Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.839
Поени од реакции
1.314
90 минути дремеа, сега во продолжениево се раатрчаа. Нешто ептен не е во ред со тимов.

Sent from my SM-G991B using Tapatalk
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.994
Поени од реакции
10.323
Има решение, клоцање од тимот само нека дојде асален директор за фудбал.
ПС Рашфорд прв на листа па макар и златна топка нека освои у друг тим.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.804
Поени од реакции
44.115
Ме интересира кој е проблемот на Рашфорд, очигледно главата не му е на место. Веќе цела сезона само физички е присутен на теренот.

Овие другиве како Мектоминеј, Далот, Марсијал, Мегваер (денеска не беше лош, ама пак имаше бар 3-4 глупи потези) едноставно толку им е лимитот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.983
Поени од реакции
67.787
Тен Хаг мора да престане да игра играчи кои не се форма, или нема да дочека 2024 во Јунајтед. Рашфорд веќе пола година го враќа во форма, а овој очигледно не сака да биде на терен. Имаше милион дуели каде едноставно го пропушти противничкиот играч да го претрча, без реакција од клупата или некој соиграч. Како му остана МекТоминеј до крајот на мечот во игра, никогаш нема да ми биде јасно.

Премногу грешки, најмногу од тренерот. Го играш најдобриот лев бек во тимот на позиција на која имаш 2 играчи на клупа(Линделоф и Варан). Пази, место Шо да ти игра зад Гарначо, кој единствен се труди да направи нешто, го ставаш на позиција каде нема да има никаков учинок. Дало затоа ти игра лев бек, ем не знае позиционо да ја игра таа позиција, ем мора да се мести на десна да нафрли, застанувајки било каков моментум при напад. Плус и Регилон го имаш на клупа. Нормално, голот падна од таа страна.

Играчот кој го донесе од Фиорентина, и плати скапа позајмица му е на клупа, а му игра МекТоминеј кого сакаше да го продаде летово. Ентони му е на клупа за сметка на Рашфорд, кој има нула учинок. Како е можно да оставаш играч кој не се труди на терен, веќе со месеци. Упорно и упорно.

Проактивен тренер ке го внесеше Линделоф на местото на Дало, за да може Шо да иде на лев бек. И ке направеше измени на полувреме, Рашфорд, Марсијал и МекТоминеј аут. Чекаше да прими гол, и толку. Го бранев Тен Хаг досега, ама дур седи како мисир, а гледа дека противничките играчи, пред се, се трудат повеќе од неговите, нема зашто да завземам негова страна. Првото правило во фудбалот е дека мора да си по вреден од противникот. Инаку, никогаш нема да победиш.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
32.983
Поени од реакции
67.787
Ме интересира кој е проблемот на Рашфорд, очигледно главата не му е на место. Веќе цела сезона само физички е присутен на теренот.

Овие другиве како Мектоминеј, Далот, Марсијал, Мегваер (денеска не беше лош, ама пак имаше бар 3-4 глупи потези) едноставно толку им е лимитот.
Реално, ништо против тебе директно, ама реално, кур ме боли што му е. Не постои друг клуб во светот каде може играчи вака да пропаднат. А на Рашфорд ова не му е прва сезона вака да прави. Истото беше и со Рагник, тогаш и го бранев, демек ситна повреда имал, иако самиот одлучи да не се оперира, за да иде на Светско, каде изигра 7 минути, и го остави клубот на цедило. Може ти да имаш проблемот со тренерот, со девојката, со не знам кој, ама ако не сакаш да се залагаш, не ме интересира што ти се случува. Повеќе жар покажа кога ги фрли ракавиците на излегување, отколку целиот меч. Пази, нервозен што го извадиле. Да не беше тажно, ке беше смешно. Од друга страна, погледни го Гордон, Џоелингтон, Бруно, душа на терен оставија.

Еве, ке помине година две, и ке се вклучи PR машината, и ке испадне дека имал проблеми со депресија. Класика, исти кур како другар му Санчо. Он, Санчо и Марсијал. На 900.000 неделно, комбинирана плата.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
1.034
Поени од реакции
2.560
Антони одигра добра утакмица во Турција после подолго време и ти ко за награда на следна го оставаш на клупа за сметка на Рашфорд, кој и кога е во топ форма на десно крило е непродуктивен, а камо ли сега. Шо го играш на стопер покрај Варан (не знам кој проблем го има со човекот, ама ајде), ај ок, можеби имал замисла, на клупа го имаш Регилон кој се што одигра досега беше коректно, ама ти упорно го пикаш телето Далот на секоја позиција.
Епа еби се мајката и ти Тен Хаг, магаре едно тврдоглаво.
 
Член од
29 октомври 2023
Мислења
621
Поени од реакции
870
И Антони и Рашфорд се катастрофа ако сме реални, крило од 100м ако не може да помине играч и да биде закана за гол барем пет пати на натпревар,стај му пепел, има големи грешки и Тен Хаг изгледа сака да си замине од кои причини не знам ама ќе се искешира и ќе бега, по мене тоа е што некои работи не се исполнети спрема него и тоа во врска со трансфери, мислам дека на друг начин ја замислуваше играта самиот тој а нема играчи за тоа,заради тоа Антони не му профункционира ни Санчо оти требаше некој да ги врзи а не може Мектоминеј, Амрабат,па ни Бруно, ако додадеме дека Маунт не му се погоди тоа е, мислам дека сакаше Маунт да го користи како Тадич во Ајакс ама едноставно не му тргна оваа сезона, мислам дека е касно за да се игра веќе нешто,така да ќе игра survival mode, додека не му се вратат некои играчи под услов па други да не му се повредат.
Јас не знам што игра Мектоминеј, еве нека објасни некој невидлив е ,напаѓач? Полушпиц?
Што игра Далот како е стартер? Што гледа Ерик па да има доверба и лево да го става, те ако сме слепи слепи сме,ако не нека објасни.
И на крај прочитав изјава демек од ЕТХ: Јас не сум донесен да играм Ајакс бол туку да освојувам поени или да победувам нешто такво, човекот прави самоубиството за одстета и толку е таа.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
919
Поени од реакции
586
Од најголема мрза на терен низ годините, Марсијал успеаа да го престигнат Санчо и Рашфорд.

Моментално, Рашфорд е играч за после 60-та/70-та минута.
Пред да стави најмалку 5 голови на свое конто, нема што да бара во прв состав.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.994
Поени од реакции
10.323
Антони одигра добра утакмица во Турција после подолго време и ти ко за награда на следна го оставаш на клупа за сметка на Рашфорд, кој и кога е во топ форма на десно крило е непродуктивен, а камо ли сега. Шо го играш на стопер покрај Варан (не знам кој проблем го има со човекот, ама ајде), ај ок, можеби имал замисла, на клупа го имаш Регилон кој се што одигра досега беше коректно, ама ти упорно го пикаш телето Далот на секоја позиција.
Епа еби се мајката и ти Тен Хаг, магаре едно тврдоглаво.
Варан изгледа ги замрсил односите со менаџерот, уште пред напреварот со Сити имае шпекулации. Исто се збори и за Каземиро.
Автоматски споено мислење:

Од најголема мрза на терен низ годините, Марсијал успеаа да го престигнат Санчо и Рашфорд.

Моментално, Рашфорд е играч за после 60-та/70-та минута.
Пред да стави најмалку 5 голови на свое конто, нема што да бара во прв состав.
Царе и 20 гола да има ако продужи вака да се залага само проблем си чуваме во тимот.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
501
Поени од реакции
454
Дефинитивно му треба ресет на тимов со продавање на барем една од ѕвездите(Бруно, Рашфорд,Санчо итн), не било за џабе продавањето на Ферги на играчи во прајмот(Бекс,Ван Нистелрој), во сегашниов тим нашиве ѕвезди очигледно не можат ништо повеќе од ова. Очајнава игра прикажана повеќе пати сезонава не е вина на лимитираните играчи туку на тренерскиот тим кој ја поставува тактиката и на оние играчи што треба да водат, ниту еден тим од горниот дел на табелата не надигравме сезонава.

Варан изгледа ги замрсил односите со менаџерот, уште пред напреварот со Сити имае шпекулации. Исто се збори и за Каземиро.
Ниту еден играч што го имаме земано од Реал нема долгорочно успеано во Јунајтед (Овен, Ди марија, Варан -пречесто повреден, Касемиро- неможеме да очекуваме дека на 31 година ќе биде играч шо ќе изигра 60+ утамици во сезона и нормално е на таа возраст формата да му опаѓа). Уште Хазард и Бејл да ги вратиме од пензија фали.
По 10 години нервози кога си го гледаш омилениот тим сега порадо би гледал тим од млади играчи што барем ќе имаат некаква желба за победа па макар и да не освојат ништо наредните 5 сезони неголи ова што ги гледавме досега.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom