Да ти кажам не се сложувам дека е поуспешен од Јунајтед. Тоа е лузерски пристап за мене, тие се добри, супер игра имаат, неверојатна хемија, навивачи се тоа , ама можноста секој играч да биде продаден во секој момент по одредена цена го прави Дортмунд не сериозен за било каква цел, било тоа да е прврнство или ЛШ.
Мислам дека нашите не сакаат таков впечаток да остават, и инвестициите тоа и го покажуваат, сакаат да вложат во квалитет за долги времиња. Оти се и свесни дека не можат да ги продадат играчите за повеќе од тоа што се земени.
Јас ќе се сложам со тебе ако мислиш на тоа да земаат млади таленти како Санчо за без пари и да ги праат world class играчи, за тоа си треба време и чиста среќа ти е да испадне нешто такво за толку кратко време.