Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.500
Поени од реакции
6.128
Тактиката е долги топки а 9 од 10 такви му припаѓат на противникот. Епа не ти се ова децата од Ајакс. Ова ти е класично рогање напред па ако имаме среќа и противникот погреши ќе направиме шанса. Вакви тактики не поминуват ни кај пациентот Ловрен.
За играчите немам што да коментирам(Освен Микитарјан) бидејќи најголем кривец е Жозе. Нека ми се изгуби од пред очи што поскоро ерменецот. Па и еден од најстандардните ни е торкото.[DOUBLEPOST=1509907689][/DOUBLEPOST]
Мики да се прати во у23 под хитно, ужасен е, кога се зависи од него си игра ку*ташак.Погба златен дај врати се, цела сезона ни зависи од него.Ерера одвратен ми е станат, матич исто милијарда грешки направи.

Жално е што после толку вложени пари зависиме од Погба, а уште пострашно е што после толку пари тимот не е среден.Десно крило и лев бек(Јанг океј беше денес)

Ни мурињо ни лукаку не се криви, мурињо скроз исправно излезе во рамки на МОЖНОСТИТЕ.Губи еден нула се отвори дополнително, па и џеси го стави на лев бек.А за лукаку се е јасно нема кој топка да му дае и тоа е тоа.Требаше лукаку гол да дае у прво ама тоа е.
Кој можности бе брат? Не е само да се стават офанзивни играчи, истите треба и да имаат некоја акција увежбано на тренинг а Жозето очигледно освен таа основната со вкрстување, пас на корнер и центаршут која ги учат децата не знае друга акција. Цела игра ни се сведува на индувидуални потези и на сила. Офанзивците немаат еден гол после тимски искреирана акција. А дека имаме најмалку километри истрчано да не правам муабет.
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Само Погба фали и тогаш Јунајтед одма ќе добие нова игра на топка по земја! Додека не дојде ваква игра ќе тера Мурињо. И него не му е лесно али тоа е што да прави.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Само Погба фали и тогаш Јунајтед одма ќе добие нова игра на топка по земја! Додека не дојде ваква игра ќе тера Мурињо. И него не му е лесно али тоа е што да прави.
кога колективот зависи од 1 играч, тогаш тури му пепел на тој колектив. RIP !!!!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нормално дека ќе играме преку прескокнување на средината кога десетката наша е 20 кила сосе кревет и губи дуели од Хонг Конг од Тотенхем не па од Канте или црња како Бакајоко. Матиќ денес цело време беше со топката, Ерера освен кога го видов да блокира шут на Челзи, после не го видов, ок и фаулите глупи кога ги направи и можеше црвен да лапне кога го стапна Хазард.

За Лукаку сто пати го правевме муабетов, не е РвП или Руни тип на напаѓач што може сам да си створи шанса, Лукаку е како Ван Нистелрој, уствари тој не ни треба да го напушта шеснаесетникот ама РВН ги имаше Сколс, Гигс, Бекам да му местат топки, Лукаку наш чека од Смешкитарјан...
 
Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.306
Поени од реакции
10.320
За истото што го направи Ерера , Џерард доби црвен картон за 30 секунди игра.Судијава денес беше катастрофа како и ние.Со вакво темпо само не знам до кога ќе успеваат да го задржат Де Геа, другиот дел од екипата е лади дади кур не им чуе.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308

Истото Канте му го направи на Миктарјан.
 
DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.701
Поени од реакции
5.326
За Лукаку сто пати го правевме муабетов, не е РвП или Руни тип на напаѓач што може сам да си створи шанса, Лукаку е како Ван Нистелрој, уствари тој не ни треба да го напушта шеснаесетникот ама РВН ги имаше Сколс, Гигс, Бекам да му местат топки, Лукаку наш чека од Смешкитарјан...
во ред е се ова шо го пишуваш за Лукаку во однос на шансите... ама шо праиме со то шо е страшно животно, а не може дуел да добие ?? шо праиме со тоа шо не може фаул да изнуди... смешно изгледа коа прави контрафаули... НЕМОЌНО... денес во неколку наврати изгуби неколку воздушни дуели од АСПИЛИКУЕТА шо е 20 цм можда понизок од него и физички инфериорен... за тоа не му е крив ни Микитаријан, ни тоа шо не е РВП или Руни тип на напаѓач...a да не праиме муабет колку добар "first touch" има :) треба да поработи на овие работи, ваљда коњите шо ни се на клупа околу Мурињо ги гледаат овие работи и треба да му помогнат на тренинг да излезе од кризата во која шо е моментално... то е една работа, а втората работа е то шо ваљда психички почнува да опаѓа шо е сосема нормално за напаѓач кој шо не постигнува голови, а тоа му е главна работа.. ваљда ќе даде некој гол сеа на пријателскиве за Белгија и ќе врати дел од самодовербата....
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Викате со Погба у тим друго ке е? :)
Да, дефинитивно!
Миктаријан ќе научи фудбал да игра, Лукаку ќе ја лепи топката за копачка и Мата ќе качи 15 кила.
Исти миленко ќе бидеме, уште многу ни треба да станеме тоа што сакаме! Најпрво тренер со визија и позитивен пристап а не хохштаплер со шаблони:cool:.
Него, не му личи на бренд клуб да е без брендиран менаџер, епа тражили сте - гледајте, нормално на ваша одговорност;)!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Време е да престанеш да тресиш глупости во врска со Погба. Сериозно, отече со глупостите.[DOUBLEPOST=1509915671][/DOUBLEPOST]
Викате со Погба у тим друго ке е? :)
Дефинитивно е друго, огромна е разликата. Со Погба Манчестер игра фудбал, без него некоја друга игра.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Со ваквиот пристап, ни свети Погба не прави разлика, кога главниот проблем е кај дечкото на клупа. Ова е идење со глава низ ѕид. Да фураш еден ист начин на фудбал на гостински терен, а да немаш резултат.

Да треба да примиш гол, за да почнеш да играш фудбал. Мурињо ако не земе лев бек, и 10-ка саглам, уште долги години ке го гледа Сити како крева титули. Играме без десно крило, и без еден бек секој натпревар.

Годинава очекував дерби средбите да ги игра поотворено, ама со овој пристап, ако земе титула во ПЛ сезонава, на уши ке одам.
 
Јас не велам дека со Погба ќе освои Манчестер титула, ама да тврдиш дека иста е играта со него и без него е смешна работа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.503
Поени од реакции
62.308
Јас не велам дека со Погба ќе освои Манчестер титула, ама да тврдиш дека иста е играта со него и без него е смешна работа.
Не би имал проблем со играта, ако носи резултат. Ова ниту изгледа на игра, ниту носи резултат. И да се врати Погба, тактичката замисла на тренерот пак ке биде погрешна во ваквите мечеви.

Сума сумарум, и да се подобри играта со Погба, а е различна се слагам, нема да биде доволна за да земат титула.
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
652
Поени од реакции
516
Стварно не е сваќам тактиката со долгите топки од Де Геа кон Лукаку кога тој е сам напред. Уште од прво коло гледам такви потези (во последниве кола зачестија), а успеа само еднаш, против Тотенхем. ЕДНАШ ВО 10 КОЛА и упорно истото се тера, а со тоа и самите гледаме колку топки му даваме на противникот... Денес најмалку 10 сигурен сум.
Па толку ли мастермајндот нема друга тактика нешто поинаку да намести да се проба на друг начин до шанса да се дојде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom