Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не знам дали го гледаше мечот, но Погба беше изложен на неколку такви ситуации како последица на тоа што немаше слободен играч да проигра, па мораше да направи дриблинг или некое движење во простор за да ја дистрибуира топката напред. И при ситуацијата за голот беше истиот проблем. Не го бранам, но играта ни е еднодимензионална, премногу статична без никаква динамика и во таков случај тежината на средните играчи е уште поголема.
Па брат, Ливерпул играше у исто време и у кафич кај што глеав Ливерпул ја глеав на телефон а Јунајтед идеше на тв и ја пратев утакмицата паралелно ама не до толку детално, кревав глава на шанси у принцип.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Не знам дали го гледаше мечот, но Погба беше изложен на неколку такви ситуации како последица на тоа што немаше слободен играч да проигра, па мораше да направи дриблинг или некое движење во простор за да ја дистрибуира топката напред. И при ситуацијата за голот беше истиот проблем. Не го бранам, но играта ни е еднодимензионална, премногу статична без никаква динамика и во таков случај тежината на средните играчи е уште поголема.
Може секогаш да ја врати назад, немора да форсира напред а поставеноста е поинаква.

Во овај случај или Погба незнае да чита игра или не се согласува со одлуките на Мурињо, и во двата случаи тоа е голем проблем и вината паѓа врз Погба.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Па брат, Ливерпул играше у исто време и у кафич кај што глеав Ливерпул ја глеав на телефон а Јунајтед идеше на тв и ја пратев утакмицата паралелно ама не до толку детално, кревав глава на шанси у принцип.
Не сфаќај ме погрешно, баш сакав да ти потенцирам дека имаше барем 5-6 такви ситуации каде мораше со дриблинг да отвори позиција за да даде пас во фор или бочно. Баш до таа грешка си викав во себе дека Погба игра топ меч и ете тој кикс му ја засени цела топ партија до тогаш.

Може секогаш да ја врати назад, немора да форсира напред а поставеноста е поинаква.

Во овај случај или Погба незнае да чита игра или не се согласува со одлуките на Мурињо, и во двата случаи тоа е голем проблем и вината паѓа врз Погба.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Точно, но ете направи грешка во проценка и стојам дека е тој виновник за погодокот. Но треба и целата слика да ја гледаме дека сме премногу статични и еднодимензионални. Одлично тоа го примети Сантос и со висок притисок и добра покриеност врз Погба успеа да го лимитра во вториот дел, а сето тоа беше баш ради статичните колеги околу него кои не се движеа доволно без топка за да се ослободат и да има лесен проток на топката.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не сфаќај ме погрешно, баш сакав да ти потенцирам дека имаше барем 5-6 такви ситуации каде мораше со дриблинг да отвори позиција за да даде пас во фор или бочно. Баш до таа грешка си викав во себе дека Погба игра топ меч и ете тој кикс му ја засени цела топ партија до тогаш.
Не бе брат, зошто погрешно да те сфатам, си дискутираме. Проблемот е според мене што е премногу лежерен, премногу лабав, сака премногу елегантно да игра и мисли (а ваљда и очекува) секој контакт да биде фаул за него.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
852
Поени од реакции
451
Зборот 'мотивација' е преценет! Треба да се избрише од речник.
Измислен е за разгалени дечишта, мрзи, некој со "тежок задник"...

Дури и во маалски фудбал се знае зошто се излегува на терен. Победа.
На тоа ли треба постојано да се потсетува професионалец кој игра на Олд Трафорд, Енфилд или Хајбери?!

Играчите се челичат во пионерски школи, младински школи за фудбал...
Така, кога ќе стигнат во прва лига, веќе имаат поминато низ се' и сешто.

На таков играч не му треба мотивација, ни од Свети Мурињо, ни од Свети Пеп.
Излегува на терен. "Јаде" се' живо. Оди во соблекувална со три бода во мало џепче.

Но, на кого ќе му го кажеш тоа во сегашниот Јунајтед?
Освен асални неколку играчи, останатото е створено за "Гроздобер - Есен 2018".
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Не бе брат, зошто погрешно да те сфатам, си дискутираме. Проблемот е според мене што е премногу лежерен, премногу лабав, сака премногу елегантно да игра и мисли (а ваљда и очекува) секој контакт да биде фаул за него.
Па негативна страна му е тоа што мисли дека би имал некаков поинаков третман во однос на дуелите. Иако во добар дел има очигледни контакти кои не му се досудени, но тоа е друга тема.

Со Фелаини или Матиќ зад него покажа солидини изданија во првиве натпревари. За жал не се вреднувани толку ради резултатите кои ги имаме, а првенствено поради лошата игра во одбраната и еднодимензионалната игра во нападот.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.737
Поени од реакции
1.163
Стварно е чудо како Лукаку успева да ги промаши сите тие шанси. Некои и од метар-два од гол линија.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Лукаку е тежок пацер.
Единствено што го вади од ситуацијата е што е преголем работник и што се труди многу и карактерно не е ербап.
Али е дефиниција за страшен анти-талент.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.737
Поени од реакции
1.163
Играва ни е иста. Дали против некој од топ 5 во ПЛ или против некој од втора, трета лига воопшто нема разлика.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223
Со 11 кога сме играме како со 10, не пак вака со 10.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom