Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

B

BooBojan

Гостин
Сите ќе ги избркаме, летово за 500ка ќе донесеме нови 11, ќе ги селектираме по критериум сакање на клубот и тогаш ќе освоиме. :toe:

Мурињо треба да лета.
Погба не треба да лета????
Кој пример ќе биди тоа за играчите...
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
4.805
Поени од реакции
3.251
televisa presenta стана клубов... ужас...

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
82.084
Поени од реакции
184.857
Погба не треба да лета????
Кој пример ќе биди тоа за играчите...
На Манчестер повеќе му треба Погба отколку Манчестер што му треба на самиот Погба. Во некои идни и се надевам поубави времиња за нас, ќе можеме да ги селектираме играчите според пример. Треба да се донесе менаџер кој што ќе го вади максимумот од играчите а не менаџер кој што ќе биде скаран со 80% од нив.
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
21.051
Поени од реакции
55.060
Многу се опуштило црнчево кај вас :icon_mrgr:. Во Јуве (кај Конте) за доцнење на тренинг одма го пратија еден меч на трибини + си плати парична казна.
Не дека Мурињо е цвеќе за мирисање, али скандалозно е еден од најплатените играчи во екипата да прави вакви глупости, и да дава провоцирачки изјави пред медиумите за тренерот. Можда затоа и Ферги се отараси од него :toe:, а и вака во екипата никој не се издвојува како авторитет (налик Рој Кин) да му мавне некоја заушка.

Ако правеше вака во Јуве, Келини на тренинг ќе му влезеше со носот у колено.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
25.332
Поени од реакции
40.673
A не, ако Мурињо добие клоца, единствен услов под кој би останал Погба во Јунајтед е да му акне клоца на свињата Раиола.

Иначе, и он и Мурињо аут. Првиот не покажа зошто би го оставиле на подолг период, вториот со понашањево.

Патем, на подолгово видео на крај се слуша нешто во стилот на Get him out...

Не е добро, во никој случај.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
82.084
Поени од реакции
184.857
Многу се опуштило црнчево кај вас :icon_mrgr:. Во Јуве (кај Конте) за доцнење на тренинг одма го пратија еден меч на трибини + си плати парична казна.
Не дека Мурињо е цвеќе за мирисање, али скандалозно е еден од најплатените играчи во екипата да прави вакви глупости, и да дава провоцирачки изјави пред медиумите за тренерот. Можда затоа и Ферги се отараси од него :toe:, а и вака во екипата никој не се издвојува како авторитет (налик Рој Кин) да му мавне некоја заушка.

Ако правеше вака во Јуве, Келини на тренинг ќе му влезеше со носот у колено.
Погба еднаш нема направено глупост на тренинг и тука ако гледаме така.

Не знам што треба да изјави Погба, дека топ играме? Јас како што читав изјавата му е како 95% од постовите на форумов. Да го кажеше ова Марсијал сите ќе отрчаа на Фејсбук и Инстаграм срциња да му оставаат.
 
B

BooBojan

Гостин
На Манчестер повеќе му треба Погба отколку Манчестер што му треба на самиот Погба. Во некои идни и се надевам поубави времиња за нас, ќе можеме да ги селектираме играчите според пример. Треба да се донесе менаџер кој што ќе го вади максимумот од играчите а не менаџер кој што ќе биде скаран со 80% од нив.
Нешто слично беше во ситуациите кога Фергусон ги шутна Кин, Бекам, Ван Нистелрој, па и Погба на сличен начин.

Веке не сакам да навивам за клуб кој му е гајле само за пари и маркетинг. Затоа веке никогаш нема да земам нивни дрес. Подобро ќе си навивам за Борнмут или Барнли и ќе си купам дрес од нивните клубови отколку од принцезите.
Заради тој маркетинг е значаен Погба, и ништо повеќе.
Да игра, одличен фудбалер е, ама претерано самобендисан е.
Нека се однесува како шо се однесуваше на светското.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
9.776
Поени од реакции
14.319
Погба да се вложуваше во играта онолку колку што се вложува во својот инстаграм профил ќе бевме шампиони !!! Би им дал клоца и на мур и на погба без размислување.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.211
Поени од реакции
4.071
Нешто слично беше во ситуациите кога Фергусон ги шутна Кин, Бекам, Ван Нистелрој, па и Погба на сличен начин.

Веке не сакам да навивам за клуб кој му е гајле само за пари и маркетинг. Затоа веке никогаш нема да земам нивни дрес. Подобро ќе си навивам за Борнмут или Барнли и ќе си купам дрес од нивните клубови отколку од принцезите.
Заради тој маркетинг е значаен Погба, и ништо повеќе.
Да игра, одличен фудбалер е, ама претерано самобендисан е.
Нека се однесува како шо се однесуваше на светското.
Претежно играчите се однесуваат како што се однесува и газдата или во превод како што кажа, Ед кур го боли за играта освен за парите, а истото се пренесува и на играчите. Секаде е така. И во една најмала фирма ако газдата не работи, не работи и под него шефот, и под него работниците. Просто никој не се замара.
Малку се карактерите што професионално си ја вршат работата без разлика на надворешните влијанија.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.674
Добар е Погба бе што сте му запнале. Исто и Мурџо, замислете саглам тренер да имавме, сега ќе се тресевме во борба за титула!
Вака лаганица, без стресови!
Здравје нека е може и за четврто место ќе се бориме, малку ли е?
 

ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.713
Поени од реакции
7.198
Во секоја ситуација помеѓу играч и менаџер сум на страната на менаџерот. Но овде мислам дека Жозе ја почна тензијата уште од СП, а нема да ме чуди да постои нетрпеливост меѓу нив двајца и од претходно. Искрено достапни ни се само 5-10% од информациите кои што се и не можеме лесно да расудуваме и да коментираме.

Како и да е, доколку со Вест Хем не освоиме 3 поени Жозе ќе започне да се движи по уште потенка жица и само чудо би го спасило според мене со оглед на тоа што веќе станува конфликтен и во соблекувалната.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
25.332
Поени од реакции
40.673
Што си постирал на инстаграм бе...:pos:

Затоа и сме таму кај што сме.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.616
мора и двајцата да летаат....Мур оти веќе не го бива, го мразат неговите играчи, и после цели две сезони, се гледа дека не бива работава...
Погба е веројатно најлошиот мидфилдер на светот...светско освои оти ги имаше машините Канте и Матуиди покрај него, заедно со Мбапе и Гризман...
не постои мидфилдер на светов што не спринта, од Модрич, Кутињо, Тиаго, Ериксен, Канте, Милнер, Де Брујн, било кој мидфилдер на било која позиција во средината, трча и спринта за да покрие назад, или да истрча напред за да помогне...ама не Погба, другарот комотно си џогирка по цел терен, си пушта параболи што завршуваат во аут или гол-аут и мува не го лази.. и тоа екстра потезите што ги прави, каде секоја утакмица сака да се протнува меѓу тројца за да испадне јак, ама баш ич не му помага...

и не значи дека ако е ваш играчот, мора да го браните со сите сили, едноставно дечкото не го бива, барем не во овој клуб, со овие играчи, и со овој менаџер..

здравје наредна сезона во Барса може ќе се покаже...
 
На врв Bottom