Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.383
Поени од реакции
201
Едноставно мислам дека не вреди 70м (одбиена била понудата од 70м, значи ако се донесе ќе биде над 70). 75м е рекордната сума платена за дефанзивец за Ван Дајк.
Ако се бара било каков upgrade од Смолинг и Џонс, може да се донесат други играчи, без вакви напумпани суми.
Ако се бара лидер и се бира од најдоброто на пазарот, се сомневам дека Мегваер е играч од тој калибар.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
133
Поени од реакции
116
Според тебе кои?

Навистина не знам кој е филмов само на македонски форум да се дискутира за грабежи, не знам што. Освен ако не сте вработени во финансии во клубовиве, што па ве интересира толку цената за било кој играч? :D

Рамос не, киксер бил, Хумелс не, се повредувал, Мегваер многу пари, Ван Дајк недокажан, само за нас не се наоѓа стопер и со тоа мислење Де Геа со години го правиме играч на сезоната.
Според мене Умтити или Диоп би биле порационални и поисплатливи решенија.
 

ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.237
Поени од реакции
6.470
@SuicideMessiah брат шпекулации се ова за Фернандес. Камо да има вистина, но според мене мислам дека нема ништо зошто медиумот на кој се повоикуваат е ГДС пандан на англиски Сан.

Околу Мегваер. Имаме дискутирано на темава дека цените на трансфер пазарот се тие што ги налага пазарот и објективно ниту еден играч не вреди толку. Со оглед на тоа што за Мегваер сериозен интерес има и од Сити, тоа дополнително докажува дека не е дупка од играч. Моментално на пазарот нема толку лесно достапни централни дефанзивци како што е случај со средните играчи. Искрено јас сум за Тоби ако се точни шпекулациите со клаузулата од 25м, ама мислам дека има нешто тука што не е точно. Коулибали за да го доведеме ќе треба 100ка, Умтити е квалитетен но фитнесот му е на ниво на Баји, Варан е недостапен, Диоп од Вест Хем е солиден но искрено со една солидна сезона е ризик за играч кој ќе треба да биде еден од носителите, а и Вест Хем под 60м нема да го дава. Затоа Меваер е најдобра достапна опција. Мислам дека со 75м би прифатиле Лестер да преговараат. Дали е најдобриот стопер во светот? Не. Но е е еден од подобрите стопери кои што се достапни за Јунајтед во моментов. Има недостатоци во неговата игра, но мислам дека би бил надоградување во нашата одбрана.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
77.799
Поени од реакции
163.480
Според мене Умтити или Диоп би биле порационални и поисплатливи решенија.
Умтити да сакаше да си оди, веќе ќе беше собран а за Диоп, не зезај молимте, не ни треба Џејмс тип на играч и во одбрана, на кловновине уште дете да им донесеш.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
286
Поени од реакции
172
Го гледав светското до 21 и прилично добар впечаток остави Jonathan Tah капитен им беше, млад е а стабилен , висок, добар пасер,добар во воздучни дуели, има дебитирано и за сениорската селекција.
Јас би сакал некој ваков играч а не некој како Мегваер, ако има само 26 он ми е некако на врвот на можностите
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
77.799
Поени од реакции
163.480
Не ми е зборот да си седиме со нив, туку дека се' е забегано. Не' знаеш, носталгичари сме.
Па добро тогаш, ајде на секој трансфер ќе коментираме дека вртоглави пари се во прашање наместо да прифатиме дека е 2019.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
562
Поени од реакции
1.176
Едноставно мислам дека не вреди 70м (одбиена била понудата од 70м, значи ако се донесе ќе биде над 70). 75м е рекордната сума платена за дефанзивец за Ван Дајк.
Ако се бара било каков upgrade од Смолинг и Џонс, може да се донесат други играчи, без вакви напумпани суми.
Ако се бара лидер и се бира од најдоброто на пазарот, се сомневам дека Мегваер е играч од тој калибар.
Апгрејт на овие двајца поголем дел од просечните дефанзивци у ПЛ али проблемот е што на Јунајтед не му треба апгрејт на кловновиве туку штопер што ќе биде доминантен во однос на противниците, а Мегваер тоа беше во Лестер и репрезентација. По мене, најдобар штопер во ПЛ, нормално, после Ван Дајк. Човекот игра веќе 3 сезони на високо ниво, а е многу добар и со топка, доминантен во скок игра. На пазар и нема баш некој штопер подобар од него. Кулибали испод 100 милиони не го дава Наполи, Умтити често се повредува и поради тоа сезнава кога беше спремен си ја преседе на клупа, Диоп од Вест Хем со една сезона во која не остави некој импресивен впечаток е доста ризичен, а за него бараат 40-50 милиони, Бенфика за Диаз бара исто над 50 милиони. Искрено не ми текнува некој друг достапен штопер кој би ја кренал одбраната како Мегваер.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
5.996
Поени од реакции
3.376
Подобар штопер моментално од Мегваер неможеме да земеме. За мене подобар избор од Кулибали. Нема да ме чуди ако Пеп ни го лапне од пред нос. Штета што не го купија уште лани.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.661
Апгрејт на овие двајца поголем дел од просечните дефанзивци у ПЛ али проблемот е што на Јунајтед не му треба апгрејт на кловновиве туку штопер што ќе биде доминантен во однос на противниците, а Мегваер тоа беше во Лестер и репрезентација. По мене, најдобар штопер во ПЛ, нормално, после Ван Дајк. Човекот игра веќе 3 сезони на високо ниво, а е многу добар и со топка, доминантен во скок игра. На пазар и нема баш некој штопер подобар од него. Кулибали испод 100 милиони не го дава Наполи, Умтити често се повредува и поради тоа сезнава кога беше спремен си ја преседе на клупа, Диоп од Вест Хем со една сезона во која не остави некој импресивен впечаток е доста ризичен, а за него бараат 40-50 милиони, Бенфика за Диаз бара исто над 50 милиони. Искрено не ми текнува некој друг достапен штопер кој би ја кренал одбраната како Мегваер.
Ако прават бизнис со Интер, Шкрињар е опција, само колку е реално тоа бог ти знае!
 
На врв Bottom