Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.615
Поени од реакции
10.869
Излишно е се додека не освојат европа и не дојдат овде.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Абе кај ги наоѓате бисериве. Оној погоре вика Де Хеа е крив што Линдегард не го исполнил 'потенцијалот', ти мислиш дека Јунајтед има светла иднина заради децава кои завшија просечно во младинските категории како и возрасниве...

Шо се дешава со денешниве деца?! :confused:
Од сите играчи горе ти само Лингард го запримети.:confused:
Да сметам дека имаат потенцијал да покажат што знаат и умеат...се со време!
 
R

red.devil

Гостин
Од сите играчи горе ти само Лингард го запримети.:confused:
Да сметам дека имаат потенцијал да покажат што знаат и умеат...се со време!
ЛинДЕгард, за голманот зборев и не беше наменето тоа за тебе...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.514
Поени од реакции
62.360
Заврши сезоната а?
Ко ќе бидам во право за нешто што не сакам многу ми е криво зошто сум немоќен да го променам тоа. Ептен напнато беше на темава еден период па сега можеби ќе изгледа како да се ситам ама не ми е гајле, мислам заслужив оти ве трпев кога ме правевте будала (океј, ме трпевте повеќето и мене :D ), плус баш се осеќав ко негативец (и аватарот ми е таков, јеби га) и изгледаше како да им контрирам на сите...

Бидна што бидна, сега ископав само едно мислење кое тогаш сакав да добијам одговор ама оставив да помине Април како што се договоривме и да видиме шо ќе се деси, кај сме и што сме Се надевам сега ќе добијам. :)

Повели друже. :)
Што треба да ти одговорам?

Дека не се согласувам со твоето мислење дека играме ист фудбал како со Мојс и Ван Гал? Дека не се согласувам со тоа дека ти беше тој што тврдеше во Ноември дека Руни мора да игра, мора да се темпира неговата и формата на Керик, така? Оправдано било што Руни не се залагал, зашто и други не се залагале? Која Сител политика.

Ке се навратам директно на темата, не сакам да дефлектирам, стилот на играта, и напредокот. Да кажеш дека нема напредок во играта на тимот од пред Мојс и Ван Гал треба некој солна киселина да ти сипал во очи пред почетоков на сезоната. Конечниот резултат не е оној што го посакувавме, и срамота е што не се пласираа во Топ 4. Небитно што по денот од кога е цитираното мислење до денес, Јунајтед доживеа само 2 пораза во ПЛ, 2-та кога веќе ПЛ не е приоритет.

Делумно сум задоволен од играта, но не и од финалниот резултат, затоа што на доста добар дел мечеви каде што подаривме по 2 бода на домашен терен, бевме доминанти, но фалеше ефикасност. Тука вина имаат играчите, а кај Мурињо иде вината за неколку меча што прерано зеде да се брани, и си изгуби бодови, Арсенал, Свонси, Евертон etc etc.

Ке видиме среда вечер, доколку помине Јунајтед, сезонава е добра, во никој случај одлична, доколку не го тепаат Ајакс, ке ти признаам дека си во право. Иако, Јунајтед имаше милион зицери потоа на домашен терен комотно да си влезе во Топ 4.

ПС еве ти некој со кој што делам мислење, а на пулец.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Абе кај ги наоѓате бисериве. Оној погоре вика Де Хеа е крив што Линдегард не го исполнил 'потенцијалот', ти мислиш дека Јунајтед има светла иднина заради децава кои завшија просечно во младинските категории како и возрасниве...

Шо се дешава со денешниве деца?! :confused:
Кај прочита дека пишав дека ДеХеа е крив за нечија неуспешна кариера ? Така се склопиле коцките и то ти е , никој никому не му е крив .
Уште повеќе што се работи за осетлива позиција и каде не е препорачливо ротирање .
Само сакам да препорачам , да не билдаш стручност , плукајки по нечија кариера .
А тоа дали некое од овие деца , кои сега ги пуштаат во игра , ќе биде коцка во некој успешен мозаик , не можеш да знаеш одсега .
Имаше многу млади ѕвезди кои не отидоа никаде подалеку од тоа , зошто барем еден од денешниве не би успеал , наспроти твоите очекувања ?
 
R

red.devil

Гостин
Што треба да ти одговорам?

Дека не се согласувам со твоето мислење дека играме ист фудбал како со Мојс и Ван Гал? Дека не се согласувам со тоа дека ти беше тој што тврдеше во Ноември дека Руни мора да игра, мора да се темпира неговата и формата на Керик, така? Оправдано било што Руни не се залагал, зашто и други не се залагале? Која Сител политика.

Ке се навратам директно на темата, не сакам да дефлектирам, стилот на играта, и напредокот. Да кажеш дека нема напредок во играта на тимот од пред Мојс и Ван Гал треба некој солна киселина да ти сипал во очи пред почетоков на сезоната. Конечниот резултат не е оној што го посакувавме, и срамота е што не се пласираа во Топ 4. Небитно што по денот од кога е цитираното мислење до денес, Јунајтед доживеа само 2 пораза во ПЛ, 2-та кога веќе ПЛ не е приоритет.

Делумно сум задоволен од играта, но не и од финалниот резултат, затоа што на доста добар дел мечеви каде што подаривме по 2 бода на домашен терен, бевме доминанти, но фалеше ефикасност. Тука вина имаат играчите, а кај Мурињо иде вината за неколку меча што прерано зеде да се брани, и си изгуби бодови, Арсенал, Свонси, Евертон etc etc.

Ке видиме среда вечер, доколку помине Јунајтед, сезонава е добра, во никој случај одлична, доколку не го тепаат Ајакс, ке ти признаам дека си во право. Иако, Јунајтед имаше милион зицери потоа на домашен терен комотно да си влезе во Топ 4.

ПС еве ти некој со кој што делам мислење, а на пулец.
Требаше да одговориш кратко и јасно на прашањето што рече "Ќе видиме во Април ако фалат поени." Епа поени фалат, и сега џабе реферати кога одговараш пасив-агресив. :)

Ми викаш ќе зависи од ЛЕ. Не бре другар, не зависи од ЛЕ ништо. Кога го правевме муабетов, ЛЕ викавме дека ќе биде тренинг за у20 играчите да билдаат искуство и Ибра не играл ЛЕ #хехе муабети ама испадна обратно. :D Што доволно ти говори за сезонава. А ти само теши се дека титула ЛЕ ќе надохнади за очајот во ПЛ.

Можеби имам киселина испиено, ама уште не сум стигнал степен да постирам шутеви кон гол за квалитет на игра. Тоа јак подвиг беше, нема што

За другите работе се лични размислувања и ти викаше многу работи кои сега ни приближно не испаднаа точни и затоа се фокусирав на кратко и јасно прашање, кое уште се влечиш да го одговориш. Во посебен цитат ти е, во случај ако ти е тешко да го најдеш. :))

За пи-ес от ти кажав и тогаш, џабе ми даваш мислења од познати личности, кажи ми ти што мислиш. Они може да се во право ама и знаеш дека сме изначитале еден тон глупости.
 
Член од
21 март 2015
Мислења
1.257
Поени од реакции
1.131
Овој хамес џабе да ни го дадат не треба да го земеме втор дел ди мариа ке бидне
 
Не ми текнува за шутевите, ке побарам покасно, знам дека едно време имаше расправија со тебе, викаше дека проблемот е што не креиравме шанси, нели, Реал ако промашел шанса и голманот имал свој ден, креирале уште шанси, и ги добивале мечеви, а не бил проблемот во ефикасноста, па ти пастирав дека по број на креирани шанси во тоа време бевме втори во Лигата, но имавме најмал процент на реализиција. Потоа, нормално за тебе, муабетот го сврте кон тоа "Vidooq како збореше, ја мислев дека сме далеку пред сите", несакајки да признаеш дека од време на време знаеш да истресеш. Ке ти го побарам и тоа мислење подоцна.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.697
Поени од реакции
6.619
Барем не се изрезиливме во последниот натпревар и тоа дома;). Како и да е, 6-то место е преслаб резултат за Јунајтед и сега мора преку ЛЕ да се вадиме иако си пропуштивме мал милион шанси да си избориме лагано 3-то место кое ќе беше задоволителен резултат. Читав негде дека играчите ќе биле казнети следна сезона со 25% намалување на платата ако не изборат пласман во ЛШ. Ако е ова вистина, ова е потег кој ме радува(y) ајде нека го испотат дресот в среда и да го тепаат ајакс онака во мурињо - стил, со 2-0 и нека докажат дека сепак има нешто јунајтедско во нив. Не сакам да помислам што ќе биде ако не освојат ЛЕ :cautious:. Повеќе заради фактот дека нема да играме ЛШ отколку што нема да ја освојат титулата. После може да биде и проблем за трансфери. Тешко да привлечеме некој квалитетен играч да игра за тим чии амбиции се лимитирани:(. Искрено се надевам нема тоа да се случи. Можда среќата од цела сезона ќе се собере и ќе биде на наша страна во среда (y).
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Абе не треба среќа.. треба да го спотнат газо..
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Griezmann: "My future will be decided in 2 weeks. On a scale of 1 to 10, the chances that I sign with Utd are a 6."
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Таман кога ќе потпише ќе биде 10/10, ќе направат некое видео каде и ќе го држи на Руни дресот, све е ова однапред смислено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom