Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Па друже во онаква мртва утакмица на која и едниот и другиот тим играат мртва игра секоја одлука на судијата е важна, посебно кога се работи за поништен гол кој и те како е чист. За играчиве си во право тоа никој не ти го спори само фактот што Рашфорд и Линград стартуваат пред Миктаријан и Марсијал дефинитивно е инаетот што го тера Мурињо со одредени играчи.
Па ете и самиот се согласуваш дека имаме мртва игра, тоа ни е најголем проблем. Ете судијата можеби погреши што не го призна голот на Ибра, ама тоа не го менува фактот што игравме мртвило.

Не е никаков инает тоа што Рашфорд и Лингард стартуваат. Марсиал сезонава е изгубен во свемирот, Мики имаше ептен слаба утакмица со ВБА, затоа и беше седнат на клупа. Мене единствено што ме нервира кај Мурињо е тоа што го игра Фелаини, а ги испродаде Шнајдерлин, Швајни. Попрво дрво на терен би гледал, отколку оваа бушавата грмушка. Исто што нешто е изгледа проблем кај Мурињо е мотивацијата на играчите, не може пола да играчите да се понашаат како да играат за Шефилд Јунајтед, а не за Манчестер. Пола од играчите си го ладат на терен, Погба повеќе фризури смени отколку добри партии што имаше сезонава, ама важно најплатен играч на светот е.
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.509
Поени од реакции
2.348

Значи за одредени играчи не треба да се измислува топла вода, едноставно ги оставаш да си ја играат својата игра и еден лош натпревар не треба да значи дека наредниот треба да бидат седнати на клупа. Марсијал не фати континуитет цела сезона ради инаетот на Мурињо, Миктаријан исто, Шнајдерлин беше продаден на сметка на Керик и Фелаини исто од страна на Мурињо, Шо и мртов е подобар и од Јанг и од Блинд, играта е мртва исто како и играта на Челзи лани. Друга ствар во врска со утакмицава е тоа што Евертон не е Сандерленд или па Барнли па да очекуваш дека ќе ги изгазиме во сите сегменти во играта. Примивме безвезен гол по кој тотално се затворија и не ја видоа топката. Во таква утакмица секој детал од играта е битен, шут, центаршут, фаул, офсајд во случајов поништен чист гол и дефинитивно два бода одат на душа на судијата пак и пак годинава. Колку и да не беше добра играта заслуживме победа...
 
R

red.devil

Гостин
Верувајте му на Мурџо, он измислува топла вода во менаџерството каде што работниците треба да се самомотивираат... Од таков пристап се растури Југославија. :toe:
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
1.537
Поени од реакции
1.172
Само уште да поче на проидонесува во играта и уште 10 години нека му го продолжет.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
ахахахах на Лингбек му дале нов договор и плата од 100 к неделно. тоа е спуштајте завеса отиде клубот во неповрат.
 
A

apidrone

Гостин
Кога можеше Швајнштајгер за драпање мадиња да лапа 250к зошто да не може и лингуров 100к.
 
faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.384
Поени од реакции
21.930
Без разлика колкава му е платата незаслужува да го носи дресот на Јунајтед,ке блесне на еден натпревар а цела сезона го нема никаде,не заслужува нов договор.
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.591
Се додека има играчи кои повеќе се тука за пари отколку што го сакаат клубот и фудбалот воопшто, ќе си патиме од просеци, а со тоа и просечни достигнувања. Само се молам Ибра да е жив и здрав и да не однесе некако до титула во ЛЕ како би можеле в година да играме ЛШ. Така би се привлекле јаки засилувања, а ваљда ќе биде и мотив плус за тие што ќе останат па можда ќе тргне работава.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263

Ако Лингард не игра за клубот не знам кој друг игра, а најмалце Ибра.Може не е светска класа играч но секогаш давал 100%.Патем и не играше нешто многу сезонава ко Ибра и Погба на пример патем увек бил за рптација и играл против послаби противници.Ова што последниов период го ограат повеќе се должи на лошата фпрма на другите играчи и заморот.

Патем Фергусон колку ѕвезди имаше во било кој тим? :)
 
Кој го спомна Лингард? Баш напротив, јас сум за да се редуцира купувањето преплатени ѕвезди. Ако мене ме прашате, 80% од тимот би го изградил од играчи од Англија и соседството. Би зел околу 3-4 странци кои се стварно добри и за кои вреди да се платат пари. Од сегашниов тим изброив само 8 играчи со домашно потекло. Али пошто конкуренцијата купува за да се засили, мораме и ние, едноставно таква стана играта, гладна за пари. Парите пред се и над се, али кога веќе се работи на тој начин, нека има барем резултат. Ние потрошивме страшни пари, а не наравивме ништо по заминувањето на Фергусон. Се донесоа тешки просеци за големи пари. Од друга страна пак, лесно пуштивме играчи кои можеби не им се укажа доволно шанса: Шнајдерлин, Велбек, Кагава, Чичарито, Фалкао итн... (добро овај додуша ептен со повредите се искилави).

Пример за функционирањето на Тотенхем. Како ним им успева да играат во такво високо темпо цела сезона, а немаат преплатени ѕвезди и плус редовно вадат јаки млади играчи по кои после сите се тепаат да потрошат милионче повеќе?
 
Коментарот ти го протолкував како да се надоврзуваш на претходните муабети за Лингард, затоа и него го земав ко пример.Инаку истите тие Бритнаци се според мене каде каде преплатени, а она што го добиваш за возврат е просек(Руни и Фердинанд се исклучоци).Колку Англичани сме платиле и преплатиле и пази не само ние, туку и другиве екипи, башка се гледа колку се способни на интернационално ниво.

Друго секоја чест за Тотенхем одлична екипа склопија, но колку време се мачеа да дојдат до тука?Не сме ние екипа од втор ешалон па ќе се ослони на млади таленти кои за некоја година ќе пркнат.Лани Ван Гал постави одличен млад костур кој му треба/ше уште малце да се испегла.Патем видовме кои беа врвните дострели на тој тим.И не знам што предвидувате апокалиптични сценарија, тимов малку му фали да се дотера и не се сомневам дека адекватно ќе се засилат.

ПС: Кое е тоа високо темпо на тотенхем, кога се посраа во Европа во буквална смисла на зборот додека играа ЛШ беа еден два бода пред нас и не беа нешто убедливи во играта...
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Ако Лингард не игра за клубот не знам кој друг игра, а најмалце Ибра.Може не е светска класа играч но секогаш давал 100%.Патем и не играше нешто многу сезонава ко Ибра и Погба на пример патем увек бил за рптација и играл против послаби противници.Ова што последниов период го ограат повеќе се должи на лошата фпрма на другите играчи и заморот.

Патем Фергусон колку ѕвезди имаше во било кој тим? :)
Лингард е школа на Велбек, колку и да се труди неговиот придонес ќе биде доволно добар само за клуб од рангот на фк шкендија. Од тоа трудење заглавивме во ваква ситуација каде бескичмењаци играа за клубот како Велбек, Клеверли и остала пациентела. Последнава реченица ти е незнам, не игра добро ради тоа што другите играат слабо .... напротив другите имаат чат пат слаби партии , а Лингард не играл ниту ќе игра добро. Лингард = Велбек, пациент без мозок, прв за правење глупости за курчење и за правење драми при прослави на гол, инстаграм видеа и остало ср.ње. Одвратно суштество, бљак, крило што во кариерата нема направено дриблинг ниту има поминато противнички играч !!!
п.с. платата на валенсија е 80.000 фунти неделно а овој дибеков ќе зима 100.000 фунти ... топ !!!!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom