Не му е прво вакво издание на Гарначо, дете е и е разбирливо. Го личи да греши, 20 години има.
Проблемот го гледам во друго место:
- Моментот што се форсира Гарначо пред Рашфорд на лево крило, а искрено не памтам да имал добри изаднија на лево крило, за разлика од десно.
- Се форсира Гарначо ко да е реинкарнација на Роналдо / Меси, поготово кога не е во форма.
- Гарначо очигледно е во лоша форма сезонава, изигра многу натпревари лани и на тие години, разбирливо е да не може да одржи форма на високо ниво цело време
- Очигледно не му се укажани некои работи што треба да ги корегира, едни од нив е и финишинг, други се напаѓачки акции и шеми
- Апропо на претходното, игра на инстинкт, што на дете е нормално да не му се јака страна.
Константното играње го реализира како фактор у тимот и аналогно на тоа се уважува и глуми ѕвезда. Порано имаше неколку инстанци кај што лајка постови (брат му дополнително вокализираше други) против Тен Хаг и начинот на водењето на тимот. Хипотетички утре ќе дојде некој квалитетен играч на крило, Рашфорд можда ќе крене форма, ќе седи ли на клупа Гарначо ? Или очекуваа од него да биде тој квалитетен играч ? Рипа некои скалила, а ги нема целосно заслужено. Јес да тимов е хаос, ама местото во први 11 треба да се заслужи.
Ова се проблеми од тренерска / менаџерска природа. ЕТХ тука згреши на повеќе инстанци, Руд продолжува со истата традиција.
Уште не ми е јасно како на тренинзи цела сезона не вежбаат напаѓачите финишинг, кога очигледно ни е најлоша страна сезонава.