Сакам да го кажеш твојот став за Класемиро ако сакаш те молам. Кај згреши тој и што е проблемот. Ама да го земеш сеопфатно уште првата сезона , елаборирај и карактер и се.
Mojoт став е дека клубот треба да купува млади играчи, во подем. Касемиро лани одлично си ја заврши работата, НО, годинава, а и наредните 3, ке имаш играч кој нема да може да игра на високо ниво, затоа што играње на високо ниво 10 години во Реал си го прави своето на телото.
Практично, дадовме 60 милиони фунти за играч кој има 30 години, му дадовме договор на 5 години, и го направивме трет најплатен играч во ПЛ, откако практично му ја дуплиравме платата што ја земаше во Реал. Клубот не учи од грешките што ги прават со стариве фудбалери. Сити во последните 5 преодни рока има купено 1 играч над 27 години, Ковачиќ, кој и не е стартер, и донесе двајца голмани на фри трансфер.
Јунајтед од друга страна, во последните 5 години, играчи над 27 години:
- Роналдо - 36
- Eванс - 35
- Кавани - 33
- Касемиро - 30
- Ериксен - 30
- Варан - 28
- Телес - 27
Тука не ги спомнувам позајмиците на Сабитцер, Дубравка, Вегхорст, Игало итн.
Не можеш да градиш тим околу Касемиро, затоа што за година две ке му падне газот, како и на сите што ке надминат 31 во ПЛ. Ретко кој може да се носи со тоа темпо по 30 години, затоа што се случува кај многу играчи да пропаднат во една сезона. Сити го купи Родри 2019-та, и веќе 5 години гради тим околу него, и ке извади уште 3-4 сезони од него сигурно. Нешто што е лудост да се обидеш да го правиш со играч со 30 години.
Среќа кај Касемиро е што најверојатно ке има кој да го собере од Саудиска.
Jeр потпишување на играчи е за пички