Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.388
На Гвардиола му требаа две лета да ја создаде најјаката екипа во светот можентално.

Клоп со еден трансфер во одбраната го издигна Ливерпул од екипа која губи поени со најслабите тимови во лигата во тим кој има неверојатен победнички менталитет.

Во фудбалот многу лесно се менуваат работите, само нашата управа докажа колку е способна последниве години па знам колку би можеле да очекуваме од нив летово.
Мислиш, 3 трансфери, голманот им е втор или трет најскап. Ги забораваш трансферите претходно. Еден или двајца има од тимот кој го наследи Клоп. 9 играчи му се нови.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Мислиш, 3 трансфери, голманот им е втор или трет најскап. Ги забораваш трансферите претходно. Еден или двајца има од тимот кој го наследи Клоп. 9 играчи му се нови.
Да, ама спореди им ги резултатите пред и после Ван Дајк. Небо-земја е разликата. Алисон океј, ама импактот кој го имаше ВВД се виде уште во вториот дел од сезоната, кога почнаа да газат на Енфилд и стигнаа до финале ЛШ.

Знам нашите го пратеа уште во Селтик додека играше, ама јбг.

Нормално, на нас минимум две години ни требаат да го достигнеме нивото на Сити... и да се надеваме дека тие ќе почнат да паѓаат полека. Ама како што кажа ти, треба да ги погодат трансферите, оти ништо не правиме.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Гигс наводно им ги предложил Мбапе(уште бил во у18) и Габриел Жесус, ама пропаднале демек предлозите.Ако добро памтам Гигс отишол лично да го гледа Мбапе.
 
hYstericAl

Front Bumper
Член од
10 март 2010
Мислења
336
Поени од реакции
305
Finally home, вчера пристигнав дома по прошетката до Англија и до храмот Олд Трафорд.
Со другар ми тргнавме во среда наутро со автобус од Лондон, околу 4 ипол часа патувавме до Манчестер.
Се прошетавме низ градот и се упативме кон Олд Трафорд. Тука веќе емоции до максимум. Нешто што од дете си мечтаел сега ти е јаве.
Потоа бевме во Trafford Pub веднаш до стадионот, се пиеше, пееше, атмосфера ипол.
Влеговме и до мегасторот за сувенири и потоа на еден час пред натпреварот со Барса влеговме во стадионот.
Повремено се пееше многу, зависно од текот на играта. Приметив публиката се пали многу кога некој ќе одигра добро или даде максимум од себе како на пример: долг пас на Погба, Лукаку ќе прими топка и ќе се загради и веднаш се палат дека е многу силен - нешто што на ТВ не се осеќа.
Каде и да седиш има добар поглед така да тоа не е многу битно.
Штета што изгубивме али јбг спорт. После натпреварот пак до автобуската и назад кон Лондон, умрени за сон.

Дај Боже сите да си го посетите Олд Трафорд барем еднаш во животот, вреди за секоја една банка.

Мене ми се посреќи бев и на Арсенал - Наполи, зошто имаме нашо дете струмичанче во Арсенал :)

Во скоро време планирам пак, можеби и за преселба во Манчестер така да ако нешто од тоа бидне ќе ве известам за да помогнам на кој што можам.

Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Па за нас тоа време таленти беа Депај, Јанузај, Блинд и сл
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.654
Поени од реакции
9.235
Стара е оваа вест за Мбапе и Хесус, ама е точна.

Ме радува што Оле веќе гледа дека мора да ги продаде просеците и ми се чини дека ќе имаме многу интензивно трансфер лето. Дури и веднаш по крајот на сезоната очекувам да се случува ремонтот.

Покрај ЛАВ кој сигурно бега, извесно е дека и Мата и Ерера ќе не напуштат поготово првиот. Сум за Ерера да направиме обиди да остане, но сепак како играч не е незаменлив.
Рохо и Дармиан исто чистка. Со Баји не ми е јасна ситуацијата искрено и од тоа ќе зависи судбината на Рохо/Џонс.
Лукаку со изјавите на агентот нема да ме чуди да го продадеме ова лето. И доколку се случи тоа ако биде невозможна мисија Кејн, мора да се обидеме по Икарди. Ќе ни носи 25+ гола секоја сезона.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.523
Поени од реакции
62.388
Би ги продал Рохо, Смолинг, Џонс, Јанг, Санчез и Лукаку под услов Мата и Ерера да си одат. Валенсија е веќе потврден како аут. Оле ми изгледа како Mr. Nice Guy, и мора да ги расклоца домазетиве.

Ин, Ван Бисака, Ндомбеле, Зајех, Сон, Рајс, Тоби. Ниту еден од овие нема да вреди повеќе од 50 милиони освен Сон, така да, доколку сакаат да истресат пари на некое звучно име, ке може да го направат тоа.

Знаејки дека сеуште се влечкаат со DOF, дали 3-4-ца ке купиме. Гледам почнуваат Shorts да го зборат за тоа место, се надевам дека ке го назначат во скоро време.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.134

Нема шанси во 1 трансфер период да се ослободиме од сите просеци и истрошени играчи и да ги замениме со Јунајтед материјал.

Од одбраната единствено Лук Шо го гледам како првотимец. Во средина Погба и Матиќ ма да вториот веќе ќе почне да оди во надолна линија. Во нападот Марсијал и Рашфорд имаат потенцијал но само потенцијал засега а Лукаку има еден куп недостатоци.
Тоа е мање више, другото е максимум за на клупа.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Би ги продал Рохо, Смолинг, Џонс, Јанг, Санчез и Лукаку под услов Мата и Ерера да си одат. Валенсија е веќе потврден како аут. Оле ми изгледа како Mr. Nice Guy, и мора да ги расклоца домазетиве.

Ин, Ван Бисака, Ндомбеле, Зајех, Сон, Рајс, Тоби. Ниту еден од овие нема да вреди повеќе од 50 милиони освен Сон, така да, доколку сакаат да истресат пари на некое звучно име, ке може да го направат тоа.

Знаејки дека сеуште се влечкаат со DOF, дали 3-4-ца ке купиме. Гледам почнуваат Shorts да го зборат за тоа место, се надевам дека ке го назначат во скоро време.
Неможи сите овие да се продадат ова лето, цел буџет треба на стопери да се фрли. Доволно е 1-2 од Рохо Смолинг Џонс, за Мата и Ерера станува се поизвесно и Санчез. Валенсија веќе е сигурен, за Јанг мислам дека следната сезона ќе му е последна... Ослободување од 4 - 5 играчи ова лето се сосема доволно
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не се проблем тие што треба да се продадат, како така ќе ги увалиш на некого а и самите Рохо и Дармијан веќе повеќе се во матичните земји отколку што се во Манчестер.

Треба Оле да има план како сака да игра и според тој план да купува играчи, без разлика дали тоа биле играчи што нам ни се допаѓале или не. Ако го направи тоа ќе тргнат работите на добро, овие вишоков ќе се распродадат за 3 дена, само што џабе си трошите нерви да пишувате да заминеле Смолинг и Џонс, треба да ни биде јасно дека никаде не одат.
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Вишокот не чинат 20-30м годишно.
Вишокот влијае демотивирачки кон останатите кои сакаат нешто.
Вишокот често се приоритет оти се мнозинство. (Особено англичаните)
Вишокот се многу често причина за евтини голови.
На вишокот секогаш им се продолжени договорите благовремено, а се нели вишок.
Пред Оле или било кој да сака да игра фудбал првенствено е лимитиран оти нели вишокот е тука.
Кај нас како што гледате многу работи зависат од вишокот , за мене Рохо толку не е вишок колку суканиците и врисок фацата, колку повеќе им ги продолжуваат договорите толку поодвратни ми стануваат.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Зошто да не може вишокот да си оди во еден прелазен рок?
Гвардиола кога дојде во Барса 2008 сите ги набрка, меѓу нив и Роналдињо и Деко, ако не се лажам, а од нигде никаде ги промовираше Бускетс, Педро и остали од Барса Б кои играа во трета лига.
Проблемот е дали ќе се погодат трансферите, иначе 5-6 играчи нови не се многу плус некои младинци да им дава шанса. МкТоминај е супер пример, дечкото искина против нас во средата, зошто да купува други играчи или да го форсира пример Матич кога тој е во години и формата му оди во надолна линија...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Зошто да не може вишокот да си оди во еден прелазен рок?
Гвардиола кога дојде во Барса 2008 сите ги набрка, меѓу нив и Роналдињо и Деко, ако не се лажам, а од нигде никаде ги промовираше Бускетс, Педро и остали од Барса Б кои играа во трета лига.
Проблемот е дали ќе се погодат трансферите, иначе 5-6 играчи нови не се многу плус некои младинци да им дава шанса. МкТоминај е супер пример, дечкото искина против нас во средата, зошто да купува други играчи или да го форсира пример Матич кога тој е во години и формата му оди во надолна линија...
Ако ми се обраќаш мене, не е дека не може да си оди, Рохо, Дармијан и Валенсија и дефинитивно си одат, велам дека побитно е тие што ќе дојдат да се погодат :)
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
3.843
Ако ми се обраќаш мене, не е дека не може да си оди, Рохо, Дармијан и Валенсија и дефинитивно си одат, велам дека побитно е тие што ќе дојдат да се погодат :)
Не се обратив на тебе лично, се надоврзав на муабетот што го праите, мислам дека некој член пиша погоре дека не може во еден прелазен рок да се набрка целиот вишок... Ма да кај вас стварно има многу :D
Според мене на вас би треба десен бек, 2 штопери и десно крило, како преоритет, плус напаѓал и везњак ако си заминат Лукаку и Ерера. Тоа се 4 играчи, што реално не се многу.
Исто битно е да не си заминат тие што не се вишок на сметка да останат тие што треба да си одат. :)

Искрено верувам дека средина од Погба, Ерера и МкТоминај/Матич може да е подобра од Хендерсон, Вајналдум, Кеита/Милнер.

Мое мислење, да не ми се нафрлат Пеџа и другарите. :D
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.027
Поени од реакции
2.026
Зошто Лукаку не е со тимот во Барселона?

Составот за утре каша попара, стварно немам поима што ќе извади Солскер, едно 5-6 комбинации ми се вртат во глава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom