Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Од Февруари наваму, поточно од доаѓањето на Бруно, јас сум доста задоволен и од фудбалот кој го играме, во овие ако не се лажам 12 утакмици со се последната никој не нема издоминирано на терен. Ама за некој од нас тука требаше да остани Мурињо со 10 играчи пред гол 90 мин и да го гасневме ТВ уште на полувреме :)
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Јас сум задоволен од трансфер политиката на Оле. Исчисти доста ѓубре за кратко време, носи играчи на позиции каде сме слаби а не како пример Мурињо, при Марсијал и Рашфорд лево го купува Алексис а десно ги има Мата и Лингард. Замерка ми е што поасално не го засили тимот миматото лето ама тоа е. Сепак се гледа дека има визија. Ако го земе Санчо, и барем уште 2 засилувања да пристигнат оваа лето ќе биде бонбона.

Од тактички аспект сеуште сум далеку од задоволен, затоа и сакам да си купи што повеќе играчи по негов вкус, да нема изговори следна сезона ако фејлне, корони морони, процеси. Една ипол сезона е на клупата, ако ја истера и следната 2ипол ќе станат. Доволно време да се направи тим. Под ова не мислам стрикно да се освои титула туку на посериозен прогрес и барем борба за титула до последни кола.
Ако се донесе санчо + штопер + некој талент/плејмејкер, очекувам да притиснат посериозно на повеќе фронтови.Годинава може да е пресудна да се притисне до врвот, Ливерпул, многу веројатно никој нема да пазари а играчите ми личат заситени малку, додека сити има потреба од некој нов костур или освежување на тимот, што не верувам дека ќе се деси во голема мера ради потенцијалниот бан и евентуално воигрување на играчите.Но сепак нема да се дадат лесно.

Од друга страна Челзи го гледаат моментот и работат на случајот доста добро, дали ќе притиснат за врвот не знам, сеуште немам доволно сознанија за Лампард како тренер.Во секој случај конкуренти за топ 4.
Тотенхем на чело со Мурињо искрено не ги гледам премногу сериозно, не верувам да средат нешто многу во однос на трансфери, а има што да се мења.Дополнително Мурињо мислам дека им ја вади маста уште од сега.

Волвс исто не очекувам да маневрираат многу и да останат горе доле топ 6 екипа.Лестер можат да изненади со младо тимче и интересни трансфери, ама сеуште зелени ми делуваат.Арсенал имаат бааги работа.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.618
Поени од реакции
7.187
Имам голема замерка на Оле што користи 532 со големите екипи му успеја ама тоа е е градење на филозофија или тактика.
И голема утка превеше со замените и со ротацијата на играчи или недоволната ротација не сум импресиониран од него.
Инаку со Норвич во купот треба да пушти деца имаме шанса за чист пласман во лига на шампиони купот не ни значи ако сака после нека тргне на лига европа кога ќе заврши сезоната а во купот ќе не исфрли Сити секако кога ќе се паднеме и ќе ги оптеретуваме играчите непотребно.
Автоматски споено мислење:

Ако се донесе санчо + штопер + некој талент/плејмејкер
Се е ок само наместо плејмејкер холдинг мидфилдер за пред одбрана би требало повеќе од плејмејкер.
Инаку не верувам дека од 1 до 2 играчи ќе пазариме повеќе со 150 мил од кои 90 за Санчо а само да не се вклучи уште некој во трката за Санчо какви преговараат го губиме 90 посто.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.307
Имам замерка што уште немаме саглам десно крило, и што нема напаѓач од типот на Ван Нистелрој, што многу од овие шанси би ги конвертирал во гол. На Марсијал му фали здрава конкуренција, а не играчи за кои знае дека ке се тука до крај на сезона, ако веќе Рашфорд си се решил да го играш во тој лев канал, со улога на крило/напаѓач.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Имам голема замерка на Оле што користи 532 со големите екипи му успеја ама тоа е е градење на филозофија или тактика.
И голема утка превеше со замените и со ротацијата на играчи или недоволната ротација не сум импресиониран од него.
Инаку со Норвич во купот треба да пушти деца имаме шанса за чист пласман во лига на шампиони купот не ни значи ако сака после нека тргне на лига европа кога ќе заврши сезоната а во купот ќе не исфрли Сити секако кога ќе се паднеме и ќе ги оптеретуваме играчите непотребно.
Автоматски споено мислење:

Се е ок само наместо плејмејкер холдинг мидфилдер за пред одбрана би требало повеќе од плејмејкер.
Инаку не верувам дека од 1 до 2 играчи ќе пазариме повеќе со 150 мил од кои 90 за Санчо а само да не се вклучи уште некој во трката за Санчо какви преговараат го губиме 90 посто.
Па холдинг/Дефанзивен мидфилдер има реално, тука се Фред, Скот и Матич, а и Гарнер личи како добар потенцијал.Плејмејкер го пишав ради интересот за Ван Ден Беек и пишувањата на многу новинари, иако лично сметам дека нема (реална) потреба.
Напаѓач и Десно крило мислам се очајно потребни, мада првото највеќе зависи од Гринвуд како ќе се развива наредните 3-4 месеци.

Купот не би го прокоцкал, лесен(читај боза) противник имаме и после тоа се иде на Вембли.Кој и да дојде, нема да пројде лесно.Тежок распоред немаме, да бидеме реални.Имаме ростер, има играчи за играње, а богами има и по 5 замени на утакмица.Во најмала рака цел тим ќе има прилика да добие минути и да се спремат за лига европа и понатамошниот дел од сезоната.

ПС: замислете plot-twist.Клубот прави трампа пари+Лингард - Грилиш и Ван Ден Беек-Переира + пари.За 40+2 дрва двајца солидни играчи.
 
Од Фред Матич и Скот само Матич може да игра холдинг останатите двајца играат бокс то бокс и не верувам дека ќе одговорат на задачата плус Матич ќе треба да се ротира неможе цела утакмица да издржи.
Проблем е ако се игра купот 1 играч да повредат од играчите што ни се битни ни отиде сезоната ако игра со 2 тим против Норвич друго е ама не верувам дека Оле ќе чува играчи тој дури и повредени ги играше зборувам за Погба Рашфорд и Мегваер.
И трампи не верувам да прават после фијаското со Санчез и Мики не верувам дека ќе прави некој трампа со нас а и не пијат нафта останатите ги гледаат што играчи се едино Лингард може да го откачиме ма да тешко да сака да си оди тој .
А исто така со Игало се затвара опцијата за шпиц да реагираа поврзо Вернер за 55 беше добра зделка.
Пс Гарнер треба да оди на позајмица направивме грешка со Чонг и Гомез оваа сезона.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Добро бе кое е то размислување да го пушташ купот низ вода и то не Лига куп туку ФА Куп, кога веќе сме стигнале до 1/4 финале и во ситуација каде ги имаме за противник Норвич и лесно можиме да се протниме во полуфинале. И пази тука ги имаме за можни противници Челзи со кои имаме скор од 3/3 ова сезона и Сити 3/4. Не сакам ни да помислам да си играт куро со деца во 1/4 финале. Уствари кој сака нека е во игра, во никој случај не би ризикувал шанса за трофеј.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.618
Поени од реакции
7.187
Треба да си ставиме приоритети со овој тим не сум сигурен и со овој редослед неможеш да се ослониш на ништо како што реков 1 повреда и може да кажеме чао на лига на шампиони а Санчо нема да дојде да игра во лига европа ако не се пласираме во лига на шампиони заборави го трансферот и уште нешто Сити кога и да ни се падне дали ќе е полу финале или финале ќе не исфрли неможе да освои премиер лига а нема да игра лига на шампиони додека не се завршат англиските натпреварувања во лига можат да играат со деца пак ќе завршат на 2ро.
И зошто да се ризикува недокажан менаџер кој ни е легенда да има шанса за трофеј како што реков треба да си ги средиме приоритетите.
Пс како Арсенал ли да бидеме да се фалиме си купови подобро да испаднеме како што реков ќе има шанса за лига европа ако си ја заврши работата ви лигата.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Добро бе кое е то размислување да го пушташ купот низ вода и то не Лига куп туку ФА Куп, кога веќе сме стигнале до 1/4 финале и во ситуација каде ги имаме за противник Норвич и лесно можиме да се протниме во полуфинале. И пази тука ги имаме за можни противници Челзи со кои имаме скор од 3/3 ова сезона и Сити 3/4. Не сакам ни да помислам да си играт куро со деца во 1/4 финале. Уствари кој сака нека е во игра, во никој случај не би ризикувал шанса за трофеј.

реално вториот тим да го пуштат треба да ги избацат норвич, зошто се апла дудуци норвич.Ваков тим би требало да е добитен - 352 формација:

Ромеро; Туанзебе, Линделоф, Баји; Далот, Mатич, Погба Вилијамс; Мата; Игало, Гринвуд

Замени: Периера, Лингард, Гарнер, Фосу-Менса, Чонг.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.618
Поени од реакции
7.187
реално вториот тим да го пуштат треба да ги избацат норвич, зошто се апла дудуци норвич.Ваков тим би требало да е добитен - 352 формација:

Ромеро; Туанзебе, Линделоф, Баји; Далот, Mатич, Погба Вилијамс; Мата; Игало, Гринвуд

Замени: Периера, Лингард, Гарнер, Фосу-Менса, Чонг.
Ако не го играме Погба во првиот тим во невоља сме незнам дали приметивте против Спарси играта драстично се смени кога влезе Погба против екипи што се бранат Погба и Бруно ќе мора да се играат. а ни преостаниваат 80 посто такви противници.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Неможиш да се коцкаш. Норвич највероватно се простени од ПЛ, а во купот сигурен сум дека ке дат 200% да направат нешто
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.618
Поени од реакции
7.187
Неможиш да се коцкаш. Норвич највероватно се простени од ПЛ, а во купот сигурен сум дека ке дат 200% да направат нешто
А ти би коцкал лига на шампиони за куп?
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Нема шо да коцкам јас, имаме доволен ростер моментално за сите 3 фронта, има и 5 измени и мора во секоја утакмица да се влегува со 100%.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.618
Поени од реакции
7.187
Другар го виде ли ти распоредот кој го имаме на секој 3ти ден треба да играме утакмица и тоа е ако испаднеме од купот сега. а во купот ќе трева уште 2 да се вметнат во кој ќе повторам ќе испаднеме од Сити кога ќе се паднеме со нив.
Само ќе го преоптеретиме тимот.
Стојам на своети купот треба да се жртвува.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.119
Поени од реакции
35.029
реално вториот тим да го пуштат треба да ги избацат норвич, зошто се апла дудуци норвич.Ваков тим би требало да е добитен - 352 формација:

Ромеро; Туанзебе, Линделоф, Баји; Далот, Mатич, Погба Вилијамс; Мата; Игало, Гринвуд

Замени: Периера, Лингард, Гарнер, Фосу-Менса, Чонг.
Другар реалното и Манчестер Јунајтед не идат во иста реченица. :D
Нека ги пушта таму најјаките што може да ги склопи нека ги добијат сите утакмици до крај и нека не се зафркаваат. Три месеци седеа дома, за уште 8 утакмици можат да стиснат заби.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom