Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
9.817
Поени од реакции
14.383
Се поправи Бруно, второ полувреме.

Sent from my ELS-NX9 using Tapatalk
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
4.759
Поени од реакции
4.368
Дони е далеку од уигран со тимот, не спорам за квалитет, прекасно го земаа и се гледа дека не се чувствува со остатокот од тимот! Ама ме радува желбата за игра!
Дефинитивно не е воигран со тимот, само со Мата се разбираат и можеби Бруно помалце.Додуша го научија дека игра кратки дупли пасови и ништо повеќе, па одма чекаат повратен пас.
Инаку би сакал да видам почесто in-game ротации на позициите на Рашфорд и Марсијал, Рашфорд е многу подвижен и погоден за проигрување од 9ка, а Марсијал некако поопасен ми личи од страна кога има работа со еден човек, место двајца.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
900
Поени од реакции
1.102
Иначе Џејмс колку шо е брз, исто толкав тиквар е. Се супер прави, доаѓа до шеснаесетник, или ќе направи некој безвезе пас или ќе ја плукни во гол...
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
828
Поени од реакции
1.831
Добро игравме, али не нешто посебно добро. Имавме среќа што игравме против Њукасл. Им фалеа некои битни играчи, плус они се прва екипа сезонава која не ни играше пресинг и се послабо спремни физички од нас (второ полувреме едвај трчаа). Освен голот и шансата на Вилсон, буквано ништо не направија и делуваа ко просечна Чемпионшип екипа. Кога ќе видиш, на поставена одбрана пак бевме безидејни, се што створивме ко шанса па и головите, освен првиот (од прекин), беа од контри или полуконтри. Како и да е ќе им се дигне самодовербата бар малце после утакмицава. Страшен распоред ни следува.
 
Член од
16 ноември 2007
Мислења
294
Поени од реакции
351
Бем му матер, со оглед што не очекува периодов мислам дека поголем ќар од утакмицава е што Раш и Мегваер изиграа вака него ли што тепавме.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.913
Поени од реакции
2.827
Дефинитивно не е воигран со тимот, само со Мата се разбираат и можеби Бруно помалце.Додуша го научија дека игра кратки дупли пасови и ништо повеќе, па одма чекаат повратен пас.
Инаку би сакал да видам почесто in-game ротации на позициите на Рашфорд и Марсијал, Рашфорд е многу подвижен и погоден за проигрување од 9ка, а Марсијал некако поопасен ми личи од страна кога има работа со еден човек, место двајца.
Ова е причина повеќе Мата да игра почесто, не дека ќе освоиме титула со него, него дека има осет и може многу да помогне во кревање на формата на Дони, па и на Бруно!
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.560
Поени од реакции
4.341
Бруно и покрај многуте грешни пасови, мозок е за фудбал. Исто и Мата, али то е веќе докажано. Штета што не е 5-6 год помлад, одличен тандем ќе беа заедно. Рашфорд ако влезе во форма, плус ако се погодат со Кавани, може да го седнат Марсијал на клупа. Инаку воглавно задоволен од играта, сепак мораше оваа да се добие. Со Челзи ќе играат уште поопуштено, во смисла дека ќе имаат противник кој ќе сака да напаѓа, па ќе има многу простор за контри и полуконтри. Ќе победи тој што ќе направи помалку грешки :ROFLMAO:
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
828
Поени од реакции
1.831
Мата дали и 5 минути помина на крило. Против било која поспремна екипа, а такви се голем дел од ПЛ, Мата ќе биде неупотреблив.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
1.913
Поени од реакции
2.827
Мата дали и 5 минути помина на крило. Против било која поспремна екипа, а такви се голем дел од ПЛ, Мата ќе биде неупотреблив.
Па не играше крило Мата! А за неупотребливоста, нема да дознаеме никад!
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
4.759
Поени од реакции
4.368
Бруно и покрај многуте грешни пасови, мозок е за фудбал. Исто и Мата, али то е веќе докажано. Штета што не е 5-6 год помлад, одличен тандем ќе беа заедно. Рашфорд ако влезе во форма, плус ако се погодат со Кавани, може да го седнат Марсијал на клупа. Инаку воглавно задоволен од играта, сепак мораше оваа да се добие. Со Челзи ќе играат уште поопуштено, во смисла дека ќе имаат противник кој ќе сака да напаѓа, па ќе има многу простор за контри и полуконтри. Ќе победи тој што ќе направи помалку грешки :ROFLMAO:
Да не баксузирам ама ко што е глуп Шо и тромав Мегваер, осеќам Тимо ќе им протне фора ко денешнава кога даде гол.Нека извадат некој 0-1 резултат кај ПСЖ, мислам дека ќе бидат поспокојни за наредните утакмици.

