Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737
Со ваквиот пристап, ни свети Погба не прави разлика, кога главниот проблем е кај дечкото на клупа. Ова е идење со глава низ ѕид. Да фураш еден ист начин на фудбал на гостински терен, а да немаш резултат.

Да треба да примиш гол, за да почнеш да играш фудбал. Мурињо ако не земе лев бек, и 10-ка саглам, уште долги години ке го гледа Сити како крева титули. Играме без десно крило, и без еден бек секој натпревар.

Годинава очекував дерби средбите да ги игра поотворено, ама со овој пристап, ако земе титула во ПЛ сезонава, на уши ке одам.
ние немаме ни десен бек реално ако збориме... го иаме Рони Колеман за десен бек... срце и душа и се остава на терен ама офанзивец е по природа и така е "школован" не е дефанзивец тој... во мал милион ситуации тоа може да се забележи на една утакмица.. освен Баји немаме централен дефанзивец стабилен... за лев бек, за десно крило, за 10ка ич да не праиме муабет... и ако стварно го потпишат Озил како шо се шушка значи тек тогаш ќе ја допосерат работата и немаат два мг мозок ни вудвард ни мурињо и се околу нив.

Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Допрва идат интересните утакмици каде за неколку кола ќе си испаднеме и од ТОП 4 (y)
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.583
Проблемот е што немаме креација и течна игра. Тој сегмент е поврзан со средниот ред и очигледно е отсуството на Погба.

Но генерално имаме и друг проблем и како буквар не чита секој поинтелегентен менаџер. При недостигот на креативност сме премногу предвидливи како играме. Десно фура Валенсија само без никаква поддршка од крило и многу лесно е да се неутрализира, додека лево пак на ротација ни фураат Марсијал/Рашфорд и тие без соодветна поддршка од лев бек и многу е очигледно како да се одбрани противникот. Досегашниот нивен топ скор е резултат на тимската игра како и на индивидуалните предиспозиции.

Најголема жртва од сето тоа е Лукаку. Човекот не е таков профил на напаѓач кој сам може да направи соло продор и гол. Бара група на играчи кои ќе треба да го хранат со топки во текот на целиот меч и би влегувал во над 2-3 добри шанси за гол. Па топка во празно нема човекот добиено како што треба веќе неколку меча. Со Погба сме далеку подинамични во нападот и отвара простор за еден Мики/Мата да има поголема слобода напред. Имаше Лукаку една добра топка во прв дел и го направи тоа што најдобро го знае иако имаше послаб финиш. Да добиваше Лукаку такви топки како што доби Мората денес сигурно ќе поентираше.

Вината денес оди и кај Мурињо, но и кај заспаната одбрана при голот, а и при неколку ситуации по голот. Не беше толку Челзи подобар за да заслужиме да загубиме, но овие се тие мечеви кај кои еден од тимовите ја користи грешката на противникот и тоа е тоа.

Како и да е, иако е премногу рано за крајно прогнозирање, со ваков Сити титула тешко дека ќе видиме годинава, но за самодоверба е важно да сме втори.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Вината денес оди и кај Мурињо, но и кај заспаната одбрана при голот, а и при неколку ситуации по голот. Не беше толку Челзи подобар за да заслужиме да загубиме, но овие се тие мечеви кај кои еден од тимовите ја користи грешката на противникот и тоа е тоа.
Не, Челзи беше баш толку подобар за да победи 1-0. Ништо не одигра Манчестер на натпреварот, ама баш ништо. Шанси за гол имаше, но не заслужи нерешено.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.633
Поени од реакции
6.441
Допрва идат интересните утакмици каде за неколку кола ќе си испаднеме и од ТОП 4 (y)
Њукасл и Брајтон треба да ги добиеме без проблем на ОТ. Вотфорд е тврд орев и очекувам тешка утакмица таму но треба да ги добиеме. Е после следуват Арсенал на Емирати и Сити дома. Арсенал му лежат најмногу на Мурињо од топ6 а Сити колку и да е јак на ОТ може да падне секој. Ако по некоја случајност ги добиеме овие 5 натпревари се враќаме во борба за титулата, во спротивно пиши пропало. Веројатно и Погба ќе е спремен од следната па се надевам дека ќе ја подигне играта за неколку нивоа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.976
Поени од реакции
67.773
Како и да е, иако е премногу рано за крајно прогнозирање, со ваков Сити титула тешко дека ќе видиме годинава, но за самодоверба е важно да сме втори.
Со 99% од пишаното се слагам, ама мислам дека поминаа доста години без поголем успеџ, за да си билдаме сега самодоверба со второ место. Колку само мислев дека Мурињо ке појде поризично сезонава во дерби утакмиците. :pos:
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737
а Сити колку и да е јак на ОТ може да падне секој.
MOЖЕШЕ... за жал во едно минато време !!!

When I stood in the tunnel as a Manchester United player, I saw [Cristiano] Ronaldo, [Wayne] Rooney, [Ryan] Giggs, [Paul] Scholes, [Gary] Neville, [Nemanja] Vidic, Rio [Ferdinand], [Patrice] Evra, Edwin van der Sar. I said to myself: 'Berba, you need to cherish this moment forever, my friend.' And then I looked at the opponents. They were already beaten.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Време е да престанеш да тресиш глупости во врска со Погба. Сериозно, отече со глупостите.[DOUBLEPOST=1509915671][/DOUBLEPOST]

Дефинитивно е друго, огромна е разликата. Со Погба Манчестер игра фудбал, без него некоја друга игра.
Кај го виде Погба во мојот пост,богати?
Ако си троа писмен, а треба да си, пишувам дека само неговото враќање не го решава проблемот.
Треба да се решат уште ребуси за Јунајтед да заличи на саглам тим!
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292

#циган #МењаФризури #Дрибла #ШутираОдДалеку #СнимаВидеаСоЛингард #НекаСеВратиУЈуве
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.863
Поени од реакции
5.737

#циган #МењаФризури #Дрибла #ШутираОдДалеку #СнимаВидеаСоЛингард #НекаСеВратиУЈуве
епа кога еден тим ТОЛКУ ДРАСТИЧНО зависи од еден играч, пиши пропало...

Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 
S

silmarillion

Гостин
Дај боже да е неиграњето на Погба проблемот. Бројкиве незнам колку се релевантни кога ги пропушти он горе-доле сите дерби утакмици.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.525
Поени од реакции
2.380
Па не треба да ги гледаш бројките, гледај ја играта со и без него. Миктаријан и Лукаку се безопасни без него на терен. Додека е Мурињо нема да гледаме добро дерби посебно на гостински терен. Тројца централни дефанзивци два винг бека, Матич централен, Ерера централен и останатите нека прават што знаат и не знаат, тоа не е игра која што сакаме да ја гледаме ние а и нема да има позитивен резултат секако.
 
S

silmarillion

Гостин
Па и со Погба у тим ќе го игра истото само место Ерера ќе игра он.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom