќе гарантира пласман во ЛШ, па ако Сити и Ливерпул кикснат да се обидеме и за нешто повеќе. А не да се ставаме во ист ранг со Челзи, кои ќе имаат нов и неискусен тренер и отслужуваат трансфер бан од една сезона.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.518
Поени од реакции
62.373
Малку се нерешени ситуациите со напаѓач и средњак, и искрено сакав да го земат Манџукиќ, а потајна желба ми беше Рајс од Вест Хем. Да се подобревме на овие позиции, ке беше топ. А тоа се практично парите од Лукаку.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Ај малку пореално.
Кажи ми кој step forward ќе го напрај Дибала да дојде кај нас? Во тим како Јуве со јачина да освои ЛШ да дојде во тим без ЛШ?
Па и Ерикесен ќе го земеме за пример. Што сме ние во моментов повеќе од Тотенхем? Да иде во Сити, Барса или како што он сака Реал, тоа е напредок во кариерата, а не кај нас (за жал).
Фергусон ко замина и тогаш играа Смојлинг, Џонс. Шест FUCKING години подоцна тие копитари уште играат за Јунајтед. За кој напредок говориме?
Никаде не реков дека сме напредок за нечива кариера, поготово на набројаниве.Порано кога клубот бил огромен напредок не одбиваа, не па сега.

Да не се правиме на три и пол, не го гледаме клубот од вчера.Во време на фергусон се знаеше кои се очекувањата од двајцава и тогаш оправдуваа.Џонс знаеме дека не напредна ради што е стаклен, талентот и квалитетите сеуште ги има.Смолинг не напредна ваљда дека е глуп, неам друго објаснување.
Џонс и Смолинг се во клубот ради честа смена на тренери, минимален покажан квалитет(доволно да ги залажат тренерите, дур согледаат ситуација тренерите, јадат отказ) и зошто се енглези, па уживаат мала протекција.

Да речеш дека одбраната не е напредната со новите трансфери, само зашто на хартија ги има Џонс и Смолинг е крајно ретардирано.За место у тим пред двајцава има дури 3ца, Мегваер Линделоф и Аксел.Тешко да помирисаат многу фудбал покрај нив(освен ако има повреди).
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.503
Поени од реакции
6.129
@Shteff Mathers

Тотенхем до февруари-март држеа чекор со Сити и Пул, подоцна им се деси распад. По Нова година им се исповредија играчи, Сон замина на азиски куп. Али и мене ми е преценет и исфорсиран но и таков за Лингард има измислено фудбал. Лукас исто. Не дека е нешто посебно но во Јунајтед без конкуренција би бил прв избор на својата позиција.

За одбраните моментално можеби, да почекаме прво Мегваер како ќе се вклопи но споредбите беа овој Јунајтед со ланскиот Тотенхем.
Покрај Мегваер го имаме Линделоф кој е засега солиден но само толку. Дечкото во воздух е дупка, една топка неможе да процени.

Луѓе што ви е бе, факинг Лук Шо ни беше играч на сезоната, Лук Шо кој на секој втор напад се заборава напред или се враќа џогирајќи.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
Лукаку не треба да доживува ваков третман од една страна од друга страна не ја знаеме целата приказна.Нека си тече сезоната секако не треба да имаме никакви очекувања со оглед на тоа како ни играше тимот после ПСЖ. Имаме добар состав и многу е важно играчите да останат фокусирани и со желба за успех.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.056
Какви аматери, знаат дека Ерера си оди. Минатата сезона бевме ужасни во средина и не купуваат ниту еден играч.
Си оди Лукаку, нема никаква замена. Дебили. Со тимот топ 4 ќе биде супер. Се претворивме во просечен тим во кој ни играчите повеќе не сакаат да доаѓаат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom