Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
1 јули 2012
Мислења
2.255
Поени од реакции
6.451
Штотуку го опиша Салах ;)[DOUBLEPOST=1557062355][/DOUBLEPOST]Погба изгледа му имаат речено да не трча многу, да не набие километража пред продажбата:D
П.С. Ако нешто му замерам на Солскјер, тоа е форсирањето на Рашфорд. Човекот со умот е надвор од Европа, не пак да се сконцентрира на натпревар.
Ја го опишав Лукаку, а ти го спореди со Салах. :eek: Салах промашува зицери можда, али у секој поглед го има измислено фудбалот за Лукаку.
За вториов дел си у право. Ја би го додал и Погба. 2 месеца ни е најслаб у средина, а конкуренција му се Фред, Переира, Мек Томинеј, Матиќ повреден и Ерера кој го нема од кога испаднаа муабетите со ПСЖ. У ваква конкуренција, при таков талент, да бидеш најслаб, треба да си премногу умислен и глуп.
Дур не направи радикална чистка Оле, тешко дека ќе стане авторитет у соблекувална.
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.737
Поени од реакции
1.163
Штотуку ти се оствари желбата, мочан Хадерсфилд низ нозе ни протна гол. Сега Чонг кога ќе запне еден пресврт кога ќе направиме, што да ти причам:(
ПАТЕТИКА ОД ТИМ:facepalm:
Инаку полани кога викав дека е подобро да градиме тим а не да бркаме резултати, пола од форумот си играше дрндупка со тоа. Епа есапот ни стигна и за Мурџо, Ибра, Санчез,Погба, величината на Ферги и да не лафам понатам....
Жално што еден просперитетен менаџер и 5-6 фудбалери ќе го окркаат, ни криви ни должни:mad:
Од сегашна гледна точка мислам дека требаше да го остават Вангал уште 2-3 сезони. До сега само тој имаше некаква идеј со тимов. Купуваше млади играчи што имаа некаква иднина. Мурињо напука звезди и на крај ништо неосвои.

А за сегашнава игра мислам дека најголемиот проблем е постојаните промени на составот и на формацијата. На почеток играше со 12-13 играчи и со иста формација и ги добивме првите десетина утакмици. Кога почна да експериментира со составот и формацијата почнаа и лошите резултати.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 

Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
290
Дај више нека заврши сезонава и нека напраат чистка , напор ми е да ги гледам овие pseudo celebrities , нека купат фудбалери а не инстаграм инфлуенсери .
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Хадерсфилд што во последни 15 натпревари од Премиер Лига има една победа и една нерешена и е отпаднат уште на пола сезона не можат да го победат, па ќе чекаме да се борат за 4то место или да сторат нешто против некој од големите клубови :facepalm:
Тимов е на ранг на петтолигаш од Мусинци, туку дај папата наместо во Вторник кај нас нека оди на Олд Трафорд да ги благослои, оти како кинисале побрзо Северџанија во ЕУ ќе влезе отколку Јунајтед тим пак да бидне.
 
Член од
13 мај 2016
Мислења
490
Поени од реакции
933
Се освен тотална распродажба на тимов ќе биде тури му ку*от на наредна сезона..
Неспособни импотентни телетабиси...да Бог да сепса фатиле...мамето нивно инстаграмско..
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Ја го опишав Лукаку, а ти го спореди со Салах. :eek: Салах промашува зицери можда, али у секој поглед го има измислено фудбалот за Лукаку.
Алах у никој случај не го измислил фудбалот за Лукаку, просто констелацијата е друга и споредбата е неумесна! Арапот е тутурутка ала Мики ама му се трефна Клоп и Лузерпул и бидна сизон, сизонендхалф вондер:toe:[DOUBLEPOST=1557069352][/DOUBLEPOST]
Од сегашна гледна точка мислам дека требаше да го остават Вангал уште 2-3 сезони. До сега само тој имаше некаква идеј со тимов. Купуваше млади играчи што имаа некаква иднина. Мурињо напука звезди и на крај ништо неосвои.

А за сегашнава игра мислам дека најголемиот проблем е постојаните промени на составот и на формацијата. На почеток играше со 12-13 играчи и со иста формација и ги добивме првите десетина утакмици. Кога почна да експериментира со составот и формацијата почнаа и лошите резултати.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
Јок, мислам дека тоа е максимумот на овој тим! Не експерименти, сецирање да им направиш, капка живот нема да исцедиш од ова:( Исцедени Матич, Јанг, Ерера, Џонс, Смолинг, Санчез, тутурутките Лингард и Линделоф, стограмскиот Мата и умислените величини Погба, Раш и семејно несредениот мргуд, ете тоа беа нашите адути во борба за ЛШ! Добар ли е Оле или не, вршел ли експерименти или не, базата е таа и искрено треба да си признаеме.
Да бевме во Јапонија, утре требаше да осамнат барем 6-7 некролози, вака освен некоја слика на инстаграм не се очекува никаква друга реакција:(
 
Последно уредено:
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Ако не ги удрат и на платите што им останаа да ги земат за ова сезона се тотални идиоти. Па од Јуни тотална распродажба (y) Со ова денес го пробивме дното
 
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.737
Поени од реакции
1.163
HUDDERSFIELD
Player Ratings
Starting XI: Lossl (4); Durm (5), Schindler (5), Kongolo (6), Lowe (6); Mooy (6), Bacuna (6), Hogg (6); Mbenza (6*), Ahearne-Grant (5), Pritchard (6)

На голман кој на утакмица има рејтинг 4, ти да неможеш да му дадеш 2 или повеќе гола а да викаш дека се бориш за Лига на Шампиони, треба сите колективно да се самоубијат. Срамота.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
852
Поени од реакции
451
Не се нервирајте.
Ќе биде подобро... веројатно.
 

Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
290
Почнав да правам листа кој да си идат од Man Utd летово ама одма видов дека далеку пократка е листата кој да останат :D
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
@Ve76
Кога станува збор за Манчестер Јунајтед јас мислам дека полошо од ова неможи
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
852
Поени од реакции
451
Па полошо од ова и неможи да е :)
По се' што видовме последниве години - формулата за успех е следна...

Намалете ги очекувањата.
Се' што ќе биде испорачано над она што го живееме 5-6 години - на коњ сме.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348
Добар овој новиов Велбек, шутира слободни од триесет метри, проигрува со пета, дрибла очајно и пак секоја утакмица прв состав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom