Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.388
Mислам дека голем зајеб беше заминувањето на Давид Гил во исто, ако не и слично време со Ферги. 100% сум убеден дека ке го немаше фијаското со Бејл, Фабрегас и Крос да беше тој во клубот.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Невес, Де Јонг, Ндомбеле, Артур Мело, Барела, Ло Селсо, Родри, Фоден, Тореира, Мадисон, ван де Бек, Деклан Рајс, Тиелманс, Киеза. Сите на негова возраст или помали, далеку поталентиирани и со прикажани подобри партии од него. Далеку од Нивно ниво е Мек Томинеј. Па дечкото не може да фати прва постава у факинг Шкотска репрезентација.
Само што овие играат без никаков притисок и во просечни тимови од кои не се очекува баш ништо. Плус пола од овие си им гледал хајлајтси на кои им ги покажуваат најдобрите потези... Рано е да збориш дека Мек Томимеј е просек а ќе го видиш тоа сезонава.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.594

Друже, Јунајтед е просечен тим, тоа е реалноста. Друго, за каков притисок збориш у Јунајтед кога 6 сезони по ред гледаме лигавење по терен, тим кој е надтрчан на секоја утакмица, доминиран на средина од овие што играат у просечниве тимови. У Јунајтед има притисок исто колку у Арсенал. Најголем дел од овие се главни алки у тимовите во кои играат, а просечните тимови во кои играат се Барса, Атлетико, Сити (Фоден можда не игра многу али затоа секогаш кога игра е фантастичен), Ајакс, Лестер, Вулфс. Првите три се далеку пред нас у последниве години, Ајакс ги виде во ЛШ колку се талентирани и децата се докажаа на голема сцена против големи тимови (од играчки аспект Јунајтед не е веќе меѓу нив). Лестер и Вулфс завршија одма под нас на табела, а вториве ни одржаа лекции по фудбал сезонава. Еве кажи ми што е тоа што го поседува Мек Томинеј? Доста висок е, па затоа и нема некоја моторика (во смисла, на тесен простор не може сам да изнесе топка), нема дриблинг за да може да помине играч во тој тесен простор, техниката му е просечна, пасовите на прва му се лоши, поготово ако е под притисок, долги пасови и пасови во простор реално и не сум го видел да пушти, така да за тоа не можам да го оценам. Само воркрејтот му е голем, а тоа не е доволно за денешниов фудбал. И следна сезона ако дојдат најавените засилувања у средина, дечкото ќе грее клупа, исто ко што грее за репрезентација. Ако е толку добар, односно ако во иднина биде толку добар, која е потребата на Јунајтед да го купува Лонгстаф (неофицијално), кој игра на иста позиција со него. И сум ги гледал сите од овие што ги набројав и тоа доста, освен Киеза и Барела, кои ги имам 2-3 пати гледано и од халајтси, и сите овие се далеку пред него.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.388
дај бе не лупај глупости у Јунајтед да се игра немало притисок, боже сачувај

Sent from my iPhone using Tapatalk
Ова е некако измеѓу, има притисок, ама недоволен.

За воља на вистината, перформансите на играчите зборат друго. Освен тук тамо кој играч што редовно дава се на терен, за еден куп од нив може да се каже дека не боли цеф дали ке изгубат или тепаат, што може и да видиш по нивниот инстаграм.

Тоа што скоро 90% од тимовите трчаат повеќе од нив говори дека не се доволно исплашени од оној backlash од тренерот, навивачите, а тоа ми вика и дека нема доволно притисок врз нив.

Некако, делува прифатливо да бидеш таму кај што си.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
За тие што викаат дека Мек Томинај не е потенцијал нека погледант хајлајтс од со Барса.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.594
дај бе не лупај глупости у Јунајтед да се игра немало притисок, боже сачувај

Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас пишав фактичка состојба и по што се гледа дека нема притисок. Да, имаше притисок во времето на Ферги, зошто Јунајтед секоја сезона беше фаворит за титула, па самото тоа и го наметнуваше притисокот и ги челичеше играчите и им го билдаше карактерот. За жал, тоа веќе го нема, сакале ние да признаеме или не. Јунајтед веќе не е фаворит за титула (освен сезоната кога потпиша Погба па ние малку се кренавме у облаци), па ни у топ 4. Дали тебе перформансите и однесувањето на играчите, посебно Погба, Рашфорд, Марсијал, Лингард, да не набројувап понатака, ти остава впечаток дека има притисок на нив да секоја утакмица ја играа како да им е последна, притисок дека ако не се залагаат ќе го сонуваат теренот? Баш ме интересира каде се гледа притисокот врз играчиве наши во последниве години, зошто на спортски план Јунајтед падна доста ниско, на маркетиншки се издигна, а она што е битно е што фудбалерите не ги избираат клубовите заради минатото, туку она што сега го нудат и проектите и средината која ја имаат изградено, а тоа ни фали нас.
 
Значи рече дека Фред и Матич имаат квалитет во првиот пост а МекТоминеј дека е просек. Што да дискутирам повише од тоа?! Криминална сезона на двајцава. За играчине што ги спомна ќе разговараме пак на крај од сезонава.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.909
Поени од реакции
10.540
кога се мисли на притисок се мисли и од јавноста, медиумска...
едно е кога си под лупа цело време а друго е кога играш за клуб што не е бренд

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.594
Значи рече дека Фред и Матич имаат квалитет во првиот пост а МекТоминеј дека е просек. Што да дискутирам повише од тоа?! Криминална сезона на двајцава. За играчине што ги спомна ќе разговараме пак на крај од сезонава.
Не бе друже, убаво пишав, Мек Томинеј ни беше најдобар у средина последните месеци и делуаваше така затоа што сите други беа миерни. Еве некој од другиве фан клубови слободно прашај што мисли за неговата иднина и дали дечкото има потенцијал за тим и игра како Сити, Ливерпул? Еве по тебе што е тоа што го поседува Мек Томинеј што би го издигнало над просекот?[DOUBLEPOST=1561910893][/DOUBLEPOST]
кога се мисли на притисок се мисли и од јавноста, медиумска...
едно е кога си под лупа цело време а друго е кога играш за клуб што не е бренд

Sent from my iPhone using Tapatalk
И притисокот од јавноста е опаднат последниве 1-2 години. Бар посериозниве медиуми го имаат тргнато од шампионска трка Јунајтед. А Мек Томинеј поготово никоаков притисок нема од медиумите.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Не бе друже, убаво пишав, Мек Томинеј ни беше најдобар у средина последните месеци и делуаваше така затоа што сите други беа миерни. Еве некој од другиве фан клубови слободно прашај што мисли за неговата иднина и дали дечкото има потенцијал за тим и игра како Сити, Ливерпул? Еве по тебе што е тоа што го поседува Мек Томинеј што би го издигнало над просекот?[DOUBLEPOST=1561910893][/DOUBLEPOST]
И притисокот од јавноста е опаднат последниве 1-2 години. Бар посериозниве медиуми го имаат тргнато од шампионска трка Јунајтед. А Мек Томинеј поготово никоаков притисок нема од медиумите.
Ливерпул е тим од еден куп МекТоминејци :icon_lol::icon_lol:
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.290
Поени од реакции
6.594
Ливерпул е тим од еден куп МекТоминејци :icon_lol::icon_lol:
Така е, Вајналдум, Милнер, Фабињо, Кеита, Чемберлеин, Шакири, Лалана, Хендерсон, се баш негов тип играчи. Од сите овие само Хендерсон е можда блиску до него али има прилично добра техника. Сите други се јаки техничари, пробивни, перфектни и брзи пасери од прва дури и под пресинг. Мек Томинеј никако не е тип на играч кој одговара на стилот на игра на Ливерпул и Сити, нити па играта што Оле сака да ја игра Јунајтед, брза, течна, брз и лесен проток на топка. Скот е тип на играч кој би се снаоѓал во тим што форсира физичка игра, во средина која не е доминантна во однос на противникот. Вотфорд, Кристал Палас, Вест Хем. Нема збор дека е голем работник, дека трча, дека он можда и беше единствениот кој последниве месеци играше со срце, до последен атом од силата. И јас не викам дека треба да се избрка детето, далеку е он од тоа. Види и предходно што имам пишувано за него, моментално добар е за играч од клупа и технички послаби противници, работата е што ако некад дојдеме до нивото на Сити и Ливерпул, а тоа значи и некој таков стил на игра, се плашам дека нема да има место за него дури ни на клупа, затоа што нема да одговара на таквата филозофија. И не важи тоа само за него, туки и за Матиќ и Фред, кој до сега ми нема оставено баш впечаток дека би се снашол во таква брза игра без премногу размислување дали да прими топка или да подаде од прва. На сите овие, заедничко им е тоа што се работници и што сите покажуваа слабост при додавањата од прва. Мурињо тип на играчи.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.388
ЕСПН и не се некој релевантен извор, ама таман ке се понадеваш дека тргнала работата на подобро...

Kajgana Shop

На врв Bottom