Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.674
Денеска не само Мурџо беше кабает. Мурџо ја утна ротацијата, но тоа беше очекувано од него. Не може он без глупи експерименти, изгледа.
Втор момент се неколку играчи, да не речам скоро цел тим. Освен де Хеја ,ЛАВ и патравиот Смолинг, никој друг не пројави желба да пролее пот, ајде уште и Фред може да добие преодна.
Санчез и Погба да се фатат за рака и нека се удават во некој канал таму, такви изгубени случаи тешко дека ќе види историјата на фудбалот.
Останатите неспомнати, толку им дал господ, не се они криви што се првотимци на МУ!
Замените не ги ставам во овој список, не заслужија ни критика ни пофалба!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
25.333
Поени од реакции
40.673
Со изјавите што ги дава Погба, еден од него и Мурињо нема да го дочека летото у Јунајтед.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
745
Поени од реакции
314
Еми, тоа е соборци - 1-2 натпревари сме задоволителни, па пак се враќаме на старото.

Бледо издание против Вулверхемптон.
Но, не се тие (W.W.) за потценување.
Беа цврсти, и само 6 голови имаат примено сезонава.

Без Матиќ некако не се снаоѓаме во средината.
А, во дел од натпреварот и Погба ко сам да играше таму, немаше соработници (Фред - аут, Фелаини - се пресели во напад, нововлезените (Мата, Марсијал, Переира) - скоро сите во напад).

Десно - нема човек ни за лек.
Валенсија ќе појде до некаде, но ништо сериозно.

Мата бега централно. И Лингард е таму.
Санчез лево. Таму е и Шо.
Марсијал наместо лево, тој се пика во средина.
Турлитава!

Фред - ОК, ко за висината и тежината. Му се игра. Веројатно ќе го биде.

Шо - се подобрува, но скоро секогаш остава дупки позади кога ќе излета по крило.
Примениот гол е дел по негова заслуга (не отиде до крај со стартот до гол-аут линијата), во комбинација со потскокнувањата на Погба на средината.

Со провидни напади, 100 нафрлени топки кон Лукаку и Фелаини не се победува во 2018-та.
Тоа не пали ни во слаби лиги, а не па во ПЛ.

Не го милувате многу Мурињо, но голем удел во бледилото имаат и играчите (не им бил денот, не им е погодена позицијата, не се концентрирани 95 минути, не се дораснати на задачата, итн, итн...).

Тешко, тешко...
Но, што знаеш, можеби позитивно ќе не изненадат. [emoji2]
 
B

BooBojan

Гостин
Прв проблем е одбраната. Секој меч примаме гол. Мора да врзат 3-4 клин шитови ако сакаме да атакуваме на пласман во лш.
Па ако не иде со 2 стопери, играј со три кога веќе гледа дека вака ме иди, а се гледа дека не иди. Шо, Јанг, Валенсија, Далот, Дармјан сите можат да играт винг бекови.
И нека проба со 3-5-2 бидејќи за 3-4-3 дефинитивно нема да има баланс на средината.

А факт е дека има и проблем со Погба, Санчес, Марсијал бонус и проблемите со Вудвард, 99% Мурињо ќе го јади стапот на крај мислам.
Али да се ја прашувам еден комплетен ремонт би направил на тимов, со двајца нови стопери, двајца нови играчи во средина, крило и Погба, Фелаини, Мата, Санчес, надвор од клубов. И секако Мурињо аут, а нека се проба да се оди по Алегри, Зидан, Конте.
 
B

BooBojan

Гостин
Што ќе ти е да си оди Погба ако си оди и Мурињо? :)
Едноставно не смее да има таков пристап како играч, мора да биде професионалец, а сега се однесува како алфа и омега во тимот, а не смее да биде тоа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
25.333
Поени од реакции
40.673
Ако дојде Зидан, ке го видите најдоброто од Погба и поголемо залагање во дефанзива. Мурињо едноставно го урна и она малку авторитет што ги имаше кај Погба со изјавите летово. Впрочем, Погба само го изјави она што секој фан на Јунајтед го мисли, а тоа е дека треба да се мелат противници како Волфс на Олд Трафорд.

Но, не е проблемот само кај овие двајца. Труло е нешто во клубот зашто мал милион случаи имаме на топ играчи кои ке дојдат во Јунајтед до одлична форма, а тука допираат дно. Нема ни констатност во перформансите, освен кај Де Геа, Матиќ и Валенсија. Лани Лингард беше еден од подобрите играчи, сега откако го остави девојката, не може стадион да погоди. Рашфорд исто. Лукаку топло ладно.

Го гледав документарецот за Сити, и имаат страшно планирање за трансферите на играчите. Цел комитет на луѓе, вклучувајки го и Пеп, и одлука се донесува со конзенсус. Кај нас, тренерот сака едно, Вудвард второ, и на крај остануваме недокомплетирани.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
9.361
Поени од реакции
10.989
Го гледав документарецот за Сити, и имаат страшно планирање за трансферите на играчите. Цел комитет на луѓе, вклучувајки го и Пеп, и одлука се донесува со конзенсус.
Да да, сигурно е овака, заседава ЦК на КПЈ и одлучуваат со консензус.

Кој филм ти е овој, и на тебе и на тие од документарецот продаваат демократија во Шити. Од Пеп поголем егоист за трансфери нема, сигурно коа преговарал во Сити и на ова се сложил аха. Со КОНСЕНЗУС да му носат играчи.
Па баш од Баерн ради тоа си отиде (и делумно заради ЛШ). Не му даваа одврзани раце за трансфери, се поминуваше преку Ули и Румениге на одобрување.

Живеј во илузија и ти и тие што веруваат на документарецот дека и зад камери е исто.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
6.273
Поени од реакции
5.182
Ако дојде Зидан, ке го видите најдоброто од Погба и поголемо залагање во дефанзива. Мурињо едноставно го урна и она малку авторитет што ги имаше кај Погба со изјавите летово. Впрочем, Погба само го изјави она што секој фан на Јунајтед го мисли, а тоа е дека треба да се мелат противници како Волфс на Олд Трафорд.

Но, не е проблемот само кај овие двајца. Труло е нешто во клубот зашто мал милион случаи имаме на топ играчи кои ке дојдат во Јунајтед до одлична форма, а тука допираат дно. Нема ни констатност во перформансите, освен кај Де Геа, Матиќ и Валенсија. Лани Лингард беше еден од подобрите играчи, сега откако го остави девојката, не може стадион да погоди. Рашфорд исто. Лукаку топло ладно.

Го гледав документарецот за Сити, и имаат страшно планирање за трансферите на играчите. Цел комитет на луѓе, вклучувајки го и Пеп, и одлука се донесува со конзенсус. Кај нас, тренерот сака едно, Вудвард второ, и на крај остануваме недокомплетирани.
не е проблем само дефанзивата кај Погба, у право е @BooBojan си мисли дека е богиња
океј е знаеме дека си дупи по тројца па некад и 4ца играчи ама клубот нема фајде од тоа никакво
мора да се ослободува брзо од топка а не да дрибла, пример минатата утакмица имаше еден куп акции каде беа спречени само зашо црново на време не подаде, праи финта ги поминува ама прц ке го легнат од позади
и шо на средина на терен фаул ке свирнат големо фајде, одбраната ке си ја постават, некад и нема да свирнат па ке си примиме гол ко претходната утакмица


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
14 април 2012
Мислења
25.333
Поени од реакции
40.673
Да да, сигурно е овака, заседава ЦК на КПЈ и одлучуваат со консензус.

Кој филм ти е овој, и на тебе и на тие од документарецот продаваат демократија во Шити. Од Пеп поголем егоист за трансфери нема, сигурно коа преговарал во Сити и на ова се сложил аха. Со КОНСЕНЗУС да му носат играчи.
Па баш од Баерн ради тоа си отиде (и делумно заради ЛШ). Не му даваа одврзани раце за трансфери, се поминуваше преку Ули и Румениге на одобрување.

Живеј во илузија и ти и тие што веруваат на документарецот дека и зад камери е исто.
Да бе, и ја тоа забележав, страшно глумат у таа сцена Пеп и Чики.

не е проблем само дефанзивата кај Погба, у право е @BooBojan си мисли дека е богиња
океј е знаеме дека си дупи по тројца па некад и 4ца играчи ама клубот нема фајде од тоа никакво
мора да се ослободува брзо од топка а не да дрибла, пример минатата утакмица имаше еден куп акции каде беа спречени само зашо црново на време не подаде, праи финта ги поминува ама прц ке го легнат од позади
и шо на средина на терен фаул ке свирнат големо фајде, одбраната ке си ја постават, некад и нема да свирнат па ке си примиме гол ко претходната утакмица

Sent from my iPhone using Tapatalk
Не го бранам Погба, ама некад и нашиве се ептен статични напред, јер крила немаме, и нема кој да рашири. И Мурињо, а у пост меч анализите си го збореа тоа, слабо движење на играчи без топка, и немање крила.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.674
Погба го потроши и вториот џокер во Јунајтед, прво Ферги сега Мурџо. А да го продадеме на Јуве за 20 милиони па трета среќа, да го купиме за 300, кога ќе дојде Зидан?
Море мрш у триста мајчини, прати го таму пуканки да прави пред стадион:D
 

Peja989

Супер модератор
Член од
22 јули 2010
Мислења
31.647
Поени од реакции
79.266
@Bonnie and Clyde епа ради таков лежерен однос и обид за фора изгуби топка сеа со Вулвс и примивте гол од иста акција (полу контра).
 

ziak92

Weezy
Член од
21 ноември 2007
Мислења
9.713
Поени од реакции
7.198
@Bonnie and Clyde епа ради таков лежерен однос и обид за фора изгуби топка сеа со Вулвс и примивте гол од иста акција (полу контра).
Не знам дали го гледаше мечот, но Погба беше изложен на неколку такви ситуации како последица на тоа што немаше слободен играч да проигра, па мораше да направи дриблинг или некое движење во простор за да ја дистрибуира топката напред. И при ситуацијата за голот беше истиот проблем. Не го бранам, но играта ни е еднодимензионална, премногу статична без никаква динамика и во таков случај тежината на средните играчи е уште поголема.
 
На врв Bottom