Најслаба утакмица под Оле до сега. Мизерни бевме и во напад и во одбрана. Линделоф повторно несигурен, Смолинг стандард во 'Мајк' Смолинг моуд, Шо не беше лош, ама ја поеба за вториот гол.
Лингард невидлив, Погба делува како да го мрзи што живее. Рашфорд уште од мечот со Ливерпул плаче за одмор, Марсијал пробуваше нешто ама и онака немаше со кого да игра.
Од една страна многу побитно е да завршиме во топ 4 него да го земеме ФА Купов. Да ти се мочам во титула ако наредна сезона играш Лига Европа. Ама у секој случај, греота после победи на Емирати и Стемфорд Бриџ да излеземе после ваков мизерен перформанс.
Прв пат во животот да се радувам на интернационална пауза, одлично ќе ни дојде со оглед на повредите и фитнесот на играчите.