Нани нема да си оди.Викаат барал да му се плати 5мил. за да си замине како оштета, значи тој несака да си оди.Можи Фергусон сака ама не верувам во тоа, ниту пак дека би му платил оштета 5мил. Значи чиста новинарска патка.
А и Фергусон изјави дека трансфер пазарот за Јунајтед е затворен и за купување и за продавање.Така да ниту Дембеле ќе дојде, ниту Бербатов или Нани ќе си заминат.
Некој ќе рече да ама знаеме каков е САФ ... нема врска секогаш за овие работи е сериозен.И лани кога во зимскиот трансфер период многу играчи беа поврзани со Јунајтед тој изјави дека нема никого да купи и така беше.
Треба ептен некој класа играч да му биде на рака за без пари па да прекрши збор според мене.
А Дембеле според мене е и повеќе од класа играч само што 15мил не се баш малце особено сега откако потрошивме над 50мил(а инаку се премалку за онај играч). И 5то засилување за тимот во еден трансфер период е премногу според сите логики.Така да сето е шпекулации околу нас, мада многу ми е криво што Дембеле не е доведен.Него требаше прв да го донесат кога имал bay out клаузула од 15мил
. Играчите на кои Ферги ќе се потпира во средниот ред се знаат кои се: Андо,Керик,Клеверли,Рајан,Сколс,Флечер(да не заборавиме се чека да се врати момаков) а може и Кагава како и во напад така и во средина.И затоа нема да купува,ќе им даде шанса да докажат дека ги бива.Доколку не не биде и годинава е тогаш од в година очекувам претумбации во среден ред, од типот заминување на Андо, евентуална пензија за Сколс и Гигс, продажба на Флечер итн. Само незнам дали и до година Дембеле ќе биде играч на Фулам.Оти навистина онај играч ни треба, и со две раце потпишувам дека би бил голем успех на Олд Трафорд.
Се читаме од време на време.Позз