Него не ми се свиѓа работава со Гринвуд, изгледа братот сериозно оплескал со неговиот однос.Доби поддршка после лапсусот со Англија, ама нешто сериозно заебал изгледа, ќе да е пак да се глупира со сонито и седење до касно.Имаше изјави пред почеток на утакмица демек вежбале со Рашфорд финишинг неделава, ќе надокнаделе што го нема Марсијал и оп, малиот не е ни на клупа.
Автоматски споено мислење:

Дони исто заслужува да се спомене, по мене директен кривец за 2риот гол (голот на Фернандеш) и целиот пресврт.Се избори за топката, изигра многу добар дупли пас и резултатот беше одлична контра.Мозок е човекот, криво ми е што не игра повеќе.
'
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2015
Мислења
78
Поени од реакции
140
Мата дали и 5 минути помина на крило. Против било која поспремна екипа, а такви се голем дел од ПЛ, Мата ќе биде неупотреблив.
Мата е можеби најинтелегентниот играч во овој состав без оглед на годините и физичката спремност. Човекот има страшна визија за играта и совршен пас. Сепак неговата природна позиција е десетка, а со оглед на конкуренцијата тешко дека ќе игра таму. Физички не е спремен за темпото во Премиер лигата и утакмница на секој 3 дена но човекот заслужува многу поголема минутажа од таа што ја добива.
Од она што го видов денеска Лук Шо дефинитивно ќе биде заменет со Телес, Ван Висака колку е добар во одбрана, толку е слаб во напад без оглед на голот. Погба е подобар кога влегува како резерва одколку кога е прв состав (исто и на напреварот со Тотенхем после паузата заради Ковидот кога влезе и веднаш направен пенал врз него ). Нападот со Кавани дефинитивно ќе добие во квалитет и повише опции. Одбраната останува најголемиот проблем и со посаглам екипи ќе имаме страшни проблеми. Среќа што Њукасл немаше квалитетни поединци како Кристал Палас (Ају и Заха) инаку ќе имаше смешки. Континуитетот и константоста на некои играчи исто така голем проблем. Можеби Погба и Рашфорд одиграа нешто денес но ако наредните 5 натпревари се тешки дрва паѓа се во вода.
Од месечината се гледа дека фалат квалитетни крила. Џејмс пет ќар, десет зијан. Пелистри ми е сосема непознат, очекувам за почеток некаква минутажа само во куповите. Санчо одлично ќе дојдеше ама што е тука е.
Да се издржи некако до Нова година и зимскиот преоден рок и обавезно стопер без никакви калкулации и пазарења.
 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2015
Мислења
746
Поени од реакции
315
Позитивни работи...

- Даваме гол од корнер (со глава) после 100 години.
- Мата злато вреди, и во комбинација со Фернандеш и Ван Де Бек можат чуда да прават.
- Фернандеш, и покрај што некогаш греши - игра 90 минути, го има насекаде на терен, креира акции, поентира.
- Рашфорд се разбуди од сонот.
- Ван Бисака се наметнува како сериозна конкуренција за местото центарфор.
Треба да биде посмел, и почесто да шутира во гол (налик Валенсија).
 
На врв Bottom