Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
31.653
Поени од реакции
40.889
Роналдо ќе му ја грее клупата на Марсијал.
Роналдо мислам дека и самиот се има помирено дека ќе биде опција од клупа сезонава.

Ќе добива можеби саат време против екипи како Борнмут и Форест, ама на вакви утакмици каде се бара висок интензитет доста му се 30тина минути.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.525
Поени од реакции
8.892
Мартинез и Ериксен практично без припреми и надвор од турнеата се поспремни физички од тие што почнаа први со припреми.
Касемиро од кога влезе се почувствува друга димензија во средината и поголема сигурност. Направи неколку грешки, но нормално е кога сеуште не е доволно вклопен и добро е што вака од клупа го внесува. Ериксен ми се свиѓа многу, доста смирен и точен во играта. И позицијата му е погодена, со Бруно како што ќе оди сезоната мислам дека ќе станат добар тандем.
Дефанзивно мислм Варан-Мартинез треба дабиде дуото и сакам да продолжи со Маласија лево. Шо, Мегваер и Линделоф нека стартуваат ЛЕ и куповите.
Ме загрижува форот. Санчо мора да работи на кондиција физички, Рашфорд мора да работи на концентрација. Рашфорд пропушти неколку добри ситуации поради лош прием на топка. Еланга имаше одлично прво полувреме. Енергичен во офанзива и дефанзива, доста топки украде и одлично учествуваше во градењето на акциите, но во второ падна. Ни фали енергичност по крилата и мислам дека Ентони ќе е пресвртницата во тој дел.

Се на се, задоволен сум како Тен Хаг реагираше после првите две кола.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.164
Поени од реакции
5.424
Од се ова голман првотимец треба да ни е на последно место, ЦД мора да се купува зашто Варан е стаклен а останатите опции да не ги коментирам подобро
Трансфер периодов според мене е очаен, купија ок играчи ама со купување требаше одамна да се заврши и веќе да беа уиграни играчите а не со фул состав послем десет кола ние да почнуваме
Десен бек не можам да сфатам како не купија па толку ли не можеа негде да ги увалат Далот и Бисака…
Не ги пишав по редослед, онака рандом. За голман ќе видиме, се прилагодува Ерик, последните 3 утакмици немаше толку игра со нога Де Геа после бламот со Брентфорд. За ЦД се согласувам, треба уште еден во ротација таму а Мегваер да си оди.
Солидни играчи, хмм. Па 5 од 6те што ги земавме ќе ни бидат првотимци. Лисандро, Маласија и Ериксен до сега ни се меѓу подобрите во тимот. За тоа дека требаше порано да се завршат трансферите, требаше, но колку тимови навремено се засилија?

Најголемо засилување ќе ни биде Ерик Тен Хаг.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
29.474
Поени од реакции
55.478

Meне ме радува фактот дека си ги увидува грешките, и ги корегира засега. Прво со Де Деа и играта со нога по двете утакмици на почетокот на сезоната, па седнувањето на клупа на Мегваер откако го остави капитен. Па не дозволи Роналдо да му кажува кога и колку да го игра.

Гледам и во тек на утакмица прави мали измени што носат резултат. Еланга го стави против трент, и бевме опасни по страна и дадовме гол. Против Саутемптон го префрли на десна страна, но во второ полувреме му кажа да влегува со топка внатре. Дадовме гол и направија убава шанса по 2 такви влеза. Денес едно време игравме 4-2-2-2 формација во второ, со што го уби налетот на Лестер и добија контрола на мечот.

Арсенал ке биде добар тест да видиме до каде сме, дали овие 3 меча се лажна зора, или сме свртеле нов лист. Се надевам дека ке ги видиме Касемиро од почеток, и Ентони во второ. Не верувам дека ке го стартува по само неколку тренинга. Големиот тест е што идат утакмици во наредните 3 месеци на секои 3-4 дена, па ке видиме како ке ги изменаџира повредите и ротациите.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.383
Поени од реакции
10.313
Мора да се плесне афронал викендов да им се дигне мотивација и да фатат чекор за понатаму.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
8.857
Поени од реакции
8.752
Не ги пишав по редослед, онака рандом. За голман ќе видиме, се прилагодува Ерик, последните 3 утакмици немаше толку игра со нога Де Геа после бламот со Брентфорд. За ЦД се согласувам, треба уште еден во ротација таму а Мегваер да си оди.
Солидни играчи, хмм. Па 5 од 6те што ги земавме ќе ни бидат првотимци. Лисандро, Маласија и Ериксен до сега ни се меѓу подобрите во тимот. За тоа дека требаше порано да се завршат трансферите, требаше, но колку тимови навремено се засилија?

Најголемо засилување ќе ни биде Ерик Тен Хаг.
Не мислев од пишаните туку општо треба да е последна позиција на која треба да мислиме за замена, имаме златен играч па може со тек на време ако се работи со него и играта со нога ке ја подобри ма да лично никад не сум бил фан на таа игра со голман па еден Сити кога ке ги притиснеле праеле киксови…
Раш пак со незамарање, вчера Бруно неколку пати истрча наместо него а овој лабаво си го гледаше
Санчо прв издиша вчера дали дека се идеше од таа страна не знам ама мора да среди кондиција, може со Антони сеа ке биде порастеретен па нема да се троши
 
Kajgana Shop

На врв Bottom