Најдобар меч сезонава, направија барем 10 100% шанси. Сепак пак лоша реализација. Во одбрана уште сме лоши. Од малку ни прават шанси. Она што ме радува денес е борбата, трчењето. Нешто налик на Њукасл против нас. Следната нека излезе со составот кој излезе на полувреме, Шо штопер Регилон лево. Немаме саглам штопер. Единствениот ни е повреден.
Околу дискусијата од минатите страни, за кавгите на менаџерот со играчите: ниту една критика кон било кој играч не беше не заслужена. Роналдо, Мегваер, Санчо, Варан па и сега со Рашфорд, особено со него. Варан ако мисли на стара слава ќе биде првотимец слободно нека фајќа патот. Од кога е дојден игра топло ладно а требаше да биде столбот во одбраната, најдобар. Башка повеќе е повреден од што е достапен за игра.
На Рашфорд му се случува веќе пречесто да влегува во ПМС, да не му се трча. Влезен е во некој филм дека е звезда а изгледа заборава дека нема ниту еден голем трофеј во кариера.