Језда знаат да бидат тешки дегени на одредени моменти стопериве (сите до еден) ама не сум многу загрижен за одбраната. Со години сме меѓу најдобро рангираните кога станува збор за најмалку примени голови па затоа не гледам зошто годинава би било нешто различно. Не дека би имал нешто против Тоби да го земат, Мегваер..мех.
Мене повеќе ме засега нападот и слабата реализација, треба поголема поддршка за Лукаку во нападот. До душа тука е Мурињо крив што не игра поотворен фудбал со повеќе шанси за напаѓачиве да имаат фора да утнат една-две. Вака ќе ја утне таа една ебана шанса што ја имал и после тоа има пцуење, е ќе има. Мада понекогаш знаат стварно нешто невозможно да промашат.
Средината ми изгледа океј, можеби и најдобриот (најсреден) дел од тимот. Погба, Матич, Ерера, МекТоминеј, Фелаини не е лошо. Фред не го спомнав дека не сум го гледал до сега ниту еднаш па ќе видиме што ќе биде со него.
Ве читав наназад и мислам дека многу џева кревате за џабе, топ 4 нема кај да бега според мене. Борба за титула...е тоа е веќе друга работа. Цела сезона зависи од две работи, а тоа се: нападот и Мурињо. Мора да се клават појче голови и Мурџо да не се понаша ко жена во пмс